Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Кога ќе прашате некого колку езера има во Република Македонија, може да очекувате најразлични одговори: некој ќе каже само 3 мислејќи на големите котлински езера, друг пак ќе спомене бројка од 10-тина заедно со познатите вештачки езера или може да чуете 50, 60 или 80 езера.  Сепак, бројката е многу поголема, но точната можеби никогаш нема да биде прецизирана од едноставна причина што нема јасно разграничување меѓу езеро од една страна и локва, вир и слични мали водени басенчиња од друга страна. Во светотската литература како долна граница за тоа што треба да се смета за езеро се наведува водена површина од 1 па до дури над 40 хектари! Кај нас, во одредени случаи (пештерски, глацијални или други езера) како граница се земаат и многу помали вредности од околу 0,01 хектари што одговара на површина со димензии од 10х10 м.

Задоволството за поголемиот број на ловци – ловот на диви свињи – заврши во месец јануари. Крајот на сезоната февруари е за љубителите на лов на некои прелетни птици како што се шумската шљука (Scolopax rusticola) и големиот бекасин (Gallinago media). Ова се птици преселнички кои не се гнездат во нашата држава. Првото што треба да се знае за нив е дека шумската шљука е шумска птица, додека големата шљука е водна птица.

Шумска шљука или како што понекогаш го нарекуваат куконоска поради нејзиниот 7-8 см долг клун, ги населува густите планински шуми и местата со влажни почви, обраснати со папрат, како и сечиштата. Тежи околу 300-400 гр. Се гнезди на земјата, под некое паднато дрво, во пенушка или во грмушки.


Состојки:

800гр. филе од вепар

2 гранчиња свежа или 2 лажици сува жалфија

1 лажица сенф

1дл. бело вино

2дл. павлака за готвење

1 лажица маст

сол

бибер

Иако ловечките друштва и концесионерите на ловиштата најчесто во зависност од личнот вкус и стандард избираат ловечка униформа и ознаки на неа, сепак изгледот, односно бојата и кројот на нивната униформа се пропишани со Правилник издаден од Министерството за земјоделство, шумарство  и водостопанство. Со овој правилник е дефинирано како треба да изгледа летната и зимската униформа и со каков состав да бидат истите.

Покрај тоа, со истиот Правилник дефинирани се и изгледот и големината на ознаките кои треба да бидат истакнати на видно место на униформата, содржината на образецот на легитимацијата, како и видот на службеното оружје на ловочуварот. За концесионерите на ловиштата исклучително значајно е да се применува овој Правилник, бидејќи согласно Законот за ловството член 78 став 4 - концесионерот на дивечот во ловиштето или друго правно лице ќе биде казнето со глоба од 3.000 до 5.000 евра доколку дозволи ловочуварот да си ја врши службата без униформа, без оружје или легитимација.

 

Сур орел или златниот орел (науч. Aquila chrysaetos) е една од најголемите дневни грабливи птици. Тој е застапен и во нашата држава, во која согласно Законот за ловството е трајно забранет неговиот лов.

Срната е природно застапена во нашата држава и се сретнува во сите ловишта за крупен дивеч и во дел од ловиштата за ситен дивеч. Таа до пред извесно време кај нас беше трајно заштитен дивеч, но поради значителното подобрување на нејзината бројност од неодамна е вид на дивеч заштитен со ловостој.

Како главен трофеј кај срнскиот дивеч е роговјето кое го има само срндакот, а како споредни трофеи се кожата, папците, препарираната глава и други делови од телото. Вредноста на срндаците се утврдува врз основа на квалитетот на нивното роговје, односно врз основа на бројот на поени освоени преку вреднување на одредени нивни карактеристики.

Пред 10 дена е објавен повикот за давање под концесија на 39 ловиштата во ловните региони Македонски Брод, Берово, Прилеп, Тетово, Велес, Свети Николе, Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани и истиот ќе трае се до 17 март.

Од нив 26 се ловишта за сите дивеч, додека 13 за крупен дивеч. Јавниот повик е отворен за сите стопански објекти, а концесионерите ќе се одберат по пат на електронска аукција.

Ловиштето “Мартолци“ се наоѓа во централниот дел од нашата држава и припаѓа на Средно – Вардарското ловностопанско подрачје - ловниот реон Велес. Тоа е ловиште за ситен дивеч кое се простира на површина од околу 7.780 ха.

Иако овој дел од нашата држава изобилува со убави предели и природа, со ловишта богати со дива свиња и во дел од кои може да се лови и дивокоза, сепак ова едноставно ловиште е она со кое може да се пофалат и гордеат жителите од регионот на Извор и Богомила.

Ова наизглед обично ловиште, благодарение на инвестициите и големиот труд на новиот концесионер “Ловечко друштво Сурда-Вахо“ од село Оморани, прерасна во највредното ловиште во овој ловен реон. Повеќето новоизградени ловнотехнички и ловностопански објекти, ова просечно ловиште го вброи во редот на ловиштата за пример, во кои има што да се види и научи. 

Weather

Mostly cloudy

23°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 88%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Sunday
Partly cloudy
18°C / 30°C
Monday
Scattered thunderstorms
19°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C
Wednesday
Mostly sunny
15°C / 31°C

Translator

Visitors Counter

779121
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
429
517
2671
10927
779121

Your IP: 54.198.195.11
Server Time: 2018-08-18 18:47:02
Web Analytics