Ловџиите повторно се докажаа дека грижата на дивечот им е најважна
Written by Super User Published in: РазноПо којзнае кој пат ловџиите со своите постапки докажаа дека одгледувањето, заштитата и грижата на дивечот им е најважна. Тие не само што го заштитуваат дивечот преку своите ловочуварски служби, се грижат за неговот здравје и во текот на зимските месеци вршат прихрана со храна и минерални материи, го населуваат, го размножуваат и го интродуцираат дивечот, деновиве докажаа и дека го спасуваат од разни опасни ситуации по неговиот живот.
Ловџиите и ловечките друштва често се жалат за негативното влијание на шумските пожари врз бројноста на дивечот во деловите од ловиштата кои биле опожарени. Иако во научните кругови во светот постојат поделени мислења за тоа дали шумските пожари имаат негативно влијание или се од полза за дивите животни, во недосататок на соодветни научни истражувања за условите во нашата држава, како одреден показател може да се земе искуството на ловџиите кои се сведоци дека треба да помине подолг временски период за дивечот повторно да се врати во опожарените површини и да се нормализира неговата бројност.
Во нашата држава кризата со дрва си го направи своето, па граѓаните се принудени него да плаќаат по исклучително високи цени. Постојат одредени сомнежи дека таа криза е вештачки наметната, за поединци да “печалат“ во разликата во цена помеѓу складовите на ЈП “Македонски шуми“ и приватните складови. За каков бизнис станува збор укажува фактот што според одредени извори на годишно ниво за потребите на граѓаните кои се греат со дрва потребни се и до 1,2 милиони m³ огревно дрво. Но граѓаните не само што се “пљачкаат“ со напумпаните цени на огревното дрво, туку масовно и редовно се крадат и преку испорака на помала количина на огревно дрво одколку платената.
Крај на ловостојот за дива свиња, дивокоза и срната
Posted by Msc Goce Nikolovski Published in: РазноПрви октомври е датум кој за голем број наши ловџии е своевиден празник на ловот. На овој датум се пушта ловот за повеќе видови на атрактивен ловен дивеч за голем дел од нашите ловџии, кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе можат да ги задоволат своите ловечки страсти за лов на дива свиња, но и за дивокоза и срна.
Во Република Македонија процедирата за набавка на ловечко оружје е регулирана со Законот за оружје донесен во 2005 година, кој до сега има претпрпено 10 измени и дополнувања. Со него се дефинирани термините поврзани во врска со оружјето, видовите оружје, неговите делови, процедурите за набавка на оружје и сл.
Согласно овој Закон, набавка на ловечко оружје, делови на оружјето или муниција може да се изврши само врз основа на одобрение за набавување на оружје, одобрение за набавување на делови на оружје или одобрение за набавување на муниција, кои важат шест месеци од денот на издавањето на одобрението.
Убава вест пристигна од Министерствто за земјоделство, шумарство и водостопанство, за повлекување на Забраната за ловење на диви птици донесена на 31.01.2017 година. Со тоа од 27.02.2017 година нашите ловџии на целата територија на Република Македонија повторно можат да ловат диви птици, под одредени услови кои овозможуваат зголемена превенција од појава и ширење на болеста.
Дивечот се почесто пустоши по земјоделските посеви во Република Македонија
Posted by Msc Goce Nikolovski Published in: РазноВо последниот период се почесто земјоделците од сите краеви на Македонија алармираат и се жалат на штети причинети од дивеч. Причинители на овие штети воглавном се мечките и дивите свињи, чија бројност во последниот период е значително зголемена. Секако дека е добро што после толку години нивната бројност е зголемена, но како резултат на експанзијата на бројноста на дивата свиња таа се почесто се симнува во полињата и поради непревземањето на мерки за заштита од штети од дивеч, по нивите причинува штети врз посевите.
Ограден простор за одгледување на дивеч во ловиштето, да или не ?
Posted by Msc Goce Nikolovski Published in: РазноВо последниве 10-ина години во нашата држава има експанзија на изградба на оградени простори за интензивно одгледување на дивеч, т.н. одгледувалишта за крупен дивеч. Благодарение на зголемувањето на атрактивноста на ловството, влезот на поимотни ловни ентузијасти во ловството и наметнувањето на оваа обврска со развојните програми, се подигнуваа одгледувалишта низ целата држава.