Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ако се познава по утрото денот и оваа година ќе биде успешна за нашите ловџии, а на дивите свињи “црно им било пишано“. Во повеќе делови од државата веќе се уловија “капиталци“ од дива свиња, па ловџиите може да се пофалат со својот улов.

За жал во нашата држава се случи уште еден несреќен случај при лов. Вчера на 23 октомври околу 15  часот, на излез од селото Кривогаштани кон селото Крушеани прилепско, 28-годишната В.П. од Прилеп, додека извршувала земјоделски работи во својата нива, се здобила со повреда од огнено ловечко оружје во пределот на вратот.

Помалку комична случка се случила во малиот град Ајде во Северна Германија, кој бил под опсада во текот на неколку часа. Прочина за ова биле два агресивни веприкои беснееле низ центарот на градот, при што биле повредени четири лица, јави ДПА.

Веќе извесен период предупредувам на опасноста од појавата на свинска чума, која може да ја десеткува бројност на дивите свињи во нашата држава. Голема експанзија на нејзината бројност, нејзината голема густина и недоволната ветеринарна заштита особено во оградените ловишта, се добра причина за да бидеме загрижени од опасноста од појава на некое вакво заболување и негово брзо ширење. Општо познати се законите на природата според кои, во услови кога одреден вид се пренамножува, природата ќе си најде механизам за да ја регулира неговата бројност.

Полска планира да изгради 729-километарска ограда на границата со Украина и Белорусија, за да запре приливот на диви свињи од двете страни, за кои се смета дека пренесуваат Африканска чума. Според Министерството за земјоделство, објектот ќе чини скоро 24 милиони евра.

За жал, ловот е исполнет со големи опасности, кои често може да бидат кобни по самите ловџии. Бидејќи ловот се изведува со огнено оружје, потребно е да се превземат максимални мерки за безбедност, па секое и најмало невнимание може да предизвика опасност по животите на самите учесници во ловот, како и на случајните минувачи или луѓето кои работат во околните ниви.

Нашите ловџии, согласно Законот за оружје при набавка на ловечко оружје потребно за е да обезбедат одредени документи. Голем број на ловџии се судруваат проблеми бидејќи не знаат какви документи им се потребни, па губат време и нерви од еден до друг шалтер. За да можете со време да ги обезбедите документи за набака на ловечко оружје, во продолжение можете да се запознаете со тоа какви документи се потребни за оваа намена.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на средбата со пехчевските ловџии изјави дека ќе биде поедноставена постапката за полагање на ловечкиот испит и дека Законот за ловството ќе претрпи одредени измени. Тој истакна дека измените на законот кои се дел од ветувањето во владината програма се во процедура и дека поради предизборниот период се очекува истите да се донесат следниот месец, додека првото полагање на ловечкиот испит да отпочне од декември или јануари следната година. Со тоа, ќе се врати досегашниот начин на полагање на ловечкиот испит, а досегашното полагање по електронски пат што беше прилично комплицирано и со одредени дополнителни трошоци за кандидатите, ќе биде укинато.

Weather

Cloudy

15°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 57%
Wind: E at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698313
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
136
544
680
15857
698313

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:30:10
Web Analytics