Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

 

Развојот на ловниот туризам е целта на потпишување на Меморандум за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ловните федерации од регионот. Кон крајот на минатата година Договорот го потпишаа министерот Љупчо Димовски и претседателите на ловните федерации, кои присуствуваа на состанокот во месноста Селиште кое се наоѓа во ловиштето “Јасен“.

Кај месноста “Ореов Дол“ меѓу селата Вепрчани и Дуње во Прилеп, педесет и двегодишниот Ж.В. од Прилеп, додека бил на лов, му паднала пушката и при удар од земја испукала една сачма, која го погодила во левата рака (дланка).

Ловџијата е пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде му е констатирана тешка телесна повреда и е препратен во Клинички центар Скопје. За настанот е известено Јаното обвинителство.

 

Која е врската помеѓу климата и финансиската страна на животот? Излегува дека се – дивите свињи. Минатата година осигурителните компании во Германија на возачите чии автомобили настрадале при судир со диви животни им исплатиле рекордни суми од дури 583 милиони евра! Дивите животни периодично се удирани од автомобилите. Но бројот на овие случаи драстично се зголемил.

 

Лицето на ловот се менува. Во последната деценија се повеќе жени и се приклучуваат на ловечката заедница во Европа и земаат активно учество во заштитата на дивечот, се грижат за одржливиот лов и вистинската врска со природата. Навистина е невообичаена и симпатична глетката на жена во ловечка облека и со пушка на рамо како се движи низ ловиштето. Но судејќи според трендот кој владее во европските држави се повеќе ќе се навикнуваме на ваквите призори, па ловот повеќе нема да биде “привилегија“ само на машката популација.

 

 

Фото серијата на Сабине Перлман насловена како “куршуми“ привлече големо внимание. Таа фотографиите ги направила минатиот октомври во бункер од втората светска војна, каде фотографирала куршуми пресечени на половина. Перлман фотографирала вкупно 900 пресеци на куршуми, со што ја документирала комплексноста и убавината која лежи под површината на чаурата.


Кратката цевка сама по себе на подразбира и паѓање на прецизноста и употребливоста на ловните карабини на поголеми далечини. Далеку поголемо влијание има прецизноста на обработката на устата на цевката и квалитетот на самото оружје

Тоа е чисто ловечко куче, познато во оштровлакнеста и кратковалнеста варијанта. Има сплесната глава, која помеѓу ушите е поширока како и кај фокстериерот. Муцката му е силна, лицето му е изразено. Муцката ми е црна, а ако  е доминантна кафејавата боја, може да биде и кафејава. Очите му се со сериозен и внимателен изглед. Ушите му имаат форма на биквата “V“, во долниот дел се навалени нанапред и прилично се големи. Грбот му е силен и рамен, иако не така кратки како кај фокстериерот. Опашот му е краток и силен. Влакната му се рамни, дебели, тврди и долги. Кај кратковлакнестиот ловен териер е цврста и дебела. Бојата му е црна, црно-сива ил икафејава со светли белези, (на сликата е црна со кафејави пеги). Висината му е до 40 см, тежината до 10 кг. Тоа е германска раса која е создадена со вкрстување на различни англиски кратковлакнести и островлакнести териери, а започнато е со стариот англиски “brokenhair “ териер.

Артемида (Грч. Артемис. Лат. Диана - ќерка на Зевс и титанката Лете, божица на ловот и животните, кралица на природата и божица на месецот) била сестра на богот на светлото и сонцето Аполон и според најстарите кажувања се родила на островот Делос. Нејзината мајка Лета нашла тука скривалиште од змејот Питон, кој ја прогонувал по целиот свет да ја убие по заповед на љубоморната зевсова жена Хера. Делос во тоа време било пловечко острово кое го носеле морските струји и го вртеле морските вртлози, но штом на него стапнала Лета, од морското дно се издигнале две карпи и му го заградиле патот, како и на Питон. Тука, во гората Кинт, Лета родила близнаци Артемида и Аполон. Според друга верзија, ги родила во шумата Ортигија во Ефес. Во неговата близина грците го подигнале храмот на Артемида, кој станал едно од “седумте светки чуда”. 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861077
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
161
674
1447
8428
861077

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:00:32
Web Analytics