Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Оштетен ценовник за дивеч

Posted by  Published in: Закони и правилници

 Претпоставувам дека многу ловци во нашата држава не се запознаени со оштетниот Ценовник за висината на надоместокот на штетата нанесена на дивеч со бесправен лов или на друг начин. Секој кој ќе се реши на ваков чекор треба да е спремен да издвои голема сума на пари за оштета, кои согласно член 71 став 1 од Законот за ловството се должни штетата да му ја надомести на концесионерот на дивечот во ловиштето.

 Се надевам дека оваа статија ќе биде придонес за намалување на нелегалниот лов, бидејќи доколку несовесните ловци се запознени со висината на штетите (дополнителни се казните според Законот за ловството), убаво ќе размислат дали се исплаќа ризикот бесправно да ловат. Сите ќе се сложат дека не мала работа во денешно време од семејниот буџет да се одвојат на пример 3.000 евра за надомест од штета за бесправно застрелана дива свиња (нерез), 5.000 евра за срндак, дури 18.000 евра за мечка или фантастични 30.000 евра за рис што е околу 90 просечни плати.

Со овој оштетен ценовник не се опфатени само несовесните ловци, туку и останатите лица кои со свои дејствија ќе му нанесат штета на дивечот и преку труење, собирање и уништување јајца од дивеч, уништување со стапици, со палење на стрништа и сл.

За крај како совет, би било убаво ловците пред да тргнат на лов да се потрудат на време да ги набават потребните дозволи, со што нема да се изложуваат на ризик од големи непријатности.

 

 

 

Ц Е Н О В Н И К

ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОТ НА ШТЕТАТА НАНЕСЕНА НА ДИВЕЧОТ СО БЕСПРАВЕН ЛОВ

ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН

 

 

Член 1

 

Со овој ценовник се утврдува висината на надоместот на штетата нанесена на дивечот со бесправен лов или на друг начин.

 

Член 2

 

Висината на надоместот на штетата на дивечот со бесправен лов или на друг начин е изразена во евра во денарска против вредност и изнесува:

 

 

1

мечка машка и женска стара преку 2 години

18.000

евра

2

мече со старост до 2 години

5.000

евра

3

срндак

5.000

евра

4

срна

2.500

евра

5

мало срнче со старост до 1 година

1.000

евра

6

рис

30.000

евра

7

видра

2.000

евра

8

чакал

3.000

евра

9

верверица

100

евра

10

полв

50

евра

11

стоболка

50

евра

12

зајак

400

евра

13

јазовец

100

евра

14

дива мачка

100

евра

15

обичен елен

12.000

евра

16

еленка кошута

6.000

евра

17

еленче од една година старост

3.000

евра

18

елен лопатар

8.000

евра

19

кошута еленка лопатар

4.000

евра

20

еленче лопатар до една година старост

3.000

евра

21

муфлон машки

7.000

евра

22

муфлон женски

3.500

евра

23

јагне од муфлон до една година старост

2.000

евра

24

дивокоза

7.000

евра

25

дивојарец

7.000

евра

26

jape до една година старост

2.000

евра

27

дива свиња (нерез)

3.000

евра

28

дива свиња (женка)

1.500

евра

29

диво прасе до една година старост

500

евра

30

голема дропла

500

евра

31

мала дропла

250

евра

32

морски гуски

200

евра

33

морска утва

100

евра

34

жолтоклун лебед

1.000

евра

35

нем лебед

1.000

евра

36

прдавец

100

евра

37

бел штрк

1.000

евра

38

црн штрк

1.000

евра

39

блескав или цри ибис

100

евра

40

чапја (црвена, бела, мала бела, жолта и ноќна)

200

евра

41

мал воден бик

200

евра

42

воден бик

200

евра

43

розов пеликан

500

евра

44

кадрав пеликан

500

евра

45

нуркач (голем обичен и мал)

200

евра

46

мал корморан

50

евра

47

сив жерав

500

евра

48

обичен галеб

100

евра

49

мал галеб

100

евра

50

блатно коковче

50

евра

51

зелено коковче

50

евра

52

калуѓерка

50

евра

53

чурулин

50

евра

54

сив сокол

500

евра

55

сокол остриж

500

евра

56

јужен сокол

500

евра

57

мал сокол

500

евра

58

ветрушка (црнонокта, белонокта и црвенонога)

250

евра

59

кусопрст јастреб

250

евра

60

јастреб врапчар

250

евра

61

обичен глувчар

500

евра

62

лисест глувчар

500

евра

63

гаќест глувчар

500

евра

64

глувчар осаш

500

евра

65

еја (мочуришна, ливадарка и полска)

400

евра

66

луња (рѓеста и црна)

400

евра

67

сур орел

1.000

евра

68

орел крстач

800

евра

69

орел клокташ

800

евра

70

џуџест орел

800

евра

71

орел рибар

800

евра

72

белоопашест орел

800

евра

73

орел змијар

800

евра

74

бел мршојадец

3.000

евра

75

белоглав мршојадец

3.000

евра

76

црн мршојадец

3.000

евра

77

брадест мршојадец

3.000

евра

78

голем ушест був

200

евра

79

шумски ушест був

200

евра

80

мочуришен був

200

евра

81

ќук

200

евра

82

кукумјавка

200

евра

83

шумски був

200

евра

84

кукувија

200

евра

85

гавран

50

евра

86

модра чавка

50

евра

87

црвеноклуна галица

100

евра

88

галица чолица

100

евра

89

златна сариасма

100

евра

90

сојка

25

евра

91

полска еребица

200

евра

92

пиле од полска еребица

50

евра

93

јајца од полска еребица

25

евра

94

еребица камењарка

300

евра

95

пиле од еребица камењарка

100

евра

96

јајце од еребица камењарка

50

евра

97

лештарка

100

евра

98

пиле од лештарка

50

евра

99

јајце од лештарка

25

евра

100

фазан

100

евра

101

пиле од фазан

50

евра

102

јајце од фазан

25

евра

103

потполошка

50

евра

104

гулаб (гривнеж, дупкар и пештерник)

30

евра

105

грлица

30

евра

106

гугутка

30

евра

107

шљука (шумска и барска)

50

евра

108

голем и мал бекасин

20

евра

109

гуска (дива, белочелна, лисеста и глоговница)

100

евра

110

пајки (дива или глувара, берија или крѓа, ластарка или  калкурук,   пупчаница,   лажичарка,  белоока њорка, свирач, сива, превез)

50

евра

111

црвеноглава и цуцулеста њорка

50

евра

112

лиска

100

евра

113

пиле од лиска до 10 недели старост

50

евра

114

јајце од лиска

25

евра

 

 

Член 3

 

Со денот на влегувањето во сила на овој ценовник престанува да важи Ценовникот за висината на надоместот на штетата нанесена на дивечот со бесправен лов или на друг начин („Службен весник на Република Македонија" бр. 16/97).

 

Член 4

 

Овој ценовник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

 

Бр. 09-14805/1                                                  Министер за земјоделство,

16 ноември 2009 година                                       шумарство и водостопанство,

                                                                           Скопје Љупчо Димовски, с.р.


 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861078
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
162
674
1448
8429
861078

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:00:36
Web Analytics