Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ќе се востановуваат ловишта во националните паркови

Posted by  Published in: Закони и правилници

 Востановување ловишта со посебна намена во националните паркови низ државата, предвидуваат најновите измени на Законот за ловство што ги достави Владата на Република Македонија до собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Согласно измените, како што образложи заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, ловиштата во националните паркови ќе се даваат на управување на правни лица во период од 10 години.

  - Првпат ќе се воспостави нова категорија ловишта, во националните паркови, наменети за спроведување посебни мерки на стопанисување со дивечот за негово зачувување. Целта е привлекување повеќе посетители и развој на ловниот туризам, истакна Коњановски.

Саве Марачков од СДСМ ги поддржа измените, но откако претходно оцени дека состојбата со ловството во Македонија е, како што рече, катастрофална. Тој праша зошто во последната 1,5 година не е објавен ниту еден оглас за јавно, електронско давање под концесија на ловиштата кои немаат концесионери или на кои концесијата им е истечена.

- Законот за ловство, откако е донесен, се менува повеќе пати и наместо да биде поедноставен, се усложнува, посочи Марачков и сугерираше, пред воопшто да се предложат какви било измени, неопходно е консултирање со експертите како и организирање јавни расправи.

На тоа реагираше заменик министерот, нагласувајќи дека воопшто не е битно колку пати се менува законското решение, важно е, рече, да биде во функција на тие што го користат. Огромен број од ловиштата, додаде Коњановски, беа доделени под концесија пред да се донесат последните законски измени кои обврзуваат на електронско, јавно доделување концесии.

- Кога ќе се раскине договорот заради одредени непочитувања на концесионерот или ако истече некоја ловна основа, ќе го примениме новото решение. Воедно, ако некој понуди подобри услови и подобра цена, ако покаже дека има подобра визија, тој ќе стопанисува со ловиштата, а на дотогашните концесионери ќе им заблагодариме, нагласи Коњановски.

Во расправата се вклучи и Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија, укажувајќи дека за ловиштата во периодот кога не се дадени под концесија, се грижи државата. Станковиќ му порача на Марачков да не ја злоупотребува дебатата за формирање погрешна претстава кај граѓаните.

- Ако го прочитате Законот ќе видите дека грижата за ловиштето кога не е под концесија ја презема државата со сите механизми. Секое ловиште е општо добро и на него, освен концесионерите подеднакво право има секој граѓанин, рече Станковиќ.

Во Македонија има преку 270 ловишта. Моментно, околу осум од нив не се под концесија.

Иницијативата за востановување на новите ловишта на териториите на националните паркови доаѓа токму од нивните раководства, кои планираат со дивечот да стопанисуваат по примерот на ЈПУЗПП “Јасен“. Тие со ова сакаат во националните паркови да ги искористат можностите кои ги нуди ловниот туризам кој како високо профитабилна дејност се повеќе зема замав на глобално ниво. Судејќи според природните убавини, стручниот кадар, добрата инфраструктура и добрата опременост, нема сомнеж дека имаат голем број на содржини што можат да им ги понудат на богатите ловни туристи.

Владата за да им удоволи на нивните барања под итна постапка планира да изврши востановување на ловиштата. Дилемата беше дали новите ловишта да имаат карактер на комерцијални ловишта, но по консултации со стручни лица решено е тие да бидат со посебна намена и по пат на договор да им се нудат на националните паркови во чии граници се наоѓаат.

Од оваа одлука ќе имаат полза не само националните паркови и државата, туку и дивечот, бидејќи за ловиштата ќе се изработуваат плански документи во кои ќе бидат предвидени посебни одгледно-заштитни мерки за дивечот во националните паркови.

 

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861093
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
177
674
1463
8444
861093

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:07:58
Web Analytics