Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ќе се менува Законот за ловството

Posted by  Published in: Закони и правилници

 Предлог-Законот за измената и дополнувањето на Законот за ловството има за цел да го доуреди начинот на доделување на концесија на дивечот во ловиштата во Република Македонија. Преку ова измена и дополнување ќе се овоможи воведување на електронска аукција како финална фаза на спроведување на јавен повик, а со тоа и позитивно јавно наддавање на максималниот понуден износ е понуден на јавното отварање при спроведување на јавниот повик (највисисок понуден износ на концесискиот надоместок од страна на подобните понудувачи). Со тоа, ќе се обезбедат дополнителни приходи за Буџетот на Република Македониja по основ надоместок за концесија на добро од општ интерес-дивечот.

 Дополнително, ова измена и дополнување предвидува и мала технички корекции, поради усогласување на терминологија употребена во овој закон т.е. во други членови од постоечкиот закон како и со терминологијата од Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Ќе се овоможи воведување на електронска аукција како финална постапка/фаза на спроведување на јавен повик, а со тоа и позитивно јавно наддавање на концесискиот надоместок со што ќе се обезбедат дополнителни приходи за Буџетот на Република Македонија.

Исто така, се предлагаат одредби кои ќе ја доуредат постапката за полагање на ловечки испит, со кој ќе се воведе нов начин на полагање, кој ќе претставува придобивка како за надлежниот орган кој ја спроведува постака, така и за заинтересираните граѓани кои треба да полагаат ловечки испит. Согласно член 57 од Законот за ловството (кој во моментот е во сила), дивеч може да се лови со претходна дозвола издадена од концесионерот на дивечот во ловиштето. Дозвола за ловење на дивеч може да се издаде на лице кое има положено ловечки испит.


Измени кои се однесуваат за концесионерите


Процедурата за избор на концесионер ќе се состои од две фази. Во првата фаза заинтересираните субјекти ќе треба да достават понуда со вклучена вредност која ќе биде поголема од минималниот 10 годишен концесиски надомест утврден согласно Посебната ловностопанска основа. После тоа, комисија составена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе изрши евалуација на способноста на понудувачите согласно со условите и критериумите од тендерската документација.

Врз основа на извршената евалуација, сите понудувачи кои доставиле прифатливи понуди ќе бидат поканети да учествуваат во втората фаза, односно преку електронската аукција да достават нови цени повисоки од највисокиот износ понуден од страна на прифатените понудувачи во првата фаза. Висината на минималниот чекор на зголемување на вредноста по ловиште ќе изнесува 5% од почетната цена.

Електронската аукција продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда. Тоа значи дека иако истекло предвиденото време за времетраење на електронската аукција, доколку некој доставил понуда во “последна секунда“ ќе се овозмозможи фер наддавање преку дополнителни две минути за доставување на нови понуди.

Како најповолен понудувач ќе се смета учесникот кој понудил последна и воедно највисока цена при електронската аукција. Постигнатиот износ од електронската аукција, концесионерот ќе ги исплаќа на десет еднакви годишни рати.


Измени кои се однесуваат за ловците


Голем дел од измените се однесуваат на начинот на полагање на ловечкиот испит. Според одредени коментари, ловечкиот испит ќе биде по принципот на полагање на правосуден испит (согласно Законот за правосуден испит кој се наоѓа во собраниска процедура) или со други зборови, ловечкиот испит ќе се доведе на ниво на полагање на адвокатски испит. Лично мислење е дека со надополнувањата малку ќе се усложни самиот процес на проверката на потребното стручно знаење од областа на ловството, но од друга страна ќе се овозможи пореално оценување и ловците кои ќе го положат испитот ќе бидат со поголеми познавања од ловството.

Интересна новина ќе биде снимањето на полагањето на ловечкиот испит и емитувањето во живо на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со тоа идните ловци ќе имаат прилика да бидат ѕвезди во едно ново реалити шоу под наслов “полагање ловечки испит“, што може да има големо влијание врз ловците со неоткриени актерски способности (мала шега). 

Испитот ќе се состои како и до сега од два дела. Полагањето на првиот дел од ловечкиот испит ќе се врши за секоја соодветна област со одговарање на определен број на прашања во вид на решавање електронски тест на компјутер. За секое прашање во овод дел ќе бидат дадени по 5 можни одговори од кои само еден точен кој ќе треба да се одговори со заокружување.

Втриот дел ќе се врши со проучување на практичниот пример и одговарање на определен број прашања кои произлегуваат од практичниот пример, во вид на софтверско решение. Во овој дел за секое прашање ќе бидат дадени по 10 можни одговори од кои само еден ќе биде точен кој ќе треба да се одговори со негово заокружување.

Останатите надополнувања на Законот за ловството кои се однесуваат на полагањето на ловечкиот испит се дообјаснување на процедурата за пријавување и начин на спроведување на постапката за полагање.



Weather

Mostly cloudy

26°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 50%
Wind: W at 11.27 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741636
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
658
673
5143
11622
741636

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:42:34
Web Analytics