Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ловството

Posted by  Published in: Закони и правилници

Конечно дојде и тој долго очекуван момент кога ќе влезат во процедура новите измени и дополнувања на Законот за ловството. Првичен впечаток е дека овие измени и дополнувања се насочени кон подобрување на условите за развој на ловниот туризам, но има и одредби кои се во полза на ловците како што е враќање на старата форма на полагање на ловечки испит.

Мислам дека со него има интересни новини, но и простор за вметнување и други дополнувања. На пример, мое мислење е дека оградените ловишта за интензивно одгледување и застрел на дивечот би требало да се издвојат како посебна категорија и наместо на 10 или 20 години (во пакет со отворените ловишта), да се даваат на користење на подолг период, па зашто не и до 50 години. Тие се сериозни проекти за чиј повраток на вложеното и рентабилност потребен е подолг временски период. Можеби би можеле да се дефинираат и како “приватни ловишта“, бидејќи дивечот во нив се третира како приватен, иако таква категорија (приватен дивеч) не постои во Законот за ловството.

Исто така, на Ловечката федерација би можело да и се даде поголема моќ, бидејќи таа треба да ги брани интересите на ловците и концесионерите и да не преставува на меѓународно поле. Така на пример, по примерот на Риболовната федерација, сите ловци задолжително да треба да бидат членови и на Ловечката федерација. Дури би можело да се размисли и воведување на обврска сите странски ловни туристи за изнесување на ловечки трофеи да треба да добијат дозвола од оваа федерација, со што би се подобрила евиденцијата на изнесувањето на ловните трофеи од државата, но и нејзиното финансирање.

Сепак нема многу да коментирам, туку ќе оставам ловците да си го дадат своето мислење и да дадат свои предлози.

Бидејќи секогаш се залагав за транспарентност при донесување на законите, во продолжение сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со Предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за ловството, за поактивно да се вклучат во целата процедура.

 

 

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОВСТВОТО

 

Член 1

Во Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија" број 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 и 193/15), во членот 3 став (1) точката 7 се менува и гласи:

„7. Ловно-технички објекти и ловно-стопанки објекти се објекти кои служат за одгледување. заштита и користење на диеечот и се засолништа за дивеч, поила, калишта, хранилишта, складишта за храна, солишта, ловки, чеки, набљудувачници за дивеч, нај различни типови на огради и објекти за сместување и престој на ловци (ловечки куќи од различни категории)".

По точката 19 се додаваат шест нови точки 20, 21, 22, 23, 24 и 25 кои гласат:

„20. Ограда за обука на ловечки кучиња-гоничи на дива свиња, преставува ограден дел во ловиштето, определен во ловностопанската основа за секое конкретно ловиште на кое се изведува обука на ловечките кучиња-гоничи на дива свиња;

21. Полигон за лов на дивеч е посебно уредена ловна површина во ловиште, определена во ловностопанската основа за секое конкретно ловиште, наменета за лов на ситен дивеч од вештачко производство;

22. Фарма за дивеч е оградена простор за одгледување на дивеч и се формира со намена исклучиво заради производство на месо од дивеч;

23. Ловечки кучиња се кучиња од сите ловечки раси кои се користат во ловењето на дивечот;

24. Санитарен отстрел на дивеч е застрел на повредени и болни единки на дивеч, отстрел поради сомнение на појава и спречување на појава за ширење на заразни болести кај дивечот;

25. Статус на ловец преставува потврда со која со соодветен документ-легитимација се потврдува право на физичко лице да извршува ловење на дивеч.".

 

Член 2

Во членот 5 став 1 по точката 133 се додаваат три нови точки 134, 135 и 136 кои гласат:

„134)   полска чучурлига                                       (Alauda arvensis)

 135)   имелов дрозд                                             (Turdus viscivorius) и

 136)   смреков дрозд                                            (Turdus pilaris)."

 

Член З

Членот 8 се менува и гласи:

„(1) Ловно-технички објекти и ловно-стопанки објекти се објекти кои служат за одгледување, заштита и користење на дивечот и се засолништа за дивеч, поила, калишта, хранилишта, складишта за храна, солишта, ловки, чеки, набљудувачници за дивеч, нај различни типови на огради и објекти за сместување и престој на ловци (ловечки куќи од различни категории).

(2)  Ловно-техничките и ловно-стопанските објекти во ловиштето се основни средства на ловиштето.

(3) Вредноста на оградите за одгледување и заштита на дивечот, оградите за интензивно одгледување и застрел на дивечот и објектите за сместување (ловечки куќи од различни категори), по завршување на важноста на Договорот за концесија на дивечот во ловиштето, новиот концесионер на дивечот во ловиштето се обврзува да му ја надомести на поранешниот концесионер на дивечот во ловиштето според пазарната вредност утврдена од страна на овластен проценител."

 

Член 4

Во членот 9 став (2) зборот „чакал" се брише, а после зборот „видра" се додаваат зборовите „дива мачка, јазовец".

 

Член 5

Во членот 12 став (1) алинеја 16 по зборот: „дива свиња" се додава зборот: „(женка)".

По алинејата 16 се додава нова алинеја 17 која гласи:

„- дива свиња (мажјак) од 1 февруари до 31 март,".

Во алинејата 19 која станува алинеја 20 по зборовите: „белоока њорка" се додаваат зборовите: „полска чучурлига, имелов дрозд, смреков дрозд".

Во став (2) по зборовите: „застрел на дивеч" се додаваат зборовите: „како и за лов на ситен дивеч од вештачко производство во полигон за лов на дивеч".

 

Член 6

Во членот 13 став (1) зборовите „дива мачка, јазовец и чакал" се бришат.

 

Член 7

По членот 15 се додава нов член 15-а кој гласи:

„Член 15-а

„(1) Санитарен застрел на дивеч е дозволено и во време кога е ловот е забранет со цел спречување на појава за ширење на заразни болести кај дивечот во согласност со законските прописи на Агенцијата за храна и ветеринарство.

(2) Санитарниот застрел на дивеч го вршат исклучиво лица кои извршуваат стручни и ловочуварски работи во ловиштето. 

(3)  Корисникот на дивечот во ловиштето е должен веднаш по извршениот санитарен застрел на дивеч да ја извести Агенцијата за храна и ветеринарство.“.

 

Член 8

Во   членот   28   став   (2)   по   зборовите:   „државни ловишта"   се   става   точка,   а   зборовите  до   крајот  од реченицата се бришат. Ставот (3) се брише. Ставовите (4) и (5) стануваат ставови (3) и (4).

 

Член 9

Во член 29 ставот 2 се брише.

Член 10 Во членот 31 се додава нов став (1) кој гласи: „(1) Во вкупната површина на ловиштата на целата територија на Република Македонија не се опфатени деловите на природата кои се прогласени за заштитени согласно со Законот за заштита на природата.". Ставовите (1) и (2) стануваат ставови (2) и (3).

 

Член 11

Во членот 33 став (2) по зборовите: „од став (1) на овој член." се додаваат зборовите: „како и огради за обука на ловечки кучиња-гоничи за дива свиња и ограден простор за фарма за дивеч".

 

Член 12

По членот 33 се додава нов член 33-а кој гласи:

„Член 33-а

(1)  Ограда за обука на ловечки кучиња-гоничи на дива свиња е со цел усовршување и испитување на вродените особини на ловечките кучиња-гоничи на дива свиња. Површината на оградениот простор за ограда за обука на ловечките кучиња-гоничи на дива свиња е со површина до 5 ха.

(2)  Полигон за лов на дивеч се определува со цел ловење на ситен дивеч од вештачко производство во текот на целата календарска година.

 (3) Фарма за дивеч е ограден простор кој се формира во и надвор од ловиште со површина до 50 ха. Фармата за дивеч нема статус на ловиште и дивечот во фармата не смее да ја напушти оградената површина. Фарма за дивеч можат да изградат физички и правни лица на површина од приватна или државна сопственос со претходно одобрение на сопственикот или корисникот на површината. Воспоставувањето на фармите за дивеч е во согласност со Законот за ловството и Законот за ветеринарно здравство.".

 

Член13

Во член 34 ставот (7) се брише.

 

Член 14

По членот 34 се додава нов член 34-а кој гласи:

„Член 34-а

(1)  Концесионерите на дивечот во ловиштата можат да се здружуваат во Ловечка федерација на Македонија и други форми на здружување согласно со закон. Ловечката федерација на Македонија е доброволна национална асоцијација на ловците во Република Македонија.

(2) Ловечката федерација на Македонија ги извршува следните работи:

-  Уредува и издава ловечко списание и останата ловечка литература.

- Организира ловечи натпревари (стрелаштво).

- Се грижи за ловечката култура и традиција.

- Се грижи за сертификатите за одгледување на ловечки кучиња сертификатите за практична обука на ловечките кучиња од областа на ловот,

- Организира курсеви за обука за проценка на трофеи од дивеч,

- Води регистар на ловечки трофеи во Република Македонија.

- Спроведува постапка за полагање на ловечки испит од приемот на уплатата и барањето, записници за полагање на ловечки испит и списоци за полагање на ловечки испит кои ги доставува до комисијата.

-  Спроведува обука на кандидатите за полагање на ловечки испит.

-  Утврдува статус на ловец на домашно и странско физичко лице согласно член 57 од овој закон.

(3) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе донесе подзаконски прописи со кои ќе се уреди кога физичко лице ги исполнува условите да стане ловец согласно Законот за ловството и Законот за оружје.".

 

Член 15

Во член 35 ставот (1) се менува и гласи: „(1) Концесионер на дивеч во ловиште може да биде правно лице кое ги исполнува следните услови:

1) Да е регистрирано за вршење дејност ловство,

2) Да има материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство,

3)  Да понуди Програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето и

4) Да има вработено најмалку едно стручно лице со завршено високо или средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство.".

 

Член 16

Во член 36 по ставот (2) се додаваат три нови става (3), (4) и (5) кои гласат:

„(3) Право на учество за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија, немаат правни субјекти кои во предхониот период имаат не подмирени обвски на име на концесија.

(4)  Јавниот повик трае триесет дена од денот на распишувањето.

(5)  При еднакви услови предност има правното лице кое било концесионер на дивечот во ловиштето во последниот стопански период.“.

 

Член 17

Во член 37 ставот (4) се менува и гласи: „Пред потпишување на договорот за концесија на дивечот во ловиштето ново избраниот концесионер се обврзува да му ја надомести на поранешниот концесионер на дивечот во ловиштето вредноста на оградите за одгледување и заштита на дивечот, оградите за интензивно одгледување и застрел на дивечот и објектите за сместување (повечки куќи од нај разпични категории).".

По ставот (5) се додава нов став (6) кој гласи: „(6) Со потпишувањето на договорот за концесија на дивечот во ловиштата, новиот концесионер по автоматизам го добива во владение дивечот во ловиштето со бројна состојба дадена во посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно.". Ставот (6) станува став (7).

 

Член 18

Во членот 38 став (1) по зборовите: „одгледување и заштита на" се додаваат и зборовите: „стариот концесионер на дивечот во ловиштето или на".

 

Член 19

Членот 40 се менува и гласи:

„(1) За користење на дивечот во ловиштето концесионерот плаќа годишен надоместок.

(2) Годишниот надоместок од став (1) на овој член се утврдува во висина од 20% од вредноста на планираниот годишен застрел на дивечот согласно со Посебната ловностопанска основа, а се плаќа до 30 јуни за тековната година на сметка на Буџетот на Република Македонија.

(3)    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврдува вредноста на дивечот од став (2) на овој член по видови на дивеч врз основа на просечната тежина и пазарната вредност на килограм месо.“.

 

Член 20

Во член 45 ставот (3) се менува и гласи: „Изработката на Посебните ловностопански основи може да ја врши институција која има вработено најмалку три шумарски инженери, кои имаат најмалку пет години работно искуство во изработка на Посебни ловностопански основи.“.

 

Член 21

Во членот 51 по став 1 се додава нов став 2 кој гласи:

„(2) Поединечно се лови крупниот дивеч со исклучок на дивата свиња, волкот и чакалот, а во групен лов се лови дивата свиња, волкот, чакалот и сите видови на ситен дивеч.“.

 

Член 22

Во членот 54 став 1 алинеја 2 по зборовите: „ноќно време" запирката се брише и се додаваат зборовите: „освен волк, чакал и лисица со дочек на чека,"

Во алинеја 3 по зборот „рефлектори“ запирката се брише и се додаваат зборовите: „(фарови) освен волк, чакал и лисица со дочек на чека,"

Во алинеја 11 по зборот: „дивата свиња" сврзникот „и" се заменува со запирка, а по зборот „волкот" се става запирка и се додаваат зборовите „чакалот и лисицата".

 

Член 23

Во членот 55 по став (3) се додава нов став (4) кој гласи:

„(4) При ловење одностно застерел на дивеч ловците задолжително мора да носат портокалов флуоросцентен елек.".

 

Член 24

Во членот 57 став (4) по зборот „ловечки испит" се додаваат зборовите: „потврда со која со соодветен документ-легитимација се потврдува право на физичко лице да извршува ловење на дивеч ".

Во ставот (7) по зборот „дозволата за“ се додаваат и зборовите „поединечно или групно“.

 

Член 25

Во членот 58 став (1) по зборот „водостопанство" се додаваат зборовите: „Стручната комисијата ја сочинуваат пет члена и тоа три члена стручни лица со завршено високо образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство-ловно стопанство, од кои претседателот и два члена се од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и два члена на предлог од Ловечката федерација на Република Македонија.“.

По ставот (4) се додаваат пет нови ставови (5), (6), (7), (8) и (9) кои гласат:

„(5) На кандидатите кои го положиле ловечкиот испит им се издава уверение за положен ловечки испит.

(6)  Трошоците за полагање на ловечкиот испит ги сноси кандидатот.

(7)  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го пропишува начинот на спроведување на ловечкиот испит. содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на износот на надоместокот за полагање на ловечки испит и висината на износот на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит.

(8)    Стручните и административните работи за потребите на спроведување на ловечкиот испит ги врши Ловечката федерација на Република Македонија.

(9)   Трошоците за полагање на ловечкиот ислит кандидатите ги уплатуваат на сметката на Ловечката федерација на Релублика Македонија."

 

Член 26

Членовите 58-а, 58-6, 58-в, 58-г, 58-д, 58-ѓ, 58-е, 58-ж, 58-з, 58-ѕ, 58-и, 58-ј, 58-к, 58-л, 58-љ, 58-м, 58-н, 58-њ, 58-о, 58-п, 58-р, 58-с и 58-т се бришат.

 

Член 27

Во членот 63 по ставот (2) се додавата два нови ставови (3) и (4) кои гласат:

„(3) Концесионерот на дивечот во ловиштето е должен да го обележи секој застрелан дивеч и трофеј од дивеч на начин пропишан со овој закон.

(4) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе донесе поблизок пропис за начинот на обележување на застреланата крупен дивеч и тофеите од крупен дивеч."

 

Член 28

Во членот 77   став (1) по точка 4) се додава нова точка 4-а) која гласи:

,,4-а) дозволи напуштање на дивечот од оградената површина наменета за фарма на дивеч." Точките 7-а и 7-6 се бришат.

 

Член 29

Во членот 78 став (1) по точка 14) се додава нова точка 14-а) која гласи:

,,14-а) Издаде дневна дозвола за лов на дивеч на ловци кои не носат портокалов флуоросцентен елек;".

 

Член 30

Во членот 79 став (1) по точката 8) се додава нова точка 8-а) која гласи:

„8-а) дозволи напуштање на дивечот од оградената површина наменета за фарма на дивеч;".

По точка 11) се додава нова точка 11-а) која гласи:

„11-а) лови дивеч без портокалов флуоросцентен елек;".

 

Член 31

Членот 80-а се брише.

Член 32 Одредбите од членовите 36-а, 36-б и 36-в од Законот се однесуваат на 30% од ловиштата, а останатите 70% се согласно со член 15 од законов.

 

Член 33

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник    на Република Македонија".

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

719007
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1573
658
3617
16119
719007

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:32:04
Web Analytics