Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на потврдата за потеклото на дивечот...

Posted by  Published in: Закони и правилници

 ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на потврдата за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот како и начинот на водење на евиденција за сопственикот и потеклото на дивечот и делови од дивечот

 

Член 1

Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на потврдата за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот како и начинот на водење на евиденција за сопственикот и потеклото на дивечот и делови од дивечот.

 

Член 2

Во образецот на потврдата за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот се внесуваат следните податоци: име на ловиштето, намена на ловиштето, концесионерот на дивечот во ловиштето, сериски број, реден број, вид на жив дивеч, застрелана дивеч и делови од дивеч, пол, број на застрелани грла, трофејна вредност на дивечот, напомена, име и презиме на ловецот, место за печат и име и презиме на одговорното лице.

Образецот на потврдата за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот е даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

 

Член 3

Евиденција за сопственикот и потеклото на дивечот и делови од дивечот се води во пишана или електронска форма и се внесуваат следните податоци: назив на правно лице, реден број, име и презиме на ловецот кој го застрелал дивечот, сериски број на дозволата за ловење, вид на застрелана дивеч и делови од дивеч, број на застрелани грла, концесионер на дивечот во ловиштето, напомена, одговорно лице во правното лице како и место за печат.

Образецот на евиденција за сопственикот и потеклото на дивеч и делови од дивеч е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

 

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

 

 

Бр. 09-14804/1

16 ноември 2009 година

Скопје

 

Министер за земјоделство

шумарство и водостопанство,

Љупчо Димовски, с.р.

 

 

 

 

 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741601
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
623
673
5108
11587
741601

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:37:09
Web Analytics