Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на дозволата за ловење ...

Posted by  Published in: Закони и правилници

 ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето и начинот на водење на евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч

 

Член 1

Со овој правилник се уредува формата и содржината на образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето и начинот на водење на евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч.

 

Член 2

Образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето е со формат 21 x 15 см, во бела боја и ги содржи следите податоци: име на ловиштето, намена на ловиштето, концесионер на дивечот во ловиштето, сериски број на дозволата, реден број, вид на дивеч, пол, број на грла дозволени за застрел, напомена, време дозволено за ловење, име и презиме на одговорното лице што ја издало дозволата како и место за печат.

Образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето е даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник.

 

Член 3

Евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч се води во пишана или електронска форма и во неа се внесуваат следите податоци: име на ловиштето, намена на ловиштето, концесионер на дивечот во ловиштето, реден број, име и презиме на ловецот, сериски број на дозволата, вид на дивеч, број на грла дозволени за застрел, период на важење на дозволата и име ипрезиме на одговорното лице што ја издало дозволата.

Образецот за евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник.

 

Член 4

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

 

 


Бр. 09-14800/1

16 ноември 2009 година

Скопје

 

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Љупчо Димовски, с.р.

 

 

                                                                                

                                                                             

 


 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741597
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
619
673
5104
11583
741597

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:36:36
Web Analytics