Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

П Р А В И Л Н И К за содржината на годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа

Posted by  Published in: Закони и правилници

Според член 49 од Законот за ловството Концесионерот на дивечот во ловиштето најдоцна до 31 март во тековната година е должен да изготви годишен план за спроведување на посебната ловностопанска основа и да го достави на мислење до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на приемот на годишен план за спроведување на посебната ловностопанска основа треба да даде мислење до концесионерот на дивечот во ловиштата.

Без позитивно мислење на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на годишниот план, концесионерот на дивечот во ловиштето не може да го користи правото на застрел на дивечот во ловиштето.

Иако верувам дека сите концесионери на ловиштата и нивните одговорни лица се запознаени со оваа законска обврска и редовно ја почитуваат, во продолжение на текстот ќе го претставувам Правилникот за содржината на годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа. Содржината на овој годишен план ја пропишува Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од големо значење за концесионерите на ловиштата е изготвувањето на овој годишен план и неговото навремено доставување до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи во спротивно согласно член 78 од Законот за ловството за концесионерот или друго правно лице предвидена е глоба во износ од 3.000 до 5.000 евра во денарска противвредност.

 

 

П Р А В И Л Н И К

за содржината на годишниот план за

спроведување на посебната ловностопанска основа

 

 

Член 1

Со овој правилник се пропишува содржината на годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа.

 

Член 2

Годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа ги содржи следните податоци:

1. Име на ловиштето и година за која се донесува годишниот план

2. Општи податоци за ловиштето и тоа:

-        намена на ловиштето;

-        вкупна површина на ловиштето;

-        ловнопродуктивна површина на ловиштето;

-        ловнопродуктивна површина по видови на дивеч;

-        ловнонепродуктивна површина и

-        неловна површина.

3. Бројна состојба на дивечот во ловиштето

-        пролетна бројна состојба на дивечот - матичен фонд (датум на пребројување, метода на пребројување, број на ловци кои учествувале во пребројувањето, број на пробни површини на кои се извршило пребројувањето нанесени на работна фотокопирана карта која е во прилог на основата во размер 1:25.000, број на состојба на дивечот на пробните површини и број на состојба на дивечот на целата површина на ловиштето

4. Одгледно - заштитни мерки по видови на дивеч во ловиштето

5. Одредување на забранет терен за ловење во ловиштето

6. Ловочуварска служба во ловиштето

7. Техничко уредување во ловиштето

Изградба на ловнотехнички објекти во ловиштето

8. Годишен застрел по видови на дивеч согласно посебната ловностопанска основа

9. Финансиски план

-        Приходи и расходи и

-        Рекапитулација на приходите и расходите.

 

Член 3

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.



 Бр. 09-14799/1

16 ноември 2009 година

Скопје

 

Министер за земјоделство,

шумарство и водостопанство,

Љупчо Димовски, с.р.

 

                                                                                

                                                                             

 

 

Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778363
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
188
411
1913
10169
778363

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:15:02
Web Analytics