Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Закони и правилници

На седница бр.41 на Собрание на Р.Македонија одржана на 12.04.2018 година, беше изгласани Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ловството. Иако се очекуваа повеќе измени и дополнувања на Законот за ловството, сепак најзначајно што се смени е само начинот на полагање на ловечкиот испит.

Во продолжение можете да ги прочитате предлозите за изменување и дополнување на Законот за ловството:

 

 

ПРЕДЛОГ -  ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОВСТВОТО

 

 

 

Член 1

Во Законот за ловството (Службен весник на Република Македонија, бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 и 193/15), во членот 57 по ставот (5) се додава еден нов став (6) кој гласи:

 

„(6) Дозвола за ловење на дивеч во ловиштето може да се издаде само за оној дивеч за кој е установено ловиштето односно за кој се плаќа надомест за концесија, за дивечот без заштита и за дивечот од член 12, став (1) алинеја 19.“

 

Ставовите (6) и (7) стануваат ставови (7) и (8).

 

 

Член 2

Членот 58 се менува и гласи:

 

“(1) Ловечкиот испит од член 57 став (4) од овој закон се полага пред стручна комисија за полагање на ловечки испит која ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и истата е составена од четири члена од редот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со шумарска струка и положен испит по предметот ловство/ловно стопанство со најмалку пет години работно искуство во струката.

(2) Ловечкиот испит се полага усмено со одговарање на определен број прашања според Програма за полагање на ловечкиот испит.

(3) Ловечкиот испит се состои од два дела и тоа:

- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите со одговорање на определен број на прашања и се одговара усно и

- втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста за препознавање на видовите дивеч и практичната примена на одредбите од законската регулатива и се полага усно.

(4) Стручната комисија за полагање на ловечки испит секоја година подготвува база на прашања за полагање на ловечкиот испит изработени врз основа на програмата од став (2) на овој член и истите се објавуваат јавно преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(5) При подготовката на базата на прашања стручната комисија за полагање на ловечки испит особено ги има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на ловечкиот испит.

(6) Трошоците за полагање на ловечкиот испит се на товар на кандидатот.

(7) Висината на трошоците од ставот (6) на овој член се определува врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на испитот, подготовката на базите на прашања, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

(8) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(9) Потврдата за уплатени средства за полагање на ловечкиот испит кандидатот ја доставува во прилог на барањето за полагање на ловечки испит.

(10) На членовите од стручната комисија од став (1) на овој член им следува паричен надоместок, за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.

(11) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува содржината на Програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на трошоците за полагање на ловечкиот испит како и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит.“

 

 

Член 3

Насловот пред член 58-а се брише и членот 58-а се менува и гласи:

 

“(1) Право на полагање на ловечкиот испит имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија кои имаат поднесено барање за полагање на ловечки испит и уплатиле средства за полагање на ловечкиот испит.

(2) Обврската за полагање на ловечки испит не се однесува на лица со висока или средна стручна подготовка од шумарска струка со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство и на доктори по ветеринарна медицина со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство.

(3) По доставеното барање за полагање на ловечки испит и уплатените средства за полагање на ловечкиот испит до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кандидатите кои го исполнуваат условот за полагање на ловечкиот испит писмено се информираат за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит најмалку пет работни дена пред одржување на ловечкиот испит, на адреса на живеење наведена на барањето за полагање на ловечкиот испит од страна на кандидатот, како и преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(4) Ако кандидатот по информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит не присуствува на полагањето на испитот, се смета дека не го положил истиот.

(5) По исклучок од став (4) на овој член, ако кандидатот после информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит поради оправдани причини не може да присуствува на денот на полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), а за тоа пред одржувањето на испитот го извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има право да полага во наредната испитна сесија, врз основа на претходно доставеното барање за полагање на испитот.

(6) Пред почетокот на полагањето на ловечкиот испит, стручната комисија за полагање на ловечки испит го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта.

(7) На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, користење на текстови на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

(8) Доколку кандидатот при полагањето на испитот постапува спротивно од ставот (7) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и се смета дека кандидатот не го положил ловечкиот испит за што истото се констатира во записникот за полагање на ловечки испит.

(9) За спроведениот ловечки испит стручната комисија за полагање на ловечки испит води записник.

(10) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој точно одговорил на најмалку 51% од прашањата од првиот дел (теоретски дел), и најмалку 51% од вториот дел (практичен пример) од испитот.

(11) На кандидатите кои го положиле испитот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им издава уверение за положен ловечки испит.

(12) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето за полагање на ловечки испит, формата и содржината на уверението за положен ловечки испит како и формата и содржината на записникот за спроведениот ловечки испит.“

 

Член 4

Насловите пред членовите и членовите 58-в, 58-г, 58-д, 58-ѓ, 58-е, 58-ж, 58-з, 58-ѕ, 58-и, 58-ј, 58-к, 58-л, 58-љ, 58-м, 58-н, 58-њ, 58-о, 58-п, 58-р, 58-с и 58-т се бришат.

 

Член 5

Во членот 75 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:

„(4) За констатираните неправилности ловниот инспектор покренува прекршочна постапка.“

 

Член 6

Во членот 77, во ставот (1) точката 6) се менува и гласи:

 

„правното лице не ги достави доказите и програмата (член 37 став (4));“

 

Точките 7-а) и 7-б) се бришат.

 

Член 7

Во членот 78 став (1) во точката 16) зборовите „ставови (2), (3), (4), (5) и (6)“ се заменуваат со зборовите „ставови (2), (3), (4), (5), (6) и (8)“.

 

По точката 19) се додава нова точка 20) која гласи:

„20) не поседува потврда за потекло на дивечот и неговите делови (член 65)“.

 

Точките 20), 21), 22), 23) и 24) стануваат точки 21), 22), 23), 24) и 25).

 

Член 8

Во членот 79 став (1) во точката 18) во заградата по зборовите „и (3)“ се додаваат зборовите “и член 65“.

 

Член 9

Членот 80-а се брише.

 

Член 10

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесaт во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 11

Започнатите постапки за полагање на ловечки испит до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно одредбите од овој закон.

 

Член 12

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ловството.

 

Член 13

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

Конечно дојде и тој долго очекуван момент кога ќе влезат во процедура новите измени и дополнувања на Законот за ловството. Првичен впечаток е дека овие измени и дополнувања се насочени кон подобрување на условите за развој на ловниот туризам, но има и одредби кои се во полза на ловците како што е враќање на старата форма на полагање на ловечки испит.

Нашите ловџии, согласно Законот за оружје при набавка на ловечко оружје потребно за е да обезбедат одредени документи. Голем број на ловџии се судруваат проблеми бидејќи не знаат какви документи им се потребни, па губат време и нерви од еден до друг шалтер. За да можете со време да ги обезбедите документи за набака на ловечко оружје, во продолжение можете да се запознаете со тоа какви документи се потребни за оваа намена.

Ова е прочистена верзија на Законот за орујето, кој е од големо значење за ловците. Во овој пречистен текст вклучени се и сите измени и дополнувања до 2013 година. Секој ловџија кој има намера да набави оружје, доколку има некои нејаснотии може да го прочита овој закон каде ќе најде голем број одговори на своите прашања.

ПРАВИЛНИК за начинот на водење на евиденција на трофеите

Член 1

Со овој правилник се пропишува начинот на водење на евиденција на трофеите.

 ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на потврдата за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот како и начинот на водење на евиденција за сопственикот и потеклото на дивечот и делови од дивечот

 ПРАВИЛНИК за формата и содржината на образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето и начинот на водење на евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч

Оружје и муниција може да се набавува само врз основа на одобрение издадено од Министерството за внатрешни работи и тоа за секое поединечно набавување на оружје.

Одобрение за набавување на оружје може да се издаде на физички лица заради

-заштита на нивната личност и имот,

- за лов и спортско стрелаштво.

Одобрение за набавување на делови на оружје и одобрение за набавување на муниција се издава на физички или правни лица кои поседуваат важечка дозвола за оружје или дозвола за поседување на оружје.

Weather

Rain

16°C

Skopje

Rain
Humidity: 89%
Wind: SW at 17.70 km/h
Tuesday
Scattered showers
20°C / 31°C
Wednesday
Partly cloudy
17°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
16°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
17°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

758471
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
62
587
3438
8326
758471

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-16 02:36:48
Web Analytics