Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Убавините на Македонија

Кога ќе прашате некого колку езера има во Република Македонија, може да очекувате најразлични одговори: некој ќе каже само 3 мислејќи на големите котлински езера, друг пак ќе спомене бројка од 10-тина заедно со познатите вештачки езера или може да чуете 50, 60 или 80 езера.  Сепак, бројката е многу поголема, но точната можеби никогаш нема да биде прецизирана од едноставна причина што нема јасно разграничување меѓу езеро од една страна и локва, вир и слични мали водени басенчиња од друга страна. Во светотската литература како долна граница за тоа што треба да се смета за езеро се наведува водена површина од 1 па до дури над 40 хектари! Кај нас, во одредени случаи (пештерски, глацијални или други езера) како граница се земаат и многу помали вредности од околу 0,01 хектари што одговара на површина со димензии од 10х10 м.

 

Вообичаено се смета дека островот Голем Град во југозападниот дел на Преспанското Езеро е единствениот остров во Република Македонија. Меѓутоа, тоа е сосема погрешно. Всушност, Голем Град е само најголемиот остров во нашата држава, бидејќи има уште десетици други острови по реките и вештачките езера, а некои од нив се исто така доста интересни.

 

Македонија има неколку импресивни водопади кои привлекуваат со својата магија. Поголемиот дел од нив се помалку познати, но сите пленат со својата убавина. Најпознати и можеби најубави помеѓу нив се Колешинските водопади т.н. “македонски нијагарини водопади“.

 

 Слободно може да се каже дека Република Македонија е планинска земја со околу 40 планини од кои 12 повисоки од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина. На сите овие планини има околу 260 интересни и впечатливи планински врвови, од кои 85 над 2000 метри. Меѓу нив, посебно се истакнуваат 10-те врвови наведени во текстот, од кои некои се и меѓу највисоките во нашата држава.

 

Ви претставуваме избор од десетина оригинални фотографии на карактеристични, претежно природни пејсажи во Македонија. Дел од фотографиите се снимени за време на теренските настави и истражувања со студентите на Институтот за географија при ПМФ во Скопје.

 Осоговските Планини се втора по површина (1100 км кв.), а девета по височина (2252 м) планина во Република Македонија. Се одликува со долги, заоблени планински била и врвови меѓу кои се длабоко всечени речни долини. Неколку врвови се повисоки од 2000 м, како Руен (2252 м), Мал Руен (2205 м), Царев Врв (2085 м) и други. На највисоките делови од планината има интересни релјефни појави кои се создале главно во плеистоценото време како резултат на ниските температури и покриеноста со снег во зимската половина од годината. Тоа се снежнички циркови, мориња од распаднати карпи, камени блокови што се лизгаат, мразни јазици и други.

 

Селото Галичник се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, на југоисточните падини на планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион. Лежи на надморска височина од 1300-1600 м под карпестите сртови на врвот Говедарник кој е со височина од 2011 м. Името го добило според реката Галик, која тече близу Солун, но исто така постои друга легенда која вели дека е добиено според “дивите кокошки” – галици.

Обично за Македонија се вели дека е планинска или поточно планинско-котлинска земја, со честа смена на планини и котлини. Причините за таквиот релјеф лежат во сложените геолошки, тектонски и ерозивни процеси кои дејствувале со стотици илјади, па и милиони години. Сепак, кога ќе праша некој колку планини има во Македонија, одговорот воопшто не е едноставен. Така, ќе се сретнат податоци дека има 20, 30, 40, 50 па дури и повеќе планини. Но каде всушност е вистината? Сосема точниот број на планини многу тешко може да се определи, бидејќи во науката има различни критериуми за тоа што треба да се смета како планина. Обично, како одредница се земаат апсолутната и релативната надморска височина, наклонот, волуменот, расчленетоста, површината и други елементи.

Weather

Mostly cloudy

23°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 88%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Sunday
Partly cloudy
18°C / 30°C
Monday
Scattered thunderstorms
19°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C
Wednesday
Mostly sunny
15°C / 31°C

Translator

Visitors Counter

779141
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
449
517
2691
10947
779141

Your IP: 54.198.195.11
Server Time: 2018-08-18 18:47:44
Web Analytics