Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Разно

 

 

Фото серијата на Сабине Перлман насловена како “куршуми“ привлече големо внимание. Таа фотографиите ги направила минатиот октомври во бункер од втората светска војна, каде фотографирала куршуми пресечени на половина. Перлман фотографирала вкупно 900 пресеци на куршуми, со што ја документирала комплексноста и убавината која лежи под површината на чаурата.

Артемида (Грч. Артемис. Лат. Диана - ќерка на Зевс и титанката Лете, божица на ловот и животните, кралица на природата и божица на месецот) била сестра на богот на светлото и сонцето Аполон и според најстарите кажувања се родила на островот Делос. Нејзината мајка Лета нашла тука скривалиште од змејот Питон, кој ја прогонувал по целиот свет да ја убие по заповед на љубоморната зевсова жена Хера. Делос во тоа време било пловечко острово кое го носеле морските струји и го вртеле морските вртлози, но штом на него стапнала Лета, од морското дно се издигнале две карпи и му го заградиле патот, како и на Питон. Тука, во гората Кинт, Лета родила близнаци Артемида и Аполон. Според друга верзија, ги родила во шумата Ортигија во Ефес. Во неговата близина грците го подигнале храмот на Артемида, кој станал едно од “седумте светки чуда”. 

 Она што е голем бизнис во поразвиените држави, благодарение на претприемачката способнист на новите концесионери станува случај и кај нас. Конечно, и во Македонија се формира одгледувачница специјализирана за одгледување на елен лопатар, кој поради големата адаптабилност и големата издржливост е се повеќе баран во нашата држава за населување како во оградените, така и во отворените ловишта.

Во велешкото ловиште “Мартолци“ пристигнаа 100-ина елени лопатари кои треба да бидат стабилна база за понатамошно производство на овој атрактивен вид на дивеч. Лопатарите се набавени од реномирана одгледувачница за ваков вид на дивеч која се наоѓа во соседна Грција, што е од голема предност бидејќи животните лесно ќе се адаптираат на нашите климатски услови.

 Приказнава која ја најдов пред некое време  остави на мене многу силен впечаток. Не знам кој е авторот, па затоа ќе ја раскажам онака како што ја слушнав.

Еден ден еден стар овчар, кој преку 70 години чувал овци го запрашале новинари:

-               Дали можете да ни раскажете нешто посебно што ви се случило за толку долг период?

Причина, зошто новинарите воопшто дошле било тоа што државата одлучила на овчарот да му додели почесна пензија за неговиот 80 роденден, затоа што поштено ја извршувал својата работа седум децении, а немало друг основ по кој би можел да добие заслужена пензија, затоа што не бил никаде пријавен, на платен список на некое претпријатие.

За жал од одредени личности кои би требало да работат за подобрување на ловството и ловниот туризам и да понудат модул базиран на научна база за нивно унапредување, постојано ги омаловажуваат и навредуваат сите кои се обидуваат да ја подигнат оваа гранка на едно повисоко ниво. Тие постојано заговараат разни тези кои не само што се невистинити туку се и далеку од здрав разум.

Сите сме свесни дека живееме во времиња кога се обидуваме ловството да го подигнеме на едно повисоко ниво, што според инвестициите во ловството и модернизацијата на ловиштата сме на добар пат и да го оствариме. Се согласувам дека не е лесно но напредок може да се постигне само со големи инвестиции, работа, љубов и позитивна енергија. Тука улогата на научните работници би требало да биде од едукативен карактер, односно на ловците да им покажат преку научни практични примери како да постигнат развој за најкраток период и со најмали инвестиции.

 

Спореведените научни експерименти го поткрепуваат ставот дека волците имаат претходно постоечки капацитет за учење од социјалните партнери, а луѓето го искапитализирале тој капацитет уште пред 18 илјади години


Научните тврдат дека и волкот може да биде најдобар пријател на човекот. Игрите со криенка спроведени со припитомени волци од страна на научници покажаа дека и волците може да ги прават истите трикови како и кучињата, со што се доаѓа до нови сознанија во долгогодишната дебата за припитомувањето на најдобриот пријател на човекот.

 

Полицијата и инспекторите за лов во возило Лада нива сопственост на ЈП “Македонски шуми“ и во просториите на шумската куќичка на Осогово, по претхоно добиените сознанија за извршен нелегален лов на дивеч под заштита на падините на Осоговието затекнале 80 килограми месо од елен и дива свиња.

 Сточарот Иле Мушев од штипското село Чардаклија утринава во неговото трло на дело го фатил волкот кој сакал да се нагости со неговите овци. Волкот од видот Коњари  е тежок 70 килограми, а е отсрелан со еден куршум од 27 годишниот ловџија Јорданче Атанасов.

Мушев кој веќе неколку пати трпи штети од волците во неговото трло вели дека отсреланиот волк утринава околу шест часот влегол во трлото, а неговите кучиња го опколиле, по што веднаш го викнал младиот ловџија за да го отсрела.

Page 4 of 4

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778478
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
303
411
2028
10284
778478

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:26
Web Analytics