Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Разно

Фотографијата која покажува чопор волци во изминатиов период беше вистински “бум“ на интернет и голем број на медиуми наведуваа дека таа со себе носи невероватна мистериозна приказна. Сепак, дали тоа е правата вистина?

Приказната која се пласира со фотографијата е силна и остава длабоки емоции. Кога ќе се прочита се гледа дека човековата фантазија и желба за сензација се навистина големи, при што од обична слика прават неверојатна приказна.

За ловците чакалот е нешто слично како тревата во земјоделството. Ако не го ретчиш, тој ќе уништи се што ќе стигне. Откако повторно се појави на нашиве простори тој е се поброен со што воедно и штетите од него се све поголеми. На одредени простори успеа дури да ги потисне и отсекогаш тука присутните штетници лисиците.

 На 31.09.2015 Владата на Република Македонија објави Јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони Кочани, Струга, Скопје, Делчево и Дебар. Предмет на овој јавен повик се вкупно 12 ловишта од кои 2 од ловен реон Кочани, 1 од ловен реон Струга, 4 од ловен реон Скопје, 1 од ловен реон Делчево и 4 ловишта од ловен реон Дебар. Ловиштата за крупен дивеч се доделуваат за период од 20 години, додека ловиштата за ситен дивеч за 10 години.

Дивите патки се прелетен дивеч чија бројност е доста голема и чиј лов трае најдолго. Овој лов може да биде летен кога се лови дивеч која се гнезди во нашата држава, есенски кога започнуваат првите бранови на селидбата и зимски кога се одвива интензивната селидба на дивите патки.  Овие диви патки се разликуваат по нешто поголемата телесна маса и интензивно портокалови пловни кожички на нозете.

Дивата патка се лови наутро и навечер, иако вечерниот прелет е далеку попопуларен. Најдобри места за лов се плавните зони на големите реки, езера, бари и канали. Меѓутоа, кога има година со големи дождови, дивите патки едноставно ги обожаваат плитките бари, особено ако се на нивите со пченка, кога речиси и да ги нема на добрите стари и проверени места каде водата обично е превисока и имаат тежок пристап.

Владата преку Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен повик за доделување под концесија на дивечот во 12 ловишта кои се лоцирани во 5 ловни региони во Република Македонија. Рокот за поднесување на понудите е до 20 јануари 2015 година, кога ќе следува и нивното јавно отворање.

Три од ловиштата се за ситен дивеч и за нив концесијата ќе биде за период од 10 години, додека девет се ловишта за крупен дивеч и тие ќе бидат дадени под концесија на период од 20 години. Од нив по едно ловиште е од ловниот реон на Македонски Брод, Прилеп и Струга, четири се во Кочани и пет од ловниот реон Делчево.

 

Во Штип, во близина на Дестилерија, кон почетокот на месецов забележан е прегазен шакал (чакал), диво животно кое повеќе од половина век не е забележано на просторот на Македонија. Ловџиите од штипското здружение „Ловец“ излегле на лице место да извршат увид и на нивно големо изненадување заклучиле дека станува збор за шакал.

Научниците неодамна објавија дека како резултат на потоплата клима дивокозите во италијанските Алпи во текот на изминативе неколку децении станале значително поситни.

Иако е познато дека глобалното затоплување предизвикува промени во големината на телата кај голем број на животни, оваа појава е многу подраматична одколку што досега мислеа научниците и укажуваат на тоа дека климатските промени на засега неразбирливи начини може да имаат значително влијание врз природните системи во блиска иднина.

Во Полициската станица Пробиштип на 19 октомври добиена е пријава дека во 12:50 часот добиле повик за укажување на лекарска помош на Д.А. роден 1945 година од Пробиштип. Лицето се здобило со тешки телесни повреди за време на лов на местото Чашица, во околината на Пробиштип. Овде Д.А. бил на лов со уште 2 лица и во моментот кога се одмарале, едно од ловџиските кучиња ја турнало пушката при што таа испукала еден патрон кон сопственикот на пушката кој се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош лицето е пренесено во Клиничка болница – Штип, каде се констатирани тешки телесни повреди и истото е задржан на понатамошно болничко лекување.

Page 3 of 4

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865559
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
365
536
901
12910
865559

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:42:35
Web Analytics