Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Разно

За жал, ловот е исполнет со големи опасности, кои често може да бидат кобни по самите ловџии. Бидејќи ловот се изведува со огнено оружје, потребно е да се превземат максимални мерки за безбедност, па секое и најмало невнимание може да предизвика опасност по животите на самите учесници во ловот, како и на случајните минувачи или луѓето кои работат во околните ниви.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на средбата со пехчевските ловџии изјави дека ќе биде поедноставена постапката за полагање на ловечкиот испит и дека Законот за ловството ќе претрпи одредени измени. Тој истакна дека измените на законот кои се дел од ветувањето во владината програма се во процедура и дека поради предизборниот период се очекува истите да се донесат следниот месец, додека првото полагање на ловечкиот испит да отпочне од декември или јануари следната година. Со тоа, ќе се врати досегашниот начин на полагање на ловечкиот испит, а досегашното полагање по електронски пат што беше прилично комплицирано и со одредени дополнителни трошоци за кандидатите, ќе биде укинато.

Во шумите на Чешка биле детектирани радиоактивни диви свињи дури 31 година по несреќата во Чернобил, соопштија ветеринарните власти од таа држава, додавајќи дека ова може да е резултат на тоа што тие јадат печурки кои можат да апсорбираат високо ниво на радиоактивни изотопи.

Според нив, дивите свињи станале радиоактивни поради консумирање на лажните тартуфи, подземни печурки со кои тие се хранат, изјавил Јиржи Драпал од чешката државна ветеринарна управа во интервју за Reuters.

По којзнае кој пат ловџиите со своите постапки докажаа дека одгледувањето, заштитата и грижата на дивечот им е најважна. Тие не само што го заштитуваат дивечот преку своите ловочуварски служби, се грижат за неговот здравје и во текот на зимските месеци вршат прихрана со храна и минерални материи, го населуваат, го размножуваат и го интродуцираат дивечот, деновиве докажаа и дека го спасуваат од разни опасни ситуации по неговиот живот.

Ловџиите и ловечките друштва често се жалат за негативното влијание на шумските пожари врз бројноста на дивечот во деловите од ловиштата кои биле опожарени. Иако во научните кругови во светот постојат поделени мислења за тоа дали шумските пожари имаат негативно влијание или се од полза за дивите животни, во недосататок на соодветни научни истражувања за условите во нашата држава, како одреден показател може да се земе искуството на ловџиите кои се сведоци дека треба да помине подолг временски период за дивечот повторно да се врати во опожарените површини и да се нормализира неговата бројност.

Први октомври е датум кој за голем број наши ловџии е своевиден празник на ловот. На овој датум се пушта ловот за повеќе видови на атрактивен ловен дивеч за голем дел од нашите ловџии, кои со нетрпение го очекуваат денот кога ќе можат да ги задоволат своите ловечки страсти за лов на дива свиња, но и за дивокоза и срна.

Убава вест пристигна од Министерствто за земјоделство, шумарство и водостопанство, за повлекување на Забраната за ловење на диви птици донесена на 31.01.2017 година. Со тоа од  27.02.2017 година нашите ловџии на целата територија на Република Македонија повторно можат да ловат диви птици, под одредени услови кои овозможуваат зголемена превенција од појава и ширење на болеста.

Во последниот период се почесто земјоделците од сите краеви на Македонија алармираат и се жалат на штети причинети од дивеч. Причинители на овие штети воглавном се мечките и дивите свињи, чија бројност во последниот период е значително зголемена. Секако дека е добро што после толку години нивната бројност е зголемена, но како резултат на експанзијата на бројноста на дивата свиња таа се почесто се симнува во полињата и поради непревземањето на мерки за заштита од штети од дивеч, по нивите причинува штети врз посевите.

Page 2 of 4

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698387
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
210
544
754
15931
698387

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:46:45
Web Analytics