Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Прадизвик исполнет со напор

Posted by  Published in: Разно

 Ловот на дивокозата од ловецот бара исклучителна физичка кондиција и спретност. Тој сосема сигурно спаѓа во врвните ловечки доживувања. Украсот на нашите планини, малоброен и внимателен дивеч кој населува тешко пристапни терени, претставува вечен предизвик за секој вистински ловец.

Токму заради негостољубивите и зафрлени предели како и заради нејзината постојана внимателност – дивокозата одсекогаш тешко се ловела.

Најдобро време за лов на дивокозата е месец ноември, кога започнува парењето т.н. прск, период кога јарците се борат за наклоност на женките. Во тоа време ловците имаат поголеми шанси за успешен отстрел на овоа исклучително внимателно животно.

 Ловот на дивокозата од ловецот бара и исклучителна физичка кондиција, како и умешни и стручни придружници, без кои успехот во ловот е незамислив. Постојат два начини на лов на дивокозата – со чекање и со прикрадување. Чекањето е класично и помалку успешно, бидејќи во текот на месец ноември се уште има доста места каде што дивокозите можат да најдат квалитетна храна, а чеката е успешна на места на терени каде што традиционално се собираат јарците (платоа и места на возвишенија кои се заштитени од ветер) во текот на парењето. Ловот со пребарување е најнапорен но сосема сигурно е и најубав.

Дивокозата иако љубопинтна, пред се има исклучителен вид и според искуството забележува човек на растојанија поголеми и од 500 метри. Затоа при лов со пребарување потребно е да се искористи нивната љубопитност и кога ќе се здогледа крдо – најдобро е да се залегне позади некоја карпа или дрво и да се откријат најдобри правци за успешно прикрадување, бидејќи по планинските каменливи терени мали се можностите ловецот да ползи туку мора да се движи наведнат.

Тогаш се внимава на секој чекор, а придружникот најчесто останува во почетната позиција, бидејќи ловецот сам има поголеми шанси за успешно прикрадување. Да го напоменеме и тоа дека доколку теренот е исклучително тежок, поисправно е ловецот да се откаже, бидејќи многу чести се одроните или повредите кои настануваат како последица на падови на помалку вештите ловци. Исто така, вистинскиот ловец никогаш нема да пука на непристапен терен, бидејќи кога дивечот ќе падне тој може да остане во некоја провалија или непристапен гребен, па извлекувањето на дивечот е ризично или едноставно невозможно.

Нешто најубаво е да се лови со искусни домашни ловци кои ја познаваат секоја патека во планината каде што ве водат и со кои е загарантирано барем да го видите дивечот. Одреден фактор е и ловечката среќа и умешноста кога ќе се здогледа дивечот да се совладаат налетите на адреналинот и задишаноста. Во тој случај се има поголеми шанси за прецизен погодок.

Оружјето за лов на дивокози мора да биде внимателно одбрано. Калибрите кои се користат се различни. Иако се пука на поголеми растојанија потребно е тие да се продорни и да имаат положена патека. Изборот е голем и покрај тоа што има ловци кои успешно ловат дивокози и со 7х64 и 308 win, мене ми е омилен 243 win, додека 7mm Rem Mag и 300 win mag им се препорачуваат само на оние кои што имаат јако рамо.

Оптиката мора да биде врвна и тука нема импровизации, бидејќи често светлосните услови се лоши или се пука на баш големи растојанија. Leupold, Swarowski... и многу други се одличен избор, иако во планините најповеќе се користел Leupold - овиот model Var X III со зголемување од 3,5-10х50 кој ги покрива баш сите возможни ситуации.

При пукање, доколку немате некој стап добро ќе ви послужи и јакната, елекот или џемперот префрлен преку некоја карпа, а доколку се работи за кос истрел внимавајте да не ја промашите сигурната цел, бидејќи ако нишаните во плешката, многу често ќе го префрлите и ќе го промашите дивечот. Затоа, доколку се работи за оддалеченост до 200 метри подобро е да нишаните под плешката. Мерачот на оддалеченост е прекрасна работа и е најпотребен при вакви ловови, а неверојатно е колку окото може да го измами искусниот ловец, така што често некое растојание изгледа подалечно одколку што навистина е. 

 

Објавено во ревијата “Zov“

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861097
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
181
674
1467
8448
861097

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:08:35
Web Analytics