Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Краток осврт на новиот пристап кон ловството во нашата држава

Posted by  Published in: Разно

При доделувањето на концесиите во изминативе 6 години се направија некои значајни и суштински измени во начинот на избор на концесионери, што резултираа со влез на приватниот капитал во ловството. Како резултат на тоа досега во нашата држава 15-ина приватни претпријатија инвестираа во ловството и земаа под концесија ловишта.

Иако на почетокот на процесот, дел од јавноста имаше одбивен став кон влезот на приватниот капитал, ценам дека тоа се покажа како неосновано. Во тој период одредени поединци беа на став дека преватниците ќе ги опустошат ловиштата и после тоа едноставно ќе си заминат.

 Сепак досегашното искуство во целост го негира ова тврдење. Ловиштата кои што ги земаа на концесија приватниците не само што се полни со дивеч, туку во нив и се вложија големи финансиски средства. Така на пример, претпријатието ЕУРОИМПЕХ во ловиштето Ниџе кое се наоѓа во реонот на Мариово досега има вложено околу пола милион евра, што е веројатно една од најголемите инвестиции во последните децении во ова запоставено подрачје од нашата држава.

Покрај тоа, доколку се направи споредба со сите инвестиции во ловството во нашата држава во изминативе 6 години, лесно може да се испостави дека само инвестицијата во ова ловиште ги надминува сите инвестиции во ловството на сите ловечките друштва и здруженија на граѓани кои стопанисуваат со ловиштата во нашата држава.

Во ова ловиште досега се изгради оградено ловиште со комплетна инфраструктура со површина од околу 200 ха, а во план е доградба на уште толкава површина. Во ограденото ловиште успешно се населија обичен елен и муфлон, а во план е и збогатување со други видови на дивеч. Покрај тоа во процедура е изградба на современа ловечка куќа наменета за сместување на ловочуварите и ловечки дом од висока категорија за сместување на ловни туристи.


Оградено ловиште “Ниџе“

Влегувањето на приватниот инвеститор во ова ловиште не значеше дека ловците од околните места повеќе нема да ловат во него. Напротив, бидејќи како резултат на големата грижа за дивечот ловиштето е полно со дивеч, ловците не само што можат слободно да ловат, туку и се зголемени нивните шансите за улов. Покрај тоа, со зголемената контрола во ловиштето од страна на новиот концесионер, зголемена е нивната безбедност и можноста од несреќи при лов е сведена на минимум.

Покрај овој пример за ползата од новиот пристап кон ловството во нашата држава и влезот на приватниот капитал, не се за занемарување и инвестициите во останатите ловишта. Благодарение на новиот начин на доделување на ловиштата кој покрај тоа што создаде услови за фер распределба на ловиштата преку бодување, наметна и еден развоен карактер при стопанисување со ловиштата. Од денешна гледна точка може да се каже дека тој во целост си ја исполнија својата цел. Тој не само што преку фер условите привлече голем број на приватни инвеститори, туку и овозможи во ловството се инвестираат досега незамисливо големи финансиски средства.

Како резултат на ова, во изминативе 6 години, во нашата држава се изградени или се во фаза на изградба 7 оградени ловишта со површина поголема од 150 ха, а во подготивки се отпочнување на изградба на уште најмалку 3 оградени ловишта. Доколку се има во предвид дека од 1945 па до 2008 година во Македонија беа изградени исто толку оградени ловишта, може да каже дека во нашата држава се случува вистински “бум“ во ловството.

 

Оградено ловиште “Караорман“

Покрај во ловиштето Ниџе, оградени ловишта се изградени или се градат и во ловиштата Караорман, Шешково, Карабалија, Црничани, Исток, Градец и Рожден. Со своите инвестиции и залагања новите концесионери овие ловишта полека ги претвораат во вистинска “мека“ за ловните туристи.

Во овој период се изградени и 3 нови фазанерии, додека поголем дел од постојните се обновени или проширени. Тука би го спомнал Сурда Вахо од Чашка (на фотографијата) кое не само што има изградено фазанерија со сите стандарди, туку во план е и да изгради повеќенаменска одгледувачница за ситен и крупен дивеч и современ наменски сместувачки објект.

Овој концесинер и приватен инвеститор и покрај тоа што се соочува со големи проблеми и притисоци, успешно успева да воведе ред и да го заштити дивечот од криволовот, кој во последните 30 години е длабоко вкоренет во нашето општество. Благодарение на ваквите напори, тој може да се пофали дека неговите ловишта се исклучително богати со дивеч, па дури и привлечен од мирот во нив се има населено дивеч кој во претходниот период не бил присутен во нив.

 Покрај тоа, придобивка од новиот начин на доделување на ловиштата е афирмирањето и вклучувањето на поголем број високобразовни кадри од областа на ловството во процесот на спроведувањето на одгледно-заштитните мерки. Со тоа се зголемува стручноста при стопанисувањето со ловиштата и се овозможува полесно да се имплементираат новите одгледно-заштитни техники и методи.

Од ваквиот развој на состојбите во ловството несомнено ќе имаат корист сите. Благодарение на развојот на ловството и афирмирањето на нашата држава во полето на ловниот туризам, ловечките друштва и здруженија ќе имаат голема полза бидејќи и самите полесно ќе привлекуваат ловни туристи. Развојот на поединечни ловишта ќе ги повлекуваат со себе и ќе поттикнат развој и на соседните ловишта.

Убав пример за тоа е ловечкото друштво од Штип, кое благодарение на веќе афирмираните концесинери од Свети Николе и Конечко (или популарно Патрик) успешно се пробива на пазарот на ловниот туризам. Така на пример, концесионерот на ловиштето Конечко, сакајќи да ја збогати содржината за своите ловни туристи, т.н. ловните пакет аранжмани ги проширува со понудата од ова ловечко друштво.

Сепак најголема корист од ваквата ситуација ќе има државата. Не само што ќе се намали невработеноста и ќе се зголеми станадардот на граѓаните особено во руралните места од државата, туку истовремено ќе се промовира државата на глобално ниво и ќе се потпомогне развојот на останатите пропратни гранки. Покрај тоа ќе се зголеми приливот на девизи во државата и приливот на финанскиски средства кои преку концесии, продонеси и даноци ќе ја полнат државната каса.

Ова се само дел од придобивките на новиот пристап во ловството во нашата држава. Иако се поминати само 6 години, веќе слободно може да се констатира дека нашата држава во овој период има прескокнато неколку скалила во развојот на ловството.

Се надевам дека во наредниот период државата ќе изнајде модел и начин како да ги заштити, потпомогне и стимулира сите концесионери, а посебно бизнисмените и поединците кои решиле своите приватни финансиски средства да ги инвестираат токму во оваа област.


Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778347
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
172
411
1897
10153
778347

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:14:28
Web Analytics