Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Проблеми со обесштетувањето на досегашните концесионери

Written by  Published in: Разно

По се изгледа на проблемите на концесионерите со дивечот во ловиштата им нема крај. Големиот развој кој го постигна ловството во изминатиот период создаде одредени проблеми, кои новонастаната ситуација ги исфрли на површина. Тоа е доказ дека и најдобрата идеја доколку добро не се испланира и ако не се спроведе доволно добро во пракса, наместо олеснување за ловците и концесионерите, ќе се претвори во проблем кој може да им предизвика големи последици.

Новата власт освен добри намери, досега начна само многу мал дел од проблемите кои го мачат ловството, додека поголемиот дел од нив чекаат да дојдат на дневен ред за да се изнајдат законски решенија за истите. Спориот развој на состојбите и неизнаоѓањето на решенија, се закануваат ловството да го уназадат многу години и им предизвикува големи главоболки на ловците и концесионерите со дивечот во ловиштата.

 

Обесштетувањето на досегашните концесионери причина за главоболки

 

Еден од посеризните проблеми кои преставуваат голема закана за развојот на ловството е недореченоста и нејаснотиите на обврската од Законот за ловството член 8 став 2, според која: Вредноста на оградите за одгледување и заштита на дивечот, оградите за интензивно одгледување и застрел на дивечот и објектите за сместување (ловни куќи), по истекот на периодот за користење на дивечот во ловиштето, новиот концесионер на дивечот во ловиштето се обврзува да му ја надомести на поранешниот концесионер на дивечот во ловиштето според пазарната вредност утврдена од страна на овластен проценител .“. 

Ова е наизглед добра но дискутабилна идеја, која на актуелниот концесионер му нуди некаква надеж дека обемот на инвестиции во ловиштето му обезбедува некаква предност при следниот јавен оглас за доделување на дивечот на концесија и ќе делува дестимулирачки кон сите заинтересирани странки кои би му биле конкуренција за истото.

Сепак праксата покажа дека оваа законска одредба, при спроведување има големи проблеми, поради што последици имаат буквално сите, од десегашните концесионери, преку новите концесионери, ловците, ловството, па се до државата. При спроведувањето на овој член од Законот за ловството има голем број на недоречености и нејаснотии кои оставаат место за долги и скапи судски спорови, при што лесно може да се случи за кратко време да се уништи и уназади она што макотрпно е создавано со години. Со наближување на новиот циклус на доделување на ловиштата на концесија, овој проблем се повеќе ќе доаѓа до израз и се повеќе страни ќе бидат засегнати од него.

Според мене, најголем проблем е што уште на стартот, при распишување на јавниот оглас за доделување на ловиштето, досегашните и новите концесионери се соочуваат со голем број на нејаснотии и непознаници, како што се недефинирани вредности на предметот за обесштетување. Многу е несериозно од државата да дава нешто, а да нема претходно утврдено вредност за тоа.

Во целата ситуација покрај концесионерите страда и девечот, особено во оградените ловиште, каде поради неспроведување на на одгледно-заштитни мерки често страда од недостаток на храна. Покрај тоа, пропаѓаат и објектите бидејќи за време на спор проблематична е сопственоста,а со тоа и правото на користење и грижа за истите.

 

Мора однапред да се дефинира вредноста

 

Затоа за да се избегнат вакви спорови, во иднина при распишување на јавните огласи за доделување на ловиштата, државата треба однапред да ја има утврдено вредноста на објектите кои ќе бидат предмет на обесштетување. Проценка на вредноста на објектите треба да се прави во разумен временски период пред објавување на јавниот оглас за давање на дивечот на концесија, за да има време да се решават евентуалните спорови во врска со утврдената вредност.

Досегашната пракса покажа дека после долги судски спорови може да биде утврдена големо обесштетување на досегашниот концесионер, па новиот концесионер после неколку години да се откаже од ловиштето, оставајќи го во очајна состојба.

Затоа најдобро е до објавувањето на јавниот оглас државата да ја има утврдено вредноста на ловиштето, односно висината на евентуалното обесштетување, па секој заинтересиран потенцијален концесионер да знае колкави средства ќе треба да издвои доколку го земе ловиштето. Потоа тој врз основа на тоа ќе може да направи проценка дали му се исплатува или не да конкурира за тоа ловишта, додека од друга страна досегашниот концесионер ќе добие сигурност дека при евентуални долги судски спорови нема да му се обезвредни инвестираното поради недостаток на грижа за објектите.

 

 

Weather

Partly cloudy

17°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 73%
Wind: SSE at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806091
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1
455
3895
14356
806091

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-24 00:00:12
Web Analytics