Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Забрзано се работи на нов Закон за ловството

Written by  Published in: Разно

На денешната средба министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство која денеска оствари средба со ловџиите во Струмица, информираше дека продолжуваат разговорите со ловечките друштва со сите концесионери и со Ловечката федерација, за што е можно поскоро да се подготви нова Закон за ловството со кој би требало да се решат долгорочните проблеми на ловците, а воено да се воведе и нова регулација во секторот.

Дел од ловците и ловечките друштва од овој крај оценуваат дека македонското ловство според степенот на развој е на последно место во Европа. Поради тоа ќе се формира работна група од претставници на МЗШВ, науката и Ловечката федерација за да се види во кои делови Законот за ловство треба да се смени и веќе наесен законските измени да се најдат пред Собранието на Република Македонија.

Сепак останува нејасно за моножностите на дел од партнерите во преговорите на министерството, со оглед на тоа дека ловечката федерација и катедрата за ловство при шумарскиот факултет функционираат “соло“, односно се со по еден вработен (од кои во федерацијата тоа е технички секретар), па прашање е дали имаат капацитет да одговорат на предизвикот за нудење квалитетни законски решенија. Се разбра дека со ова не ми е целта да го намалам значењето на овие странки во преговорите, туку да укажам дека самите тие треба посериозно да поработат на свое кадровско до-екипирање, бидејќи би требало да преставуваат сериозен фактор во ловството во нашата држава од кои се очекува да бидат двигател на позитивни промени во оваа гранка.

 

Дали правилно го проценуваме потенцијалот за ловен туризам

 

Од министерството за земјоделство информираа дека годинава буџетот за ловството е седумпати поголем од лани а догодина  средствата ќе бидат уште поголеми со подршка на ЕУ. Според нив тоа се прави се со цел Македонија да стане препознатлива по организирано ловство и развиен ловен туризам.

Незнам дали ова значи дека конечно ќе видиме и некоја субвенција во ловството, но секако дека тоа е за поздравување. Сепак ова “развиен ловен туризам“ ми изгледа како флоскула и звучи некако нејасно, бидејќи може да ги наведе концесионерите на погрешни стратешки вложувања, па подоцна потешко да можат да си ги повратат вложените средства. Досегашната пракса покажа дека многу концесионери во изминатиот период вложива значителни средства во ловиштата и сега мака мачат да си повратат барем дел од вложените средства, дотолку повеќе што со обемот на инвестициите правопропорционално им се зголемуваат и трошоците.

 За ова најдобар пример се оградените ловишта, каде подигањето на оградата е само дел од трошокот, бидејќи подоцнешните трошоци за одржување, прихрана на дивечот, заштита и сл., се исклучително високи и брзо ги топат финансиите на инвеститорите. Досегашното искуство покажа дека најстабилни оградени ловишта засега имаат оние концесионери кои парите ги црпат од други бизниси, а ги трошат на ловството без да имаат некакви значајни приходи од оваа дејност.

Секако дека има и по некој чесен исклучок каде од просечни ловишта во минатото се направија елитни ловишта, но неможноста државата да најде модел со кој ќе ги заштити овие концесионери доведоа до тоа дел од овие наши “бисери“ да го изгубат својот сјај, а на дел да им се заканува иста судбина.

Затоа мислам дека можностите за развој на ловниот туризам во нашата држава се многу лимитирани, и тоа претежно на главните коридори на прелетниот дивеч, ареалите на дивокозите и ловиштата кои нудат можност за лов на волк. Во другите ловишта можеби треба посериозно да се размисли за фаворизирање на спортскиот, односно рекреативниот лов, бидејќи ретки се случаите на заинтересирани ловни туристи за лов на срндак или дива свиња во отворени ловишта или на елен лопатар во оградени ловишта.

 

 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741547
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
569
673
5054
11533
741547

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:28:34
Web Analytics