Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Прашања за ловечкиот испит

Written by  Published in: Разно

Убава вест наскоро треба да пристигне од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за сите идни ловџии од нашата држава, бидејќи забрзано се привршуваат подготовките за одржување на ловечки испит за кој што верувам дека има голем број на заинтересирани граѓани. Како увертира на ловечкиот испит, стручната комисија за полагање на ловечки испит од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави прашањата кои ќе бидат дел од овој ловечки испит, се со цел да им се излезе во пресрет на идните ловџии и да им се помогне подобро да се подготват за ловечкиот испит.

Во продолжение можете да ги погледнете прашањата кои ќе бидат дел од ловечкиот испит за сите кандидати за полагање да започнат да се подготвуваат, бидејќи во текот на следниот месец може да се очекува да се одржи долго очекуваниот испит.

 

 

Врз основа на член 58 став (4) од Законот за ловството („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15, 193/15 и 83/18) и Правилникот за содржината на програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на надоместокот за полагање на ловечкиот испит и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит („Службен весник на Република Македонија“ 93/2018), стручната комисија за полагање на ловечки испит објавува

 
 

База на прашања за полагање на ловечкиот испит

 
1. Како се вика законот со кој се уредуваат одгледувањето, заштитата, ловењето и користењето на дивеч и неговите делови?
2. Што се уредува со Законот за ловството ?
3. Во чија сопственост е дивечот во Република Македонија?
4. Што се смета за дивеч сопред Законот за ловството?
5. Што преставува ловството?
6. Што преставува ловостојот?
7. Кога е ловостојот за дивата свиња?
8. Кога е ловостојот за обичниот елен?
9. Кога е ловостојот за еленот лопатар?
10. Кога е ловостојот за муфлонот?
11. Кога е ловостојот за срнак?
12. Кога е ловостојот за дивојарец?
13. Кога е ловостојот за зајакот?
14. Кога е ловостојот за полската еребица?
15. Кога е ловостојот за еребицата камењарка?
16. Кога е ловостојот за фазанот?
17. Кога е ловостојот за потполошката-препелицата?
18. Кога е ловостојот за грлицата?
19. Што преставува ловиште?
20. Какви можат да бидат ловиштата според Законот за ловството?
21. Што преставува отворено ловиште според Законот за ловството?
22. Што преставува оградено ловиште според Законот за ловството?
23. Што се тоа ловнотехнички објекти во ловиштето?
24. Што преставува концесијата?
25. Кој може да биди концесионер на дивечот во ловиштето?
26. Кој ги востановува ловиштата на територијата на Република Македонија?
27. Што се одредува со востановувањето на ловиштето?
28. Како се делат ловиштата според нивната намена?
29. Како се дели дивечот според режимот на неговата заштита?
30. Наброј ги главните стопански видови на дивеч под заштита кои се среќаваат низ ловиштата во Република Македонија?
31. Наброј ги главние стопански видови на дивеч без заштита кои се среќаваат низ ловиштата во Република Македонија?
32. Кои се најважни стопански видови на дивеч под трајна заштита?
33. Како се викаат документите со кои е уредено одгледувањето, заштитата и користењето на дивечот?
34. Кој ја донесува Општата ловностопанска основа?
35. Во колку фази се донесува
44. Под кои услови може да дојде до изменување и дополнување на посебната ловностопанска основа?
45. Дали согласно Законот за ловството е дозволено внесување на алохтони видови на дивеч во ловиштето?
46. Кој е крајниот рок за доставување на изработениот годишен план за спроведување на посебната ловностопанска основа?
47. До кого корисникот на дивечот го доставува изработениот годишен план за добивање на мислење?
48. Кој дава мислење на доставениот годишен план?
49. Кој ја пропишува содржината на годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа?
50. Дали според Законот за ловството е дозволено ловење со отровни средства?
51. Дали е дозволено користење на автоматско оружје за ловење на дивеч?
52. Со кој вид на оружје се лови дивечот?
53. Дали е дозволено ловење односно застрел на дивеч со лак и стрела и птици грабливки?
54. Дали е дозволено користење на ловечки кучиња за ловење на дивеч?
55. Под кои услови може да се лови дивеч?
56. Кои податоци ги содржи дозволата за ловење?
57. Колку е важноста на дозволата за ловење?
58. На кои лица може да се издаде дозвола за ловење на дивеч?
59. Пред кого се полага ловечкиот испит?
60. Што се тоа ловечки трофеи?
61. Кој го врши оценувањето на ловечките трофеи?
62. На што се темели половата различитост (диморфизам) кај обичниот елен?
63. Што е тоа роговје?
64. Од што зависи големината и изгледот на роговјето кај обичниот елен?
65. Во кој период од годината обичниот елен го отфрла роговјето? 
66. Кои сетила се добро развиени кај обичниот елен?
67. Кога е сезоната на парење на обичниот елен?
68. Што е каракеристично за време на парењето кај обичниот елен?
69. Колку време носи оплодената кошута?
70. Кога е сезоната за лов на машки примероци од обичен елен?
71. Кога е сезоната за лов на кошута?
72. Со кое оружје се лови обичниот елен?
73. Кога е сезоната на парење кај еленот лопатар?
74. Кога е сезоната за лов на елен лопатар?
75. Кога е сезона за лов на кошута од еленка лопатар?
76. Со кое оружје се лови еленот лопатар?
77. Кога почнува формирањето на роговјето кај срнечката дивеч?
78. Кога е ловостојот за шумската шљука?
79. Во кој период се пари срнечката дивеч?
80. Кога е сезоната за лов на срнечката дивеч?
81. Со кое оружје се лови срнечката дивеч?
82. Што е трофеј кај срнечката дивеч
83. Која е разликата помеѓу мажјак (вепар) и женка (крмача)?
84. Од што зависи телесната тежина на дивата свиња?
85. Кога се пари дивата свиња?
86. Колку трае гравидноста на маторицата?
87. Кои се основните животни навики на дивата свиња?
88. Во која група на животни припаѓа дивата свиња по начинот на исхрана?
89. Што преставува трофеј од дива свиња?
90. Кога започнува ловната сезона за дивата свиња?
91. Кој вид на оружје се користи за лов на дива свиња?
92. Што е карактеристично за роговите кај дивокозата?
93. Кога е ловостојот за дивата пајка или пајка глувара?
94. Кога е сезоната на парење на дивокозата?
95. Колку време е гравидна дивокозата?
96. Кога почнува ловната сезона на дивојарецот?
97. Со кое оружје се лови дивокозата?
98. Што е трофеј од дивокозата?
99. Кога е ловостојот за гулаб гривнеж, гулаб-дупкар, див гулаб или гулаб пештерник?
100. Кога почнува парењето кај муфлонот?
101. Колку трае гравидноста кај муфлонот и колку млади обично донесува на свет?
102. Кога започнува сезоната за лов на муфлонот?
103. Со кое оружје се лови муфлонот?
104. Кои видови на зверови можат да се сретнат низ нашите ловишта?
105. Кои се најважните одлики на преставниците од редот на зверови?
106. Со што се храни волкот?
107. Кога е сезоната на парење на волкот?
108. Кога е сезоната за лов на волкот?
109. Со кој вид на оружје се лови волкот?
110. Со што се храни лисицата?
111. Кои се основните животни навики кај лисицата?
112. Во кој период се пари лисицата?
113. Кога е сезоната за лов на лисицата?
114. Кои се основноте морфолошки карактеристики на дивата мачка?
115. Кои се животните навики на дивата мачка? 
116. Што е карактеристично за надворешниот изглед на рисот?
117. Кој врши контрола и надзор на спроведувањето на посебната ловностопанска основа?
118. Како се дели ловечкото оружје према начинот на бушење на цевките?
119. Кои се главни делови на ловечката пушка сачмарка?
120. Кои механизми се сместени во гавата на пушката сачмарка?
121. Од кои делови е составена цевката на пушката сачмарка?
122. Кои се главни делови на ловниот карабин?
123. Како се делат кокундаците според формата?
124. Од што е составен патронот ка ловечката пушка сачмарка?
125. Од што е составен метакот на ловниот карабин?
126. Што се подразбира под поимот бонитирање на ловиштето?
127. Кои се основните бонитетски фактори на ловиштата за ситен дивеч?
128. Кои се основните бонитетски фактори на ловиштата за крупен дивеч?
129. Како се делат ловечките кучиња?
130. Кои кучиња спаѓаат во категоријата на гонители-гоничи?
131. Кои кучиња спаѓаат во категоријата на крвоследници?
132. Кои кучиња спаѓаат во категоријата на птичари?
133. Кои се биолошките причини за појава на болести кај дивечот?
134. Кој ја утврдува здраствената состојба на дивечот?
135. Кои мерки се превземаат со цел спречување на ширење на болести кај дивечот?
136. Кое диво животно најчесто заболува од беснило?
137. Како се спречува појавата на беснило кај дивечот?
138. Од што може да настане труење на дивечот?
139. Што е трофеј од обичен елен?
140. Како се полага и за што служи ловечки испит?

 

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 61%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842790
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
228
731
3296
10375
842790

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:50:07
Web Analytics