Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловџиите од Вевчани повторно спасија мечка заробена со жичана сајла

Posted by  Published in: Разно

За жал ловокрадството е широко распространета појава во нашата држава и не ретко тие поставуват т.н. “примки“ или замки на кои се фаќаат и животни кои се под трајна заштита.

Последен во низата вакви немили настани е фаќањето на мечка во овие стапици во струшкиот ловен реон. Сепак, благодарение на реакцијата  и храброста на група ловџии од  ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани, успеале да ја ослободат и да ја спасат од сигурна смрт мечката која била фатена во челична замка.  Животното било заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако ловџиите не  ја пронајдеа и спасиле, таа најверојатно ќе угинела во страшни маки.

“Мечката ќе умреше од глад, за неа најголема опасност е човекот кој ја лови за крзното, а има и други предатори во шумата, иако таа е најголемо животно на овие простори. Меѓутоа, кога е  врзана таа е немоќна да се одбрани”, вели искусен  ловџија од Вевчани.

Во ослободувањето на заробеното животно заедно со ловџиите учествувале и жители од селото Подгорци.

Ова е веќе втор случај за кратко време на спасување на мечка во челична замка во овој дел од нашата држава. Пред неколку месеци ловџиите од “Церн Камен” спасија уште една мечка на планината Јабланица, при што во та прилика за да ја ослободат мечката мораа да употребат багер.

Со ваквите акции се докажува на дело дека ловџиите се воедно и најголеми заштитници на дивите животни. При тоа не ретко и покрај тоа што се изложени на ризици за своите животи, несебично се впуштааат во ризични активности се со цел да му помогнат на дивечот.

Ова треба да е силен сигнал за надлежните органи да ги зајакнат контролите во овој дел од нашата држава, бидејќи штетите кои ги трпи ловството се огромни. Пределот на планината Јабланица е познат по исклучително големата застапеност на криволов со челични стапици, па не ретко тука ловџиите и пронаоѓаат диви животни во понапредна фаза на распаќање, бидејќи поради големиот број на замки ловокрадците не успеваат да ги проверат сите.

 

(Фото: Ловно друштво Церн камен)

 

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 62%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842744
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
182
731
3250
10329
842744

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:23:41
Web Analytics