Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Според надлежните ловот во ЈПУЗПП „Јасен“ бил законски оправдан

Written by  Published in: Разно

Како резултат на неодамнешниот групен лов на диви свињи во едно од ловиштата на ЈПУЗПП „Јасен“, невладините организации за заштита на животните бараат кривична одговорност од учесниците во ловот. Од Здружението „Анима Мунди“ најавуваат дека ќе ги гонат учесниците, бидејќи според нив сезоната за лов на дива свиња била завршена.

„Нашите функционери не отидоа во „Јасен“ да ја почувствуваат природата, да ги запознаат жителите на шумата ниту пак да ги заштитат жителите од уништувањето на посевите или житниците од дивите свињи. Отидоа за да се потоа фалат со тој злосторнички успех преку убивање од задоволство“, вели Столе Велковски од „Анима Мунди“.

Сепак од надлежниот инспекторат за шумарство и лов изјавуваат дека нема ништо спорно во овој случај, бидејќи ловот не бил спротивен на законот за ловството. Од таму објаснуваат дека иако сезоната за лов на отворено била завршена, во оградените ловишта согласно законот за ловството може да се лови преку целата година.

„Во затворениот дел е дозволен лов, и тоа само на машки диви свињи. Во овој случај нема ништо незаконско. Наместо директно да се носат во кланица, на овој начин се наплатува страста на ловџиите“ - изјавуваат од Државниот инспекторат за лов за Телевизија 24.

Со идентичен став се и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде тврдат дека во случајот бил законски оправдан.

Како дел од ловџиите, кои со својот плен се пофалија на социјалните мрежи, беа и познати лица од јавниот живот, бизнисмени и политичари. Откако во јавноста излезе нивната групна фотографија со шеесетина застрелани диви свињи, уловени во јавното претпријатие „Јасен“, дел од учесниците се оградија од одговорност. Нано Ружин во изјава за медиумите кажа дека ниту убил животно, ниту допрел оружје, како и дека и тој бил згрозен од самиот чин.

„Ниту сум ловел нити ловев нити ќе ловам. Затоа што едноставно не сум таков човек не сум пасиониран. Едноставно луѓето уживаат во тоа, а јас тоа не можам да го сфатам тоа уживање. Во суштина се согласувам дека сликата не е коректна, стравична е и разбирливо е дека невладините бараат некои консеквенци но не знам колку од правен аспект тие се оправдани“, - изјавил Нано Ружин за Телевизија 24.

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, досега има реагирано за прекршувања на законот за благостотојба на животните, а во неколку наврати имаат испратено реакции и за криволов. Од ова здружение имаат и неколку предлози за законски измени на постоечкиот закон за ловство и се надеваат дека владата ќе го разгледа истите.

 

 

Активистите за заштита на животните без конкретни дела во корист на животните

 

Сепак се чини дека целиот случај овие невладини организации за заштита на животни си го користат за ефтин популизам и за самореклама, бидејќи нивните активности за благосостојба и заштита на животните се само декларативни, без некои посериозни конкретни активности. Колку за споредба, за разлика од невладините кои на овој начин се обидуваат да се наметнат за да добијат финансиски средства од различни фондови, ловците многу повеќе се грижат за дивечот на теренот и инвестираат големи финансиски средства и труд за негова заштита, размножување, населување, лекување, прихрана и сл.

Се чини дека дивечот и воопшто животните немаат некоја голема корист од прес конференциите, флаерите и проспектите на т.н. „активисти за заштита на животните“, кои најчесто се користат за да се оправдаат срествата кои овие активисти ги црпат од разни фондови. Животните би имале вистинска корист од т.н. „активисти за нивна заштита“ доколку тие го следат примерот на ловците и превземат конкретни активности за нивна прихрана во текот на зимските месеци, заштита од поплави и пожари, заштита од болести, нивно згрижување во критични периоди од годината, нивно одгледување и размножување, нивно населување во природата и сл.

Сепак факт е дека ловството постоело, постои и ќе посои. Тоа е дел од еволутивниот процес на човекот со помош на кој што ние во денешно време сме го достигнале овој степен на развој. Колку и да си даваат на значење овие т.н. „активисти за заштита на животните“, сепак и покрај се нивниот придонес во полза на животните е далеку помал одколку на ловците – но добро тие мора некако да извлечат финансиски средства од фондовите и да ги оправдаат тие средства.

 

 

Weather

Sunny

21°C

Skopje

Sunny
Humidity: 44%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699475
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
244
347
1842
17019
699475

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:39:34
Web Analytics