Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

При организиран лов во ЈПУЗПП “Јасен“ во еден ден застрелани 57 диви свињи

Posted by  Published in: Разно

Деновиве во Македонија се шири вест дека поголем број видни јавни личности и политичари, помеѓу кои и еден бивш премиери, поранешен министер, пратеник и амбасадор, на 31 март учествувале во организиран лов во ЈПУЗПП “Јасен“, при што за околу еден час застрелале дури 57 диви свињи од кои 21 биле со трофејна вредност и за својата страст платиле 2.400 евра. 

Ваквите ловови во кои има голема количина на застрелан дивеч им даваат на активистите за заштита на животните и на екологистите доволно материјал да ги оцрнуваат сите ловци дека основна цел им е само да ги убиваат животните, иако тоа не е суштината на ловството. Затоа во денешно време, зборот на екологистите и на активитите за заштита на животните има поголема тежина од зборот на ловците, што има негативно влијание врз самото ловство.

Иако немора да значи дека ова е против законски, се наметнува прашањето за етичка и морална одговорност на сите вклучени во овој би го нарекле т.н. “лов“ иако по многу аспекти наликува на задоволување на некакви си скриени убиствени пориви. Имено, ловот би требало да е аристократска работа при што кон дивечот се пристапува со голема почит. За вистинскиот ловец трофејот би имал најголемо значење, со кој би можел да се гордее за остварениот успех, а не количината на одстрелан дивеч при еден лов и количината на месо.

Сепак факт е дека постојат и такви ловци на кои задоволство име е само да пукаат и да одстрелаат што е можно повеќе единки, без притоа да водат сметка за одредени критериуми кои секој совесен ловец би требало да ги има во предвид. Ваквите ловци се сосема спротивност на оние џентлмени помеѓу ловците кои чест им е да уловат некој високотрофеен дивеч и кои по никоја цена не би пукале во некоја перспективна единка која во иднина би требало да постигне поголема трофејна вредност.  На ваквите ловци задоволство им преставува самото присуство во природата и набљудувањето на дивите животни, поради што имаат развиено висока морална и етичка свест.

Иако времето за одржување на истиот 31 март укажува дека е извршен за време на ловостој за дивата свиња кој согласно Законот за ловството започнува од 1 фебруари и трае се до 30 септември, не мора да значи дека тој е противзаконски, бидејќи од ловостој се ослободени одредени видови на дивеч кои се одгледуваат во оградените простори за интензивно одгледување и застрел на дивеч. Затоа постои разлика дали тој се одвивал во отворениот дел од ловиштата на “Јасен“ или во некоја од неговите огради.

Остава простор за шпекулации самата цена која учесниците во оваа крвава забава ја платиле за задоволување на своите страсти од само 2.400 евра, што е многу ниска цена ако се има во предвид количината на застрелани единки и единки со трофејна вредност. Ваквиот однос кон дивечот и ловот само дополнително може да ја влошат ионака лошата финансиска сотојба на ова јавно претпријатие кое има големи проблеми со обезбедување на финансиски средства за плати на вработените и за теквните работи.

Ако се има во предвид дека според ценовникот на ЈПУЗПП “Јасен“, цената на застрел на дива свиња се движи од 100 ерва за едногодишно прасе, па се до 950 евра за застрела на вепар со должина на забите од над 14 см, ќе испадене дека ова јавно претпријатие финансиски поминале доста лошо. Ако на ова се додадат и останатите услуги како што се влез во ловиште, организација на лов, водич и сл., ќе испадне дека таа сума од 2.400 евра е нереално ниска и поради тоа не е ни чудно што јавното претријатие работи со загуби.

Во целата ситуација загрижуваат шпекулациите дека биле ранети уште десетина диви свињи кои угинале подоцна, како и тоа дека од застреланите 20-ина биле спрасни маторици што е спротивно на Законот за ловството. Ако се испостави дека навистина од застреланите диви свињи 20-ина биле спрасни маторици, со тоа би била причинета огромна штета врз фондод на дивечот, бидејќи ако се има во предвид дека една маторица на свет донесува и до 12 прасиња, тоа значи дека се убиени уште околу 150-200 прасиња.

 

Карактеристики на ловот на диви свињи во отворени и оградени ловишта

 

Ловот на диви свињи во отворените ловиштва се смета за тежок во кој на дивечот му се дава фер шанса да се спаси, при што ловот е работа на надмудрување и вештини. Тука дивечот ги има своите диви инстикти и доколку почуствува присуство на човек бега со голема брзина и настојува на секој начин да се спаси. Затоа за поголем број од така да речам вистинските ловците поголемо задоволство и предизвик е да ловат во отворени ловишта, што се смета за витештво и каде во целост ќе дојдат до израз нивните ловечки вештини и инстикти.

За разлика од ова, ловот во оградените ловишта е многу поедноставен и застрелот на дивечот и не е воопшто тежок. Тука пристапот до чеките е многу лесен, додека дивите животни поради честото присуство на луѓето и редовнат прихрана на некој начин се припитомуваат и не бегаат од луѓето, па во нив може да се случи некои единки дури и да ви јадат “од рака“. Ова е особено карактеристично за малите оградени ловишта, па така колку оградената површина е помала, толку дивечот е попитом. Тука движењето и активностите на животните се лесно предвидливи па точно се знае кога ќе се појават на хранилките, солиштата, поилиштата и калиштата. Доволно е само да се распоредат ловците на соодветните чеки и од непосредна близина со голема леснотија да извршат застрел на кротките животни кои едноставно не бегааат или нема каде да бегаат.

Поради тоа во вакви ловишта најчесто ловат ловци кои возбуда им преставува самиот чин на убивање на животното па квантитетот им е поважен од квалитетот, иако неспорно дека има и ловци кои тука сакаат да уловат трофејни животни без притоа да се потрудат малку повеќе и да имаат посебни ловечки вештини. Сепак поголемиот дел од овие вторите имаат одредени критериуми за големината на оградениот простор, па никогаш не би ловеле во помали огради.

  

Извор на фото: Нетпрес

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 61%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842813
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
251
731
3319
10398
842813

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 05:07:30
Web Analytics