Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Врвниот стрелец Златан Ибраџимовиќ дојде да стрела и во Македонија

Posted by  Published in: Разно

Малкумина знаат дека врвниот голгетер и фудбалер од висока класа Златан Ибраимовиќ е пасиониран ловџија. Овој фудбалер кој има голем број фанови во нашата држава, минатиов викенд пријатно ги изненади штипјани, кои долго време со голема недоверба го гледаа неможејќи да им поверуваат на очите дека во нивнот друштво е токму тој, а е некој што многу личи на него.

Популарниот Ибра воопшто не се криеше, туку напротив како и секогаш ведар и насмеан љубезно се поздравуваше и се фотографираше со оние кои го препознаа. Богами баш е фора да имаш фотографија со Ибра и тоа во Штип. Којзнае колкумина се имаат сликано со некој од нашите политичари, но само неколкумина таа привилегија ја имаат со Ибра.

 

 

 

„Ибрахимовиќ делуваше како сосема обична личност, без било каква придружба се движеше во индустрискиот дел на градот каде се сместени и бројни ресторани. Кога влезде внатре многумина посакаа да се сликат со него, а тој никого не одби“,изјави еден од келнерите вработен во ресторанот во кој Ибрахимовиќ ручал.

Тој е познат како пасиониран ловец па се шпекулира дека во Штип дошол да лови во познатото ловиште на Серта, каде секоја година на лов доаѓаат најмногу Грци но и голем број на ловџии од високите слоеви на светскиот џет-сет и политички елити.

Колку денови ќе остане Ибра во Македонија и во Штип останува мистерија, но голем број штипјани вечерва тргнаа во „лов“ на Ибахимовиќ сакајќи да го видат Швеѓанецот во живот и да си направат фотка за сите времиња со оваа легенда на современиот фудбал.

 

 

Изгледа ни самите не сме свесни за можностите кои од господ ни се подарени. Ова е доказ дека имаме убава природа и ловишта кои нудат големи можности за развој на џет-сет ловниот туризам. Се надевам дека државата ќе има слух за проблемите на ловџиите и концесионерите со ловишта и преку законски измени ќе го потпомогне развојот и ќе им ја олесни работата на ловечките друшта и другите концесионери.   

Подобра промоција и реклама за ловството од посетата на ваквите јавни личности не може да има. Затоа во иднина државата и ловечката федерација треба да најдат модел како да го искористат присуството на вакви личности за афирмација на маите терени за лов во светот.

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

718980
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1546
658
3590
16092
718980

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:29:35
Web Analytics