Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловџија од Беровско мислејќи дека пука во дивеч “уловил“ соселанец

Posted by  Published in: Разно

Серијата несреќи при лов кои ја зафати нашата држава продолжуваат. За жал новата година започнува со неубава вест за сите ловџии, па се надевам дека тоа може да биде добра поука за сите ловџии добро да внимаваат каде и во што пукаат.

Во последниот ден од старата година ловџија од беровското село Будинарци околу 12 часот во атарот на ова село, кај месноста викана „Лесови ливади“, мислејќи дека пука во дивеч “уловил“ соселанец.

Како што информира МВР, додека бил на лов И.П. (1981) од село Будинарци, во еден момент на оддалеченост од околу 60 метри забележал движење на гранките на блиската смрека. Тој се посомневал дека станува збор за дивеч, по што испукал еден истрел во воздух, а потоа вториот истрел го насочил кон смреката.

Веднаш по истрелот, ловџијата И.П. слушнал вресок, по што отрчал кај смреката каде го затекнал С.К. (1954) од село Будинарци, кој во моментот собирал плодови од смрека. Во сета несреќа, среќа што овој настан не зафршил фатално и С.К. се здобил со повреди од сачмите во пределот на двете нозе.

Повредениот веднаш по настанот бил пренесен во Здравствен дом -Берово, од каде со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Клинички центар Штип и за среќа е надвор од животна опасност.

Ваквите случаи треба да се поука за стие ловџии, дека поважно од уловот е да се биде сигурен во што се пука, бидејќи за момент може да уништат нечиј живот, а со тоа и својот.

 

 

Weather

Mostly clear

19°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 64%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806030
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
395
509
3834
14295
806030

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:35:28
Web Analytics