Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Застрелан учесник на лов на диви свињи - кривична пријава за ловџијата кој го усмртил

Posted by  Published in: Разно

Ловот е исклучителен опасен спорт, при кој доколку учесниците во него не се придржуваат до строгите безбедносни мерки и процедури, може да има фатални последици по нив. Најнов доказ за тоа е несреќата која се случи во близина на браната Водоча кај Струмица, каде едно лице починало откако било повредено од ловна пушка во пределот на главата за време на лов на диви свињи.

Поради ова, секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица, поднесе кривична пријава против З.Ј (38) од Струмица, поради постоење на основано соменение дека пријавениот сторил кривично дело – “тешки дела против општата сигурност“.

Според извори од МВР, завчера (08.12.2017), околу 13,50 часот, кај месноста “Медев рид“, кое се наоѓа атар на с.Белотино, во близина на браната Водоча, горе пријавениот заедно со уште седум лица бил на групен лов на диви свињи. Пријавениот во еден момент испукал еден патрон со пушка сопственост на друго лице од село Белотино и го погодил лицето Ж.И. од с.Рич, кој бил задолжен за лоцирање на дивечот и во моментот кога се случил немилиот настан се движел по шумска патека низ непрегледна шума на оддлеченост од околу 30 метри. Според информациите Ж.И. честопати учествувал во акции на острел на дивеч како хајкач.

Како резултат на ова, Ж.И се здобил со влезна рана од оружјето во пределот на главата, од каде почнал обилно да крвари и паднал во безсознание.

Одкако видел што направил, пријавениот со намера да го прикрие настанот, ги известил другите учесници во ловот кои во меѓувреме дошле на помош, дека Ж.И од невнимание се самозастрелал, притоа ја зел пушката која ја користел сега починатиот и ја пренел на друго место на оддалеченост на околу 50-ина метри од местото на настанот, потпирајќи ја на една грмушка и враќајќи го петлето од пушката напред.

Откако повредениот од страна на другите учесници на ловот кои биле на лов бил качен на трактор, со цел побрзо да му се пружи лекарска помош, пријавениот ја земал пушката со која бил на лов, после што заминал кон брана Водоча. Таму тој земал метална жица и го одбравил затворачот на пушката кој бил оштетен, потоа го извадил, а употребениот патрон го фрлил во водите на брана Водоча. Потоа тој заминал пеш за село Белотино, каде му ја вратил ловечката пушка на лицето од кое претходно ја зел заедно со уште четири неупотребени патрони.

Екипа од итната медицинска помош од Струмица која била повикана од стран на учеснивците во ловот, но заради непристапниот терен два часа биле потребни Ж.И. да се префрли во струмичката болница каде им подлегнал на повредите. Потоа повредениот со медицинското возило веднаш бил префрлен во ЈЗУ Општа Болница- Струмица, каде и покрај пружената лекарска помош и реанимација, за жал им подлегнал на повредите.

Од извршените проверки од страна на истражните органи било утврдено дека пријавениот и починатото лице не поседувале огнено оружје со дозвола за оружје, ниту пак биле членови во Ловното дрштво „Беласица“ од Струмица на чиј ловен терен се случила несреќата.

По Наредба на јавен обвинител извршена е обдукција врз телото на починатиот, додека пријавениот е лишен од слобода и задржан во ПС од ОН Струмица.

По целосното расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица, изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-Струмица, а судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица на З.Ј. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

718972
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1538
658
3582
16084
718972

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:28:51
Web Analytics