Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Мечка нова жртва на примките

Posted by  Published in: Разно

За жал во изминативе години во Македонија со стапици или т.н. примки, се нанесуваат огромни штети на дивечот. Не ми е јасно како до сега државата не снајде сили и начин де справи со оваа девијантна појава во ловството, која се чини дека од година во година зема се поголем замав. Ловните друштва и концесионерите се во постојана борба со ваквите ловокрадци и уништувачи на дивечот, но без соодветна подршка од институциите, нивните напори се јалови.

Примки масовно се поставуваат низ целата држава, но се чини дека пограничните делови со Република Албанија се најпогодени. Таму ловочувартите и ловџиите често наоѓаат диви животни во распаѓање, бидејќи оние кои ги поставиле примките од разни причини не успеале да ги земат.

Примките на крајно нехуман и неселективен начин ги усмртуваат животните. На нив се фаќаат и угинуваат и загрозени видови на животни, кои се под строга заштита од државата. Најнова жртва на примките е мечка која била фатена во примка во националниот парк “Галичица“ во реонот на селото Љубаништа. Мечката била заглавена во стапица, поради што била повикана стручна ветеринарна екипа од Скопје да го ослободи животното. Тие се обиделе најпрво да ја успијат мечката, но за жал изгледа употребиле преголема доза за успивање и таа угинала. Овој случај предизвика големи реакции по социјалните мрежи, по што организациите за заштита на природата побарале одговорност на надлежните институции.

Од граѓанската организација Охрид СОС велат дека отако ја добиле информацијата решиле да го истражат целиот случај.

„Консултиравме неколку извори кои го потврдија настанот, кој се случил минатата сабота. Мечката била заглавена во стапица, била повикана екипа од Скопје, нашите извори не знаеја од која институција или служба биле. На локалното население не им било дозволено да се приближат до местото, кое го обезбедувале и припадници на Министерство за внатрешни работи. Употребена била муниција за зашеметување и успивање, но според нашите извори дозите биле преголеми, така што мечката воопшто не се разбудила. Според кажувањата на луѓето, ова бил втор ваков случај во Љубаништа“, велат од Охрид СОС.

 Сепак мислам дека тоа е сосема погрешно посочување на виновникот. Државата и невладините организации треба својот прст да го насочат кон поставувачите на примки и да превземат мерки за сузбивање на овој начин на уништување на дивечот.

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

719001
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1567
658
3611
16113
719001

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:31:44
Web Analytics