Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Гостиварските ловџии на дело

Posted by  Published in: Разно

Деновиве ни стигнаа интересни податоци и фотографии од познатиот гостиварски ловџија Бране Ѓорѓиоски, кој со својата ловечка група успеале да одстрелаат вистински “звер“ од вепар. Судејќи по ваквите примери кои се овековечени со фотографскиот апарат, нашата држава има со што да се гордее и да се пофали во светските ловечки кулоари.

Иако овој одстрелан капитален вепар не е тежински измерен, несомнено тој е еден од најкрупните одстрелани вепрови во гостиварските ловни терени последниве години, а допрва следува обработување на трофејот односно забите и нивно мерење.

Тука повторно може да го наметнам прашањето за евиденција на ловечките трофеи од нашата држава, со кои во иднина би можеле да се промовираме како одлична ловечка дестинација на разни саеми низ светот.

Одстрелот е извршен на терените на ловечкото друштво “Муфлон од Гостивар, кое стопанисува со ловиштето “Железна река”Одстрелот е извршен во атарот на с. Падалиште и е дело на ловџијата Зоран Мерзаноски кое го извршил со ловечки карабин кал.30-06 и зрно ппу 11,7 г.

  

Ловци од Л.Д. “Муфлон“ од Гостивар

 

Дел од оваа ловечка група во овој успешен лов биле и преседателот на ловечкото друштво “Муфлон“ Шпетим Џелили, како ловците Мики Велјаноски и Бране Ѓорѓиески. Секако дека заслугите ода овој успешен лов им припаѓаат на сите нив, бидејќи добрата организација и дисциплина на сите учесници во ловот е пресуден за неговата успешноста, а кој ќе го круниса ловот со прецизен истрел е чиста среќа и случајност во право време да се биде на вистинско место.

Овој улов не е едниствен на оваа добро организирана и уиграна екипа, бидејќи од почетокот од почетокот на оваа сезона оваа група на ловци има одстрелано повеќе диви свињи и веќе долги години важи за најуспешна група во Гостиварскиот регион, а според трофеите и фотографиите веројатно и пошироко.

 

 

 

Добар концесионер и одгледувач на дивечот

 

И не само тоа, ловиштето со кое стопанисува ова ловечко друштво важи за едно од најдобрите и најубави ловишта за дива свиња и срнски дивеч во полошкиот регионНивните постојани напори и активности поврзани со одгледно-заштитните мерки, резултираат со зголемување на бројноста на дивечот, како на дивата свиња, така и на срнечкиот дивеч, кој се во постојан пораст и се карактеризираат со голема трофејна вредност.

Сето тоа е резултат на редовната прихрана која интезивно се врши на повеќе локации низ ловиштето преку целата година и за која цел се изградени голем број на хранилишта и солишта, но и поилишта и други ловно технички објекти.

Покрај тоа, големо внимание се посветува и на заштитата на дивечот, за која цел постои добро опремена и обучена ловочуварска служба, но и видео надзор низ ловиштето, па успехот во ловот и стопанисувањето со дивечот во ловиштето се загарантирани.

 

А нешто и од минатата година ...

 

Во текот на сезоната се врши и планираниот одстрел на срндак, а ловиштето изобилува со преубави трофеи. Па така, оваа година во ловиштето беа застрелани и неколку прекрасни срндаци.

 


 

Покрај тоа, ловците од ова ловечко друштво силно работат и на промовирање на ловечката култура, етика и морал при лов,при што му се оддава посебно внимание и почит на одстрелениот дивец.

Благодарение на неколкуте ловци ентузијасти од ова ловечко друштво, успеава да ја оживеат и желбата за собирање на ловечки трофеи, која ја подигнаа на едно повисоко ниво и со својот пример ја покажуват ја суштината на ловот.  Секако дека и месото е една од придобивките на ловот, но не треба да се заборави дека најголемата вредност на дивечот е неговиот трофеј, што ловците од ова ловечко друштво добро го знаат и затоа големо внимание посветуваат на правилна обработка на овие трофеи.

 

Дел од трофеите на ловците од ЛД “Муфлон“

 

За крај би додал дека државата треба да најде модел да ги заштити и награди добрите концесионери со дивечот во ловиштата, бидејќи тие не само што добро се грижат за државната сопственост која им е дадена на одгледување, заштита и стопанисување, туку се и добри промотори на ловството во светот. 

 

Weather

Cloudy

3°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 73%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842850
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
288
731
3356
10435
842850

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 05:34:50
Web Analytics