Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Во Хрватска се укинува ловостојот на маториците поради зголемениот број на диви свињи

Posted by  Published in: Разно

Интересна вест пристигнува од Хрватска, каде ловците ја губат битката со дивите свињи. Таму дивата свиња е во страшно голема експанзија, па властите се подготвени да превземат радикални чекори за регулирање на нејзината бројнот.

Министерството за земјоделство на Република Хрватска одлучи да ги укине на ловостој на дива свиња, која важи од февруари до крајот на јуни. Тоа моментално е отворена тема за дискусија на “eSavjetovanju“, каде што граѓаните на Хрватска можат да го напушат својот коментар и да го кажат својот став по ова прашање.

Засега ловостојот на маторици е од 1 февруари до 30 јуни. Со одредба која планира да ја донесе Владата на Хрватска, маториците ќе можат да ловат во текот на целата година ! 

Иако многумина би помислиле дека оваа одлука ќе ги израдува ловците, сепак не е така, бидејќи има голем број на ловци кои не го поддржуваат предлогот.

Според мислењето на Министерството за земјоделство измена на правилникот е потребно и се должи на зголемувањето на бројот на дивите свињи во цела Хрватска но исто така и на "промена на нејзината биологија".

- Доаѓа до појава на двојно "прасење" (два легла на младенчиња) во текот на една година, што е резултат на поповолните климатски промени, полесен пристап до храна и делумно генетски "загадување" кое е предизвикана од воените дејствија за време на домовинската војна во која напуштените димашни свињи се вкрсувале со дивите, неведуваат извори од министерството.

Како последица на зголемување на бројната состојба на дивите свињи, се поголеми се штетите врз земјоделските култури, проширен е нејзиниот ареал и се почесто во потрага по храна навлегуваат во населените места, при што покажува се помалку страв од човекот.

Покрај тоа зголемување на бројноста на дива свиња претставува потенцијална закана за биолошката разновидност и за бројноста на другите видови на дивеч и диви животни.

Предложените измени би требале да придонесат за намалување на вкупниот број на диви свињи, пишува хравтскиот 24 часа.

Помеѓу поголемиот број на коментари и мислења на “eSavjetovanju“ ги издвоивме следниве два:

 

Марио Kasupović: Ако се одстрелаат маториците, младите ќе умираат полека од глад.

 

“Лично, мислам дека оваа промена нема никаква смисла, особено ако маториците се гравидни или водат млади. Очигледно е дека со оваа измена се сака да се намали популацијата на дивите свињи во целата земја во експанзија. Бидејќи ако се застрела маторица која во себе има развиено 10 младенчиња, каде е тука етиката или да води 10 младенчиња који зависат од нејзиното млеко, автоматски се осудени на спора смрт од глад и тука нема никаква ловечка етика.“

 

Едуард Граф: Зошто да се дозволи застрел на маторици во време на лактација? Не е цивилизирано!

 

“Како е можно да е дозволен застрел за време на гравидност или лактација на маториците. Што во тој случај со младите ако се застрела маторицата, а тие се зависни од нејзиното млеко ? Мислам дека тоа би бил преголем преседан во ловостојот и дека тоа не би било добро прифатено во меѓународната заедница, особено меѓу заштитарите на животните. Таквите постапки (или некои отстапки) не се за цивилизирано општество какво што го чувствуваме што припаѓаме.“

 

Извор: 24 часа

 

 

Weather

Mostly clear

19°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 64%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806063
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
428
509
3867
14328
806063

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:36:51
Web Analytics