Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Уште еден капиталец уловен во Кичевско кај село Козица

Posted by  Published in: Разно

Кичевските ловци оваа година повторно се покажуваат во блескаво издание. Очигледно тука традицијата и вештината за лов успешно се пренесуваат од една на друга генерација, па како и одсекогаш во кичевско и денешниве генерации се вистински експерти за лов.

Изгледа кога природата дарувала, овој ловен регион го дарила не само со прекрасна убавина, туку и со изобилство на дивеч, помеѓу кои и примероци кои заслужуваат восхит. Најнов бисер во круната на ловот на кичевските ловџии е вепар капиталец од околу 200 кг, кој го отстрелала група ловџии Козичани во близина на славното револуционерно село Козица.

Ова село се наоѓа речиси на самата граница помеѓу ловиштата “Прострање“ и “Турла“, па точно не е познато во кое од овие ловишта е отстрелана дивата свиња. Како и да е, и двете се прекрасни ловишта и изобилуваат со дива свиња.

 

 

Ловџијата Александар Смилевски со капиталниот улов

 

Колку за потсетување, Козица е родното село на големиот македонски војвода Јордан Пиперката, кој бил закрилник на Македонскиот народ и голем Македонски патриот.

 

 

Најдобриот ловџија од Козица

 

Ако ги прашате кичевчани, ќе ви кажат дека најдобриот ловџија во поранешната СФРЈ потекнува токму од село Козица и се викал Метко Стојаноски со прекар Мечкарот. Метко мечкарот бил идол и водич на голем број ловџии и високи функционери на поранешна Југославија. Тој бил надалеку познат како водич само за крупен, трофеен и опасен дивеч кој правел штети на населението во Западна Македонија.

  

 

Метко Стојаноски - Мечкарот од село Козица

 

За Метко мечкарот во денешно време постојат голем број на вистински приказни и анегдоти. Тој истовремено бил и забар, поради што постојано со него носел клешти, па ако некој имал болки, без мака на лице место му вадел заб. Како што велат постарите, постојано бил полн со хумор, а бил и голем мајтапчија, поради што сите го знаеле и почитувале.

 

Weather

Mostly clear

19°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 64%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806027
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
392
509
3831
14292
806027

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:35:16
Web Analytics