Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Се подготвуваат измени на Законот за ловството

Posted by  Published in: Разно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на средбата со пехчевските ловџии изјави дека ќе биде поедноставена постапката за полагање на ловечкиот испит и дека Законот за ловството ќе претрпи одредени измени. Тој истакна дека измените на законот кои се дел од ветувањето во владината програма се во процедура и дека поради предизборниот период се очекува истите да се донесат следниот месец, додека првото полагање на ловечкиот испит да отпочне од декември или јануари следната година. Со тоа, ќе се врати досегашниот начин на полагање на ловечкиот испит, а досегашното полагање по електронски пат што беше прилично комплицирано и со одредени дополнителни трошоци за кандидатите, ќе биде укинато.

Воедно, со новите законски измени испитот ќе може да се полага преку целата година. Како причина за измените на законот е тоа што полагањето не можело да се спроведе поради изминувањето на рокот на Договорот со испитниот центар, а процедура за нова јавна набавка не била навремено спроведена.

Според министерот Николовски, новата комисија ефикасно ќе го спроведувала испитот, а преку 1.300 идни ловџии ќе имаат прилика да полагаат со претходно доставена апликација, без никакви доплнителни трошоци.  

На средбата министерот Николовски истакна и дека наскоро ќе биде објавен оглас за доделување на концесии за стопанисување со дивеч за ловиштата кои моментално се без концесионер. Покрај тоа, Владата планирала да им помогне на концесионерите на дивечот во ловиштата со унапредување и доделување на повеќе средства преку Програмата за развој и унапредување на ловството и за одгледување и заштита на дивечот во репроцентрите. Преку оваа Програма, Владата на Република Македонија би финансирала разни мерки кои би им помогнале на концесионерите за одржливо стопанисување со ловиштата, како и за унапредување на ловството. Досега за помош на ловиштата се издвојуваа минимални средства, кои воглавном беа насочувани за неколкуте државни ловишта.

 

Дали е тоа доволно ?

 

Се наметнува прашањето дали на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски реално му е предочена состојбата со ловстото во нашата држава, бидејќи не само што Законот за ловството треба да претпрпи темелна промена, а не само “козметички“ дотерувања, туку треба да се изменат и други закони кои имаат негативно влијание врз ловството.

Така на пример, убаво би било министерот да биде посоветуван и дека е потребна измена и на законот за оружје, бидејќи процедурата за набавка на ловечко оружје е исклучително комплицирана, ограничувачка и скапа. Често ловџиите кои ќе поднесат барање за набавка на ловечко оружје се одбивани за банални причини, па ловечките друштва имаат проблем со зачленување на нови членови, што секако негативно се одразува на прибирањето на финансиски средства за плаќање на концесиите и за задолжителните одгледно-заштитни мерки за дивечот.

Покрај тоа, треба да се намали и цената за застрел на срнскиот дивеч, бидејќи тој значително ја крева цената на концесијата на ловиштата, а реално концесионерите на ловиштата ниту можат да го наплатат нејзиниот застрел, ниту може да затрелаат толку дивеч. Навистина не ми е јасно, како може, на пример цената за застрел на дивокоза да е речиси два пати пониска од таа за срнскиот дивеч, кога се знае дека дивокозата е далеку поатрактивна за ловниот туризам, а нејзиниот лов многу поскап. Покрај тоа како споредба, за застерел на волк не се плаќа концесија, но Македонија е надалеку позната за лов на волк и ловните туристи плаќаат значителни средства за тоа задоволство. Слична е состојбата и со прелетниот дивеч. Парадоксално, но во нашата држава најдоходовни се ловиштата за ситен дивеч во кои може да се лови прелетен дивеч за кој не се пресметува концесија, а ловиштата за крупен дивеч во однос на нив имаат исклучително високи концесии токму благодарение на високата цена на срнскиот дивеч.

Исто така, треба да се предвидат и полигони за лов на фазански дивеч, во кои ќе може да се лови во текот на целата година.

Покрај тоа, под итно државата треба да најде модел како да ги заштити совесните, вредните и добрите концесионери со дивечот во ловиштата, бидејќи наскоро ќе дојде нов циклус за доделување на ловиштата, па голем број од нив може да останат без своите најдобри ловишта. Се плашам да не се повтори искуството од минатото, кога некои од нашите најдобри ловишта ги изгубива дотогашните коцесионери кои исклучително добро стопанисуваа со нив, па се доделија на нови концесионери кои се покажаа како исклучително лоши и од тие наши ловишта “бисери“ останаа само убави спомени од некои минати времиња.

Да напоменам дека во нашата држава има 266 ловишта, од кои 144 ловишта се за крупен дивеч, а 122 ловишта се за ситен дивеч. Наскоро ќе почне да истекуваат концесиите за ловиштата за ситен дивеч, бидејќи нивната важност е 10 години.

Ова се само дел од потребните измени и доплнувања на Законот за ловството, па се надевам дека работните групи сериозно ќе ги земат во предвид. Многу е важно при тоа да бидат консултирани ловците, ловечките друштва и сите други концесионери, бидејќи тие се најмногу засегнати од проблемите и воедно тие се единствените кои ги имаат најдобрите решенија - само треба да се сослушаат.

 

 

Weather

Mostly clear

19°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 64%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806035
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
400
509
3839
14300
806035

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:35:43
Web Analytics