Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Шумските пожари и влијанието врз ловството

Posted by  Published in: Разно

Ловџиите и ловечките друштва често се жалат за негативното влијание на шумските пожари врз бројноста на дивечот во деловите од ловиштата кои биле опожарени. Иако во научните кругови во светот постојат поделени мислења за тоа дали шумските пожари имаат негативно влијание или се од полза за дивите животни, во недосататок на соодветни научни истражувања за условите во нашата држава, како одреден показател може да се земе искуството на ловџиите кои се сведоци дека треба да помине подолг временски период за дивечот повторно да се врати во опожарените површини и да се нормализира неговата бројност.

За жал во нашата држава последните години појавата на шуските пожари зема се поголем замав, така што секоја година се поголеми површини се зафатени со шумските пожари и под нивното влијание се уништуваат природните биотопи на дивите животни. Оваа појава зема алармантни размери, затоа е неопходно надлежните органи во нашата држава да превземат одредени мерки за спречувањето на шумските пожари и намалувањето на нивните негативни последици.

Во најголем случај предизвикувач на шумските пожари е човечкиот фактор. Праксата во нашата држава покажала дека тиа воглавном се палат од овчарите кои сакаат да ги прошират површините под пасишта и да добијат на пролет млада и сочна трева, потоа од несовесни и невнимателни сопственици на обработливо земјиште кои ги палат стрништата што е особено штетно за ситниот дивеч, потоа според најновите тврдења собирачите на одредени видови печурки за следна да испровоцирааат поинтензивна нивна појава, но сепак мислам дека најштетни и најкриминални се т.н. “шумска мафија“ кои шумата ја палат за да остварат финансиска корист со сечење на опожарените дрва.

 

 

Недостатокот на дрва основа са уништување на шумите и ловните терени

 

Високата цена на огревно дрво овозможи во нашата држава да се формира и да стане премногу моќна т.н. “шумска мафија“, за која пред неколку години беше посветена една епизода од емисијата “Код“ на Снежана Лупевска. Поради големиот пазар, нејзиното влијане особено е големо во скопско, каде според одредени извори на годишно ниво се трошат по околу 350 илјади m³. Големата побарувачка и малиот капацитет на ЈП “Македонски шуми“ кои оваа година мака мачат да обезбедат за услови на Скопје незначителни 20-ина илјади m³, се плодно тло за голема заработка на “шумската мафија“. Остатокот на потребните дрва за снабдување на граѓаните на нашиот главен град се обезбедуваат преку приватните складови или “на црно“ преку нелегални сечи.

Изненадува капацитетот на приватните складови, кои наводно преку приватните шуми и со дрва за огрев од увоз, заедно со количината на дрва од снабдувачите “на црно“, обезбедуваат преку 300 илјади m³ (Ова е личен заклучок бидејќи до почетокот на грејната сезона, речиси сите се снабдени со дрва за ограв), што за ЈП “Македонски шуми“ која стопанисува со околу 90% од шумите во Македонија е многу тешко остварливо.

Се наметнува прашањето од каде се снабдуваат со дрва приватните складови во Скопје, па и во другите поголеми градови во Македонија. Еден од изворите се приватните шуми, потоа мал дел од увоз, но сепак најголем дел изгледа дека доаѓаат од државните шуми кои по правило би требало да завршат во складовите на ЈП “Македонски шуми“ и да се продаваат по цена од околу 2.400 денари, а не нивната цена да достигнува и до 4.000 денари во приватните складови.

Тука сега доаѓаме до допирната точка со ловството – шумските пожари, кои за ловџиите се штетни и имаат негативно влијание врз дивечот.

 

 

Обезшумена површина после шумски пожар


 

Дали пожарите се смислена појава ???

 

Значителен дел од овие дрва за огрев се од опожарени површини. Е сега, за да се задоволи големата побарувачка потребно е да има голем број на пожари, кои во природни услови доколку се исклучи факторот човек, многу ретко се случуваат.

Затоа, постојат основани сомнежи дека одредени лица ќе си одберат дел од шума кој им одговара за да се снабдат со дрва за препродажба или за своите складови за огревно дрво, па изненадно во тој дел ќе избие пожар со што ќе се создадат услови за да се исече опожарената дрвна маса од овој дел од шумата. Сега на ред е на терен да излезе шумарскиот инспектор и да даде со Записник да даде задолжение да се изработи Анекс на Посебниот план за стопанисување со шуми за опожарената површина. Со тоа се задолжува стопанисувачот, односно ЈП “Македонски шуми“ да си изработи сам на себе Анекс и да предвиди да се посече целата опожарена површина, што не е спорно и се си е согласно Законот за шуми.

Откако ќе се изработи Анексот, доаѓа на ред “умешноста на убедување“ на правното лице кое најчесто е сопственик на склад за огревно дрво, одговорните лица во ЈП “Македонски шуми“ зададената површина наместо да ја дадат на тендер и да заврши во складовите на ЈП “Македонски шуми“ од каде што граѓаните ќе се снабдат со огревно дрво по пониска цена, да му ја дадат преку наводна јавна постапка токму на него и да заврши во неговиот приватен склад.

Откако ќе ги убеди одговорните лица да му ја дадат дрвната маса (во наводниов случај) на сопственикот на приватниот склад, се склучува со него најчесто Договор за продажба на огревно дрво на пенушка (или на шумско-камионски пат). Дури постојат и индиции дека се местат тендерите за превоз, бидејќу се дава нереално ниска цена за превоз, а за возрат превозникот бара од 20-50% од огревното дрво да му се даде на него како надомест за ниската цена (демек цената кој ја понудил самиот тој не била рентабилна за него). Така, тендерашот кој врши превоз си прави селекција на квалитетот на огревното дрво па огревното дрво со лош квалитет завршува во складовите на ЈП “Македонски шуми“, а квалитетното и убавото во приватните складови.

Инвентивноста е отидена до таму што е смислен и нов начина на продажба на дрво за огрев на правни лица со т.н. Договор за продажба на огревно дрво покрај пенушка, каков вид на продажба не е предвиден со Законот за шуми. Ова се правда со некаков Ценовник, но Ценовникот не може да биде над Законот, бидејќи Законот за шуми прецизира како, на кого и под кои услови може да се продава огревно дрво. 

И тоа не е се. За да се заработи повеќе, се бара од ЈП “Македонски шуми“ на терен да излезе Комисија за декласирање на дрвната маса и да ја намали вредноста на дрвата што е можно повеќе, за да може да си ја откупи за некоја багателна цена, со што и се нанесува дирактна финансиска штета и на ЈП “Македонски шуми“.

 

 

Надлежните органи да превземат мерки

 

Еве ова е еден од “можните“ начините како се полнат со дрва за огрев приватните складови каде се продаваат по астрономски цени, додека граѓаните секоја година мака мачат да ги добијат одамна уплатените дрва во ЈП “Македонски шуми“ по цена утврдена на Владата на Република Македонија. А можеби ништо не е случајно и со тоа се приморуват граѓаните да се снабдат со дрва за огрев во некој приватен склад и да ги плаќаат по значително повисока цена ?!?

Со ова се нанесува голема штета не само на граѓаните кои масовно се осиромашуваат, туку и на шумарството во целост како и на ЈП “Македонски шуми“ кое тоне во долгови и мака мачи да ги обезбеди платите за вработените и давачките кон државата. Поради ваквата појава постои опасност во блиска иднина Македонија да биде значително обезшумена, а со тоа и со помалку дивеч и терени за лов. 

Се надевам дека надлежните органи ќе ги имаат ова во предвид, и ќе направат напори да ги сопрат евентуалните вакви манипулации. Можеби како една мерка би била Владата на Република Македонија со Закон да забрани опожарената дрвна маса да се дава на правни лица, туку исклучиво таа да биде наменета за складовите на ЈП “Македонски шуми“ од каде граѓаните ќе се снабдуваат со огревно дрво по гарнатираната цена од самата Влада или по пониска доколку дрвната маса треба да се декласира.

 

Weather

Mostly clear

12°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 78%
Wind: W at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

817990
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
489
523
1012
8829
817990

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 22:32:07
Web Analytics