Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Прогласена епидемија на трихинелоза во Чаетина во Република Србија

Written by  Published in: Разно

Во еден од претходните постови пишувавме за трихинелозата и за опасностите кои домнат од оваа болест која се пренесува од дивите животни врз човекот. Исто така информиравме дека има случаи од оваа болест да се заразуваат ловци од соседна Република Бугарија. Очигледно обрачот околу нашата држава од оваа заразна болест се повеќе се стега, бидејќи во соседна Република Србија во реонот на Ужице е прогласена епидемија на оваа болест. Тамошните власти претпоставуваат дека се заразени околу 500 лица од општина Чаетина и Златибор, кои консумирале заразено месо од дива свиња.

Во болницата во Ужице биле хоспитализирани 12 пациенти, од кои четири деца, а во минативе денови биле прегледани околу 180 лица кои консумирале заразено месо, од кој број кај 94 пациенти било потврдено присуство на трихинелоза. Поради ова Заводот за Јавно Здравље од Ужице пријавил епидемија на трихинелоза за територијата на општината Чаетина и на Златибор.

Според директорот на Здравствениот центар сите пациенти се во стабилно здравствена состојба и нема потешки случаи. Бројот се зголемува секојдневно и се очекува таквата ситуација ќе продолжи се до крајот на фебруари, бидејќи периодот на инкубација изнесува 45 денови од денот на консумирањето на заразеното месо. Поголемиот дел од луѓето кои јаделе заразено месо имале треска и болки во мускулите. Кај некои од пациентите симптомите биле слаби, поради што биле пуштени на домашно лекување.

Надлежните органи наведуваат дека причинител на заразата е месо од две одстрелани диви свињи, кои биле уловени при регуларен лов во близина на село Златибор. Според претседателот на ловечкото здружение од Чаетина кој исто така бил задржан во инфективното одделение на Ужичката болница, биле земени мостри и била извршена ветеринарна анализа на месото, која покажала дека месото е исправно за консумирање. После ловот месото од дивите свињи го поделиле помеѓу себе ловците, кои од него направиле кобасици и шунка. Ова е причина поради која биле заразени голем број на луѓе, бидејќи понатаму ловците месото им го давале на нивните фамили и пријатели за време на празнувањето на стара нова година. На ловот имало и ловци од Сента, што допринело заразеното месо се консумирало и во ова место каде исто така се регистрирани заразени лица од трихинелоза.

Како одговорен за ширењето на оваа епидемија полицијата го сомничи ветеринарот од Чаетина кој дал потврда дека месото е исправно. На ветеринарот му е одредена мерка притвор бидеќи е осомничен за сериозни кривични дела против здравјето на луѓето и фалсификување на службени документи. Ветеринарот е обвинет дека при контролата на примероците од две диви свињи, кои биле уловени на 29 ноември на Златибор, не го применувал пропишаниот метод за контрола на месото.

Ова треба да биде добра поука ловците од нашата држава да бидат крајно внимателни и да практукуваат редовни ветеринални контроли од овластени институции на месото од уловениот дивеч, додека ветеринарите сериозно да сватат со каква одговорност се соочуваат. Оваа заразна болест зема замав во нашето соседство и веќе тропа на нашите врати, затоа не го ризикувајте вашето здравје и здравјето на вашите најмили.

 

 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741561
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
583
673
5068
11547
741561

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:31:18
Web Analytics