Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Вистината за фотографијата со волците

Posted by  Published in: Разно

Фотографијата која покажува чопор волци во изминатиов период беше вистински “бум“ на интернет и голем број на медиуми наведуваа дека таа со себе носи невероватна мистериозна приказна. Сепак, дали тоа е правата вистина?

Приказната која се пласира со фотографијата е силна и остава длабоки емоции. Кога ќе се прочита се гледа дека човековата фантазија и желба за сензација се навистина големи, при што од обична слика прават неверојатна приказна.

Медиумите објавуваа бомбастичен насло како фотографијата “Делува како обична фотографија со волци. Кога ќе ја прочитате тајната која ја крие, ќе бидете трогнати“. Вакава е приказната која е пласирана, со напомена дека станува збор за фотографија од Националниот парк Вантори Неамту во Романија:

“Првите три волци, кои го пробиваат патот низ снегот, се трите најстари, најболни и најспори членови на заедницата.  Тие го диктираат темпото, а во случај да наидат на опасност први ќе бидат жртвувани.  Да одат на крајот од колоната, веројатно толку многу би заостанале, што би се изгубиле и би биле лесен плен. По нив одат петте најсилни и најдобри волци од чопорот, кои се еден вид извидници, а позади нив во златна средина се 11 волчици. На волчиците грбот им го чуваат пет волци, а на крај на колоната е речиси изолиран водачот на чопорот, кој така оддалеку има одличен преглед на целата колона и се држи под контрола.

Меѓутоа, вистината за приказната од фотографијата е малку поинаква. Во потписот на фотографијата стои: “Фото: "Chadden Hunter за “Frozen Planet”.

Наведената фотографија всушност воопшто не е направена во Романија, туку на арктичкиот круг во северна Канада, во Националниот парк “Wood Buffalo“. Волците ги фотографирал Čaden Hanter при снимањето на фантастичниот серијал на BBC “Frozen Planet “, додека екипата пратила чопор со волци кој ловеле бизони. Според описот на фотографијата од BBC, на чело од наведениот чопор се наоѓа алва женката (која е водач на овој чопор), а по неа идат останатите волци во една линија, како би ја сочувале енергијата, со оглед на тоа што во периодот кога е направена фотографијата температурите се спуштале и до - 40 С°.

 

 

После долги часови на потрага и напнатост чопорот го присилило стадото да стампедо, надевајќи се дека некое еднгодишно бизонче ќе се оддели или ќе заостане за време на хаосот. Очигледно, едногодишното бизонче на оваа фотографија не успеало да им избега на волците, па тие се нафрлиле врз него и го совладале.

 

Weather

Mostly cloudy

25°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 46%
Wind: N at 22.53 km/h
Friday
Partly cloudy
20°C / 28°C
Saturday
Sunny
14°C / 32°C
Sunday
Sunny
17°C / 33°C
Monday
Thunderstorms
17°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

760651
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
349
513
2242
10506
760651

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-19 14:54:58
Web Analytics