Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Чакал - вистинска напаст во ловиштето

Posted by  Published in: Разно

За ловците чакалот е нешто слично како тревата во земјоделството. Ако не го ретчиш, тој ќе уништи се што ќе стигне. Откако повторно се појави на нашиве простори тој е се поброен со што воедно и штетите од него се све поголеми. На одредени простори успеа дури да ги потисне и отсекогаш тука присутните штетници лисиците.

Доказ за нивното присуство се спорадични отстрели на “чудно животно“ кое е поголемо од лисица, а помало од волк, потоа огласување на чудни и ретки зверки за кој зборат сликовити евиденции, извештаи, ловни хроники, пишани траги и сведочења.

Во последнава деценија е забележано масовното ширење на чакалот на просторот на нашата држава. Сега оваа врста е широко распространета во Македонија и може да се сретне речиси на целата нејзина територија. Чакалот ги населува надморските височини од 500 метри, а на планинските предели се среќава само спорадично поединечни примероци. Неговото ширење би можело да се окарактеризира како една многу брза и силна експанзија.

Причината за успешното ширење на чакалот во нашата држава, ја наоѓаме пред се во еколошката пластичност, прилагодливоста и прагматичноста на оваа врста. Тоа пред се може да се објасни на начинoт на исхрана на оваа сорта која е лешинар и некрофага врста, а истовремено и вешт предатор, што ја прави во поглед на прилагодливост, виталност и опстанок, единствена и успешна врста во природата. Постоењето на голем број т.н. диви депонии и несреденоста на легалните депонии, фрлање на умрените животни и нивните остатоци директно во природата, направило услови во кој храната им е достапна во доволна количина и тоа во периодот на годината кога животните услови се загрозени а тоа е зимата.

Сепак, кога станува збор за чакалот мора да се има во предвид и користа од овој вид за природата и ловиштата, бидејќи тој е чистач и има позитивна улога во поглед на отстранување на остатоците од умрените животни. Чакалот многу допринесува во намалување на глодарите затоа што тие се поголемиот дел од неговата исхрана. Чакалот исто така ги отстранува болните и слабите единки ловен дивеч, со што прави еден вид на природна селекција, што може исто така да се смета за позитивно.

Во поглед на ветеринарско санитарна превентива, чакалот претставува и потенцијална опасност, затоа што може да биде преносител на паразити и зарази. Трихинела носи една петина од популацијата на чакалот и многу е подложен на разни болести и зарази, а може да заболи и од беснило.

Бидејќи станува збор за заштитен вид на дивеч, кој во нашата држава ужива статус на заштитен дивеч чиј застрел е забранет, загубите кои ги трпи чакалот, пред се се предизвикани од разни болести, а забележани се бројни жртви во сообраќајот (газење по патиштата и пругите). Сепак еден дел од чакалите се и жртви на ловците, кои од невнимание и незнаење за повторната појава на чакалот на нашите простори, го мешаат со волкот или лисицата и несакајќи го застрелуваат. Во ловот чакалот страда на неколку начини, во случајна средба, при лов со погон на дива свиња и во лов на ситен дивеч, зајак, фазан, чекање на мрциниште и со хајка. Се лови релативно лесно, затоа што е многу плашлив и се подига веднаш, не внимава или заостанува. Интересен е податокот дека кучињата гоничи, искажуваат посебен интерес и страст да го гонат овој свој близок роднина.

Во поглед на исхраната, чакалот и конкурира на лисицата и како силна и витална врста ја потиснува. Зголемувањето на бројот на чакалот, готово секогаш го прати и опаѓање на бројноста и уловот на лисици, што е евидентно на бројни реони каде што оваа појава воочена. При појава на беснило, бројноста на лисицата е варијабилна, што претставува празен простор за ширење на чакалот. Како стојат сега работите, чакалот е биолошки појак и подобро од лисиците ги користи разновидните продукти и влијае на населението, навиките и обичаите на жителите и депониите.

 

Депонии

Сето она што луѓето фрлаат во природата како органско ѓубре, умрени животни, отпадоци од заклани животни и живина, чакалот ги користи и ги јаде. Освен исхраната со отпадоци, изнутрици, кожи, коски од домашни животни, чакалот околу депонијата има и многу глодари, особено глувци и стаорци.

 

Под заштита

Додека во содедните држави чакалот е прогласен за штетен дивеч кој може и треба да се застрелува во текот на целата година, во нашата држава согласно Законот за ловството ужива статус на трајно заштитен дивеч и не е дозволен негов одстрел (член 13), за чиј засгрел според оштетниот ценовник е предвидена глоба од 3.000 евра. Бидејќи станува збор за предаторски вид кој предизвикува големи штети како врз дивечот, така и врз домашните животни, потребно е државата што е можно поскоро да го дозволи неговиот застрел.

На големите штети врз дивечот, посебно врз зајците, алармираат ловците од оние подрачја каде чакалот веќе е во голема бројност. Како резултат на законските ограничувања тие се немоќни сведоци како пред налетот на чакалот се уништува дивечот кој грижливо го чувале и за кој вложувале големи средства и напори.

 

Непријатен штетник

Чакалот успешно пронаоѓа и ги уништува срнчињата, па претставува опасност по ловиштето и ловното стопанство, затоа што се намалува прирастот на срнски дивеч. Ненадминлив е во ограбување на птичји гнезда, готово на сите кои имаат гезда на земја. Особено страдаат штотуку изведените пилиња и јајца, а чести жртви се фазанските кокошки кои лежат на јајцата.

Во време на подивување и внесување на фазанчињата во ловиште, чакалите интензивно ги ловат, подучувајќи овој лесен плен штотуку стасаните млади во лов. Чакалот ефикасно пронаоѓа и лови млади зајаци, групно и организирано, со опколување, големи единки, во комбинација погон и заседа. Ловците од штипско, каде бројноста на чакалот веќе е исклучително голема, алармираат дека на оние терени каде што се појавил овој предатор, вистинска раткост е да се сретне зајак.

Покрај тоа, во соседните држави каде веќе е пренамножен чакалот, има податоци од телесно поголеми улови, како што се елени.

Од домашна стока напаѓаат мали и нечувани стада на овци и кози доколку во нивна близина нема кучиња чувари, а исто така и секакви пердувести животни кои му се достапни.

 

Weather

Partly cloudy

17°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 73%
Wind: SSE at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806120
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
30
455
3924
14385
806120

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-24 00:23:02
Web Analytics