Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Јавен повик за доделување на дивечот по пат на концесија за ловишта од Кочани,Струга, Скопје, Делчево и Дебар

Posted by  Published in: Разно

 На 31.09.2015 Владата на Република Македонија објави Јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони Кочани, Струга, Скопје, Делчево и Дебар. Предмет на овој јавен повик се вкупно 12 ловишта од кои 2 од ловен реон Кочани, 1 од ловен реон Струга, 4 од ловен реон Скопје, 1 од ловен реон Делчево и 4 ловишта од ловен реон Дебар. Ловиштата за крупен дивеч се доделуваат за период од 20 години, додека ловиштата за ситен дивеч за 10 години.

 Ловиштата ќе се доделуваат по пат на електронско наддавање, а ќе се одбере понудувачот со највисока понуда. За почеток на процедурата кандидатите потребно е да подигнат тендерска документација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по штоќе треба да достават понуди чија појдовна вредност е висината на 10 годишната концесија и одредени документи пропишани со законот за ловството и со тендерската документација.

После ова комисија составена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе изврши евалуација на документите од кандидатите и на сите понудувачи кои доставиле прифатливи понуди ќе им достави покана за учество на електронско наддавање. Како појдовна цена на електронската аукција ќе биде највисоката понуда, а висината на секое следно наддавање ќе треба да изнесува најмалку 5%. За најповолен понудувач ќе се смета учесникот кој понудил највисока цена за доделување на дивечот во ловиштето по пат на концесија.

По изборот на најповолен понудувач тој ќе треба да изработи и приложи развојна програма, која бидејќи не се бодува не е пресуден фактор за доделувањето на ловиштата и може да биде поедноставна.

На овој јавен повик ќе се доделуваат следниве ловишта:

 

Име на ловиште

Намена

Период на концесија

Брегалничко ловностопанско подрачје

реон Кочани

Бања

ситен

10 години

Подлог

ситен

10 години

Охридско-Преспанско ловностопанско подрачје

реон Струга

Велешта

ситен

10 години

Скопско-Кумановско ловностопанско подрачје

реон Скопје

Елово

крупен

20 години

Зелениково

ситен

10 години

Батинци

ситен

10 години

Говрлево

ситен

10 години

Влаинско-Малешевско ловностопанско подрачје

реон Делчево

Каменица

крупен

20 години

Охридско-Преспанско ловностопанско подрачје

реон Дебар

Стогово

крупен

20 години

Дешат

крупен

20 години

Бомово

ситен

10 години

Баниште

ситен

10 години

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 62%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842745
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
183
731
3251
10330
842745

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:23:43
Web Analytics