Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Во тек е јавен за доделување на 12 ловишта под концесија

Posted by  Published in: Разно

Владата преку Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен повик за доделување под концесија на дивечот во 12 ловишта кои се лоцирани во 5 ловни региони во Република Македонија. Рокот за поднесување на понудите е до 20 јануари 2015 година, кога ќе следува и нивното јавно отворање.

Три од ловиштата се за ситен дивеч и за нив концесијата ќе биде за период од 10 години, додека девет се ловишта за крупен дивеч и тие ќе бидат дадени под концесија на период од 20 години. Од нив по едно ловиште е од ловниот реон на Македонски Брод, Прилеп и Струга, четири се во Кочани и пет од ловниот реон Делчево.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска ги повика сите заинтересирани субјекти да ја подигнат тендерската документација и да учествуваат на електронското наддавање.

- На овој јавен повик право за учество имаат сите домашни правни лица и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во Република Македонија, согласно Законот за трговските друштва, кои ги исполнуваат условите од повикот и ќе подигнат тендерска документација и ќе поднесат понуда. Рокот за поднесување на понудите е до 20 јануари 2015 година, кога ќе следува и нивното јавно отворање, истакна Ѓорѓиев.

Во тендерската документација се содржани податоци за ловиштата, времетраење на концесијата (10 или 20 години), површина на ловиштата, десетгодишниот износ на концесиски надоместок утврден со ловностопанската основа за секое ловиште посебно кој е и почетна вредност на јавното наддавање, односно минимален концесиски надоместок, како и други услови и критериуми кои треба да се исполнат и се од значење за процесот.

- Минималниот концесиски надоместок наведен во тендерската документација, не е финалната сума која би ја плаќал концесионерот. Тоа е само сума која служи како ориентир за субјектите кои конкурираат на јавниот повик за да ја формулираат нивната сума на концесиски надоместок која ќе ја понудат во јавниот повик и која сума задолжително треба да е повисока од сумата на минималниот концесиски надоместок кој е предвиден во тендерската документација, појасни Ѓорѓиев.

Јавното отворање на понудите ќе биде на 20 јануари, а оние субјекти кои ќе ги исполнат општите услови и кои ќе понудат сума на концесиски надоместок која е повисока од сумата на минималниот концесиски надоместок ќе се стекнат со правото да учествуваат на електронската аукција. Во електронската аукција како појдовна цена на наддавањето ќе се земе највисоко понудената вредност, која останатите конкуренти ќе треба да ја наддаваат.

Оној понудувач кој предложил највисока сума на концесиски надоместок ќе треба во рок од 60 дена да поднесе доказ за материјално-технички услови (број на вработени, опрема, оружје и останати ставки согласно закон) по што ќе го склучи договорот. Доколку ги поднесе овие податоци во пократок рок, тогаш договорот би се склучил побргу.

Концесискиот надоместок за малите ловишта ќе се плаќа на 10 еднакви годишни рати, а за поголемите ловишта на 20 еднакви годишни рати, при што ратата за секоја година треба да се уплати до 30 јуни во тековната година.

Од Владата апелираат до сите субјекти да ја искористат оваа можност.

- Таа се карактеризира со полна транспарентност на целокупниот процес чија што финална гаранција е електронската аукција која се одвива за конечен избор. Стопанисувањето со ловиштата би значело нови можности за бизнис заедницата, бидејќи е доходовно и може покрај основната дејност да се надополнува и со профит од дополнителната дејност во врска со ловниот туризам. Сите субјекти кои имаат интерес за стопанисување во оваа сфера имаат можност уште отсега да се подготвуваат и да создаваат конкурентна предност која е потребна за потенцијално да се стекнат со правото на стопанисување на ловиштата, рече Ѓорѓиев. 

Во Македонија во моментот од постоечките 255 ловишта, под концесија се стопанисуваат 210 ловишта.


Weather

Cannot get Skopje location id in module mod_sp_weather. Please also make sure that you have inserted city name.

Translator

Visitors Counter

891590
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
204
667
4739
16676
891590

Your IP: 54.209.202.123
Server Time: 2019-01-20 06:51:09
Web Analytics