Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Во Штипско прегазено е диво животно кое 50 години не е забележано во Македонија

Posted by  Published in: Разно

 

Во Штип, во близина на Дестилерија, кон почетокот на месецов забележан е прегазен шакал (чакал), диво животно кое повеќе од половина век не е забележано на просторот на Македонија. Ловџиите од штипското здружение „Ловец“ излегле на лице место да извршат увид и на нивно големо изненадување заклучиле дека станува збор за шакал.

Со тоа се потврдуваат информациите кои во последно време кружат во ловечките кругови, дека во нашата држава после повеќе децении повторно се појавило ова диво животно. Во изминативе две години ловците од овие краишта често добивале поплаки од сточарите кои им се жалеле дека чудно животно помало од волк и поголемо од лисица им ги напаѓа стадата.

Секретарот на Здружението „Ловец“ од Штип, Ване Јованов вели дека шакалот е предатор кој е многу штетен и кој брзо се размножува. Според него, потребно е соодветното министерство да преземе итни мерки за да не дојде до негово пренамножување и нанесување на големи штети како врз дивечот, така и врз стоката.

- Зборуваме за многу штетен дивеч, зборуваме за предатор, кој се наоѓа некаде меѓу лисицата и волкот. Предатор кој што е интелегентен колку волкот, а брзо се размножува како лисицата. Функционира чопоративно на теренот и веќе приметуваме штети кај сточарството, а богами помеѓу двете пребројувања и намалување на зајачкиот дивеч, вели Јованов.

 

Шакали

Тој изјави дека е побарано од ресорното министерство да го впише шакалот на листата на штетен дивеч и да се обезбеди награда за отсрел.

Во нашата држава отсрел на шакал за последен пат е извршен во 60-тите години од минатиот век во близина на Дојран.

Повторната појава на шакалот во нашата држава секако дека е убава вест. Се разбира дека сега не треба повторно да си дозволиме тој да исчезне од овие простори, бидејќи предаторите имаат мошне значајна улога во природата. Сепак потребно е внимателно да се прати неговата бројна состојба и по потреба да се интервенира за да не дојде до негово евентуално пренамножување и нанесување на неприфатлифи штети врз дивечот и стоката.

Покрај во Штипско, информации за појава на шакалот има и во други ловни реони, воглавном по течението на река Вардар, од Гевгелискиот па се до Скопскиот ловен реон.

 

 

Weather

Cannot get Skopje location id in module mod_sp_weather. Please also make sure that you have inserted city name.

Translator

Visitors Counter

891641
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
255
667
4790
16727
891641

Your IP: 54.209.202.123
Server Time: 2019-01-20 07:24:46
Web Analytics