Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Дивокозите како резултат на глобалното затоплување значително се смалуваат

Posted by  Published in: Разно

Научниците неодамна објавија дека како резултат на потоплата клима дивокозите во италијанските Алпи во текот на изминативе неколку децении станале значително поситни.

Иако е познато дека глобалното затоплување предизвикува промени во големината на телата кај голем број на животни, оваа појава е многу подраматична одколку што досега мислеа научниците и укажуваат на тоа дека климатските промени на засега неразбирливи начини може да имаат значително влијание врз природните системи во блиска иднина.

Како што објавуваат научниците од универзитетот Дурхам од Велика Британија во списанието Frontiers in Zoology, младите алпски дивокози (Rupicapra rupicapra) сега тежат околу 25% помалку одколку животните од иста возраст пред 30 години. Во исто време, температурите каде што живеат овие дивокози пораснале за 3°С до 4°С.

Во текот на изминативе неколку години објавени се неколку трудови кои покажуваат дека сите видови дивеч, од цицачи до риби и птици, како што се интензивира климатското затоплување имаат тенденција да стануваат се поситни. Но научниците не очекувале толку изразени промени кај алпските дивокози во така краток период.

Научниците не знаат доволно за тоа како екстремната клима може да влијае врз популациите од овие видови, но според нив понатамошното затоплување може да биде проблематично за опстанокот на животните во иднина.

Сепак, ако се погледне бројноста на популациите ќе се согледа дека нивната бројност во изминативе неколку декади всушност е зголемена.

 

Премногу жешко за да се јаде ?

Научниците преку мерења на уловениот дивечот од ловците кое се врши уште од 1980 година, откриле промена во тежината на телата. Со овие истражувачки студии, за да се осигура споредба на животни од иста возраст, биле опфатени двегодишните единки. Кога тие забележале постојано намалување на големината на животните со текот на годините, почнале потрага по причината.

Намалувањето на достапната храна или нејзиниот квалитет како резултат на глобалното затоплување, предизвикало намалување на големината на единките и кај другите видови. Но од друга страна, сателитските податоци не покажуваат намалување на вегетацијата во италијанските Алпи во текот на изминатите неколку децении.

Научниците почнале да го проучуваат однесувањето на дивокозите. Познато е дека овие животни поминуваат повеќе време одмарајќи се кога е жешко, па така тоа довело до идејата дека можеби климата директно повеќе влијае врз нивнито однесување, одколку индиректоното влијание на нивната храна.

Со други зборови, научниците мислат дека дивокозите за да го избегнат нивното прегревање во потоплиот свет, минуваат повеќе време во одмор и помалку време во хранење. Тоа ја намалува нивната тежина на телата - што може да зајакнување на нивната способност за издржување на топлината. Кај одредени видови, помалите животни ја губат топлината побрзо одколку поголемите, бидејќи тие имаат поголема површина во однос на нивната телесна маса.

Како и да е, факторите поврзани со климатските промени, исто така можат да придонесат за падот на големината на телата.

Густината на популацијата на дивокози можеби е порасната како резултат на големите ограничувања за ловење. Тоа може да ја зголеми конкуренцијата за главните места за пасење, што може да придонесува за намалување на нивтата тежина.

 

Дали навистина е подобро тие да се помали ?

 Според Clifford Rice биолог од Washington State,s Department od Fish and Wildlife кој го проучува дивиот свет и дивокозите, постои потенцијална закана за планинските копитари во светот поради климатските промени, вклучувајќи намалување на живеалиштата, но какви точно би можеле да бидат тие последици ние сеуште не се знае.

Намалувањето на големината на италијанската дивокоза има потенцијална надолна линија. Според научниците, полесните дивокози не се прегреваат полесно, но тие може да бидат поосетливи на смртоносно замрзнување во текот на студените зими.  Балансот на овие два ефекти ќе зависи од тоа дали зимите ќе бидат топли како и летата во Алпите.

Откритијата на екипата научници може да имаат широка импликација за другите видови, или дири и за домашните животни. Според нив, ако климатските промени имаат слично влијание врз промената на однесувањето и телесната маса врз домашните животни, тоа може да има влијание врз продуктивноста на замјоделството во наредните децении.

 

Извор: National geographic


Weather

Partly cloudy

17°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 73%
Wind: SSE at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806078
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
443
509
3882
14343
806078

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:49:00
Web Analytics