Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Голема опасност се надвиснува над ограденото ловиште “Полаки“

Posted by  Published in: Разно

Во еден наш претходен натпис ви ги претставивме најубавите пет оградени ловишта во нашата држава, помеѓу кои со својата убавина и атрактивност се издвојува ограденото ловиште “Полаки“ од Кочани. Ова оградено ловиште не само што е најубаво, туку е и наше најбогато ловиште со елен лопатар и обичен елен. Тоа е градено и надоградувано од неколку генерации ловци и ловни работници, кои во него ја вградиле сета своја љубов и стручност од областа на ловството.

Сепак човековата глупост и лакомост се чини дека се безгранични, па она што грижливо се градело и создавало со децении, некои поединци во обид за лична корист се обидуваат пред нашите очи буквално “преку ноќ“ да го уништат. Тие немаат ни трошка совест, морал ни патриотизам, бидејќи за денар повеќе во сопствените џепови, ќе уништат еден од “бисерите“ на ловството во нашата држава кој треба да биде еден од нашите најголеми промотори за развојот на елитниот туризам во Осоговието.

 Деновиве голема опасност се надвиснува над ограденото ловиште “Полаки“ од одреден приватен проектант за проектирање и изградба на пат, кој во борба за поголем профит има намера низ средината на ограденото ловиште да изгради локален пат кој ќе ги поврзува село Турско Рударе со Пониква. За таа цел тој сака да го искористи веќе постојниот пат кој минува низ оградата, иако постои друга погодна траса за изградба на оваа сообраќајница, која се наоѓа во близина на долната граница на оградата. Со ваква постапка, последиците по овој репрезентативен ловен објект ќе бидат катастрофални и непоправливи.

Се наметнува прашањето дали со ова сака да прикаже поголеми трошоци за наводно пробивање и трасирање на веќе готов пат. Тој својот потег го правда со поголеми трошоци за пробивање на алтернативната траса, што е доста наивно и невистинито. Ако за него е толку голем трошок да се пробие алтернативниот пат, постои можност инвеститорот на пример да го ангажира ЈП “Македонски шуми“, кој речиси секојдневно пробива патишта на многу полоши терени за багателни пари во однос на неговите пресметки.

 

Складиште и поглед од ловиштето кон Кочанско поле

Иако одговорните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од секторот за ловството остро се спротиставуваат на оваа намера, се плашам дека поголемиот дел од одговорните луѓе кои треба да дадат согласност за изградба на овој пат не се свесни за штетата која ќе ја причинат на ловството, туризмот и воопшто на целата наша држава.

Со ова се доведува под знак прашање и електронска аукција за доделување на ова до неодамна државно ловиште кое е едно од “главните звезди“ на овој конкурс, бидејќи државата не ќе може да гарантира целовитост на ограденото ловиште. Иако се очекува тоа да постигне голема вредност на лицитацијата, после ваквите најави се поставува прашање дали тоа воопшто ќе биде случај и дали оној што ќе вложи големи пари во него ќе може да си ги поврати вложените средства.

Сепак искрено се надевам дека кај одговорните лица кои треба да дадат согласност за уништување на ова оградено ловиште ќе преовладува совеста и здравиот разум, и ќе го сочуваат овој ловно-туристички “бисер“ на нашата држава, бидејќи навистина не ми е јасно зошто со сите сили се обидуваме да создаваме вредности кога дозволуваме поединци во борба за поголем профит безобразно да ги ништат.


Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778452
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
277
411
2002
10258
778452

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:54:29
Web Analytics