Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Оценување на роговјето на срндакот

Posted by  Published in: Разно

Срната е природно застапена во нашата држава и се сретнува во сите ловишта за крупен дивеч и во дел од ловиштата за ситен дивеч. Таа до пред извесно време кај нас беше трајно заштитен дивеч, но поради значителното подобрување на нејзината бројност од неодамна е вид на дивеч заштитен со ловостој.

Како главен трофеј кај срнскиот дивеч е роговјето кое го има само срндакот, а како споредни трофеи се кожата, папците, препарираната глава и други делови од телото. Вредноста на срндаците се утврдува врз основа на квалитетот на нивното роговје, односно врз основа на бројот на поени освоени преку вреднување на одредени нивни карактеристики.

 Оценувањето се врши врз основа на параметри утврдени од страна на меѓународниот совет за лов (CIC), според кои за над 130 поени се добива златен медал, од 115,0-129,9 поени сребрен медал и од 105,0-114,9 поени бронзен медал. Како за споредба, согласно Ценовникот за лов на ЈП “Македонски шуми“ вредноста на застреланиот срндак во зависност од трофејот варира од 105 евра до 2.920 евра.

Оценувањето на роговјето кај срндакот се состои од неколку делови. Искусните ловци и ловни стручњаци вредноста на трофејот релативно точно можат да ја утврдат и со набљудување, но за нивно попрецизно оценување потребно е да се направат одредени мерења.

Должина на роговјето, се мери по средината на надворешната страна на секој рог, од долниот раб на ружата до врвниот парог. Се мери преку аголот кој го создаваат ружата и гранката. Пантликата треба да се оптегне и прилепи на гранката во правец на врвот на околу 2-3 cm над ружата. Со пантликата е потребно да се следат сите кривини на гранките до врвот на роговјето.  

Тежина на роговјето, се мери бруто тежина со помош на прецизна вага со грам точност. Од измерената бруто тежина доколку не се пројдени 3 месеци од одстрелот на дивечот се одзема 10% на име сушење. Потоа во однос на начинот на обработка на трофејот, доколку тој е со целиот череп (череп без долната вилица), од тежината се одбива 90 грама, односно 65 грама ако сечењето е извршено над забите од горната вилица.

Зафатнината на роговјето, се мери на специјална хидростатична вага на следниов начин: роговјето се потопува во сад со водата до долниот раб на ружите, така да черепот не дојде во котакт со водата. Рожиштата може да се потопат само во случај ружите да се со неправилен облик и тоа така што дел од рожиштето и ружите потопени во вода да биде еднаков на делот на ружата и рожиштето кој останал над водата.

Зафатнината на роговјето ја претставува тежината на истиснатата вода, односно разликата меѓу тежината на сувото роговје и неговата тежина по потопување во водата. Притоа се зема дека 1 грам вода одговара на 1 cm³.

Распонот на роговјето, се мери од внатрешната страна на најдалеченото место меѓу двете гранки. Распонот се изразува во проценти кои ги добиваме кога распонот измерен со пантлика во сантиметри ќе го поделиме со просечната должина на роговјето и помножиме со 100. Бројот на поени за распон се утврдува според следната табела.

 

Распон на роговјето / средна должина

до 30%

0  поен

од 30,01% до 35%

1  поен

од 35,01% до 40%

2  поен

од 40,01% до 45%

3  поен

од 45,01% до 75%

4  поен

над 75,01%

0  поен

            

Боја на роговјето

           

светли, вештачко обоени рогови

0

поени

црвеникави или светло-костенливи рогови

1

поен

костенливи рогови

2

поени

темно-костенливи рогови без сјај

3

поени

темно-костенливи, речиси црни

4

поени

 

Икричавост на роговјето (изразеност на икриците на роговјето)

 

мазни, речиси без икрички

0

поени

слабо икричави (ретки и мали икрици)

1

поен

средно икричави (мали но многу бројни икрици)

2

поени

добро икричави (мали и средно големи икрици по целото роговје)

3

поени

силно икричави (обилна икричавост по целото роговје)

4

поени

 

Ружи на роговјето

 

слаби (тенки и ниски ружи)

0

поени

средни (врпчести и слабо искричави)

1

поен

добри (во облик на круна и доволно висока ружа)

2

поени

силни (широки и високи)

3

поени

многу големи (полни, широки и високи ружи)

4

поени

 

Врвови на парозите

 

тапи, гнили и слабо изразени шилци

0

поени

тапи, без сјај и средно изразени шилци

1

поен

шилести и белузлави парози

2

поени

 

Додавање на поени на правилност и убавина на роговјето (со писмено образложение во трофејниот лист), оваа ставка оценувачот може да ја формира по слободна проценка и може да одели вкупно 5 поени и тоа:

 

за облик, правилност, симетричност и изглед на роговјето како целина

од 3

поени

за особено долги, правилни и убави парози

до 2

поени

 

Дополнителни поени за парозите:

 

нормално развиени парози (3,5-5,0 cm)

0

поени

добро развиени парози (5,0-6,0 cm)

1

поен

многу добро развиени парози (>6,0cm)

2

поени

 

Поени за оценување на убавината на роговјето додатоци и одбитоци може да се сметаат и на пола поен (0,5 поени).

Одземање на поени заради недостаток (со писмено образложение во трофејниот лист), во случај на сосем кратки парози, со неправилен облик, оштетувања кои влијаат на убавината на трофејот и сл., може да се одбијат вкупно 5 поени и тоа:

 

за парози

до 2

поени

за останати неправилности и грешки

до 3

поени

 

Одбивањето на поени за парози:

 

недостаток на парози, штотуку забележливи парози или многу кратки парози (2,0 – 2,5 cm)

2

поени

парози само на едната гранка или средно развиени парози (2,5 – 3,5 cm)

1

поени

нормално развиени парози (>3,5 cm)

0

поени

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

719017
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1583
658
3627
16129
719017

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:34:16
Web Analytics