Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Крај на ловната сезона 2013 за крупниот дивеч

Posted by  Published in: Разно

Викендов што помина, во отворените ловишта од нашата држава беше последниот за лов на повеќе видови крупен дивеч од ловната сезона на 2013 година. Од 1 февруари, согласно Законот за ловството започнува ловостојот на дивата свиња и срната, како и на обичниот елен кој за жал го има само во неколку ловишта од нашата држава. Еленот лопатар и муфлонот засега ги има само во оградените ловишта, па за нив може да се рече дека ловостојот нема значење.

 Тоа го искористија голем број на ловци кои за последен пат во оваа ловна сезона отидоа на лов на дива свиња или срна. Иако временските услови не им одеа во прилог, бидејќи токму овој викенд нашата држава беше зафатена со врнежи од снег и дожд, сепак тоа не беше пречка за ловците да ги заземат местата на пусиите и да му се препуштат на задоволството. Рака на срце снегот за ловците е пожелен за добар лов, па во оние места каде преку ноќта беше формирана снежна покривка, а во текот на ловот немаше врнежи, постоева одлични услови за лов на диви свињи.

На почетокот на ловната сезона, многу анализи покажуваа голема експанзија на дивата свиња во ловиштата од нашата држава. Поволните климатски услови, обилното плодоносење на дабовите и буката, поголемиот ред и грижа на ловците, отсуството на болести и сл., допринесоа за дивата свиња да се створат речиси идеални услови, па нејзината бројност значително се зголеми.

 

 

 



Ваквата состојба со дивата свиња позитивно се одрази врз ловците од нашата држава, па се чини дека оваа сезона помина многу успешно за голем број од нив. Така речиси и да нема дружина која нема да се пофали со по некоја уловена дива свиња. Со богат улов се крунисаа како ловците од западна Македонија, така и ловците од источните и централните делови од нашата држава.

Сепак , според слободна проценка, шампион оваа ловна сезона е ловиштето “Ниџе“, во кое имам впечаток дека оваа  ловна сезона нема кој не се омрси со месо од дива свиња. Не само битолчани, туку и голем број на ловци од сите краишта на нашата држава беа на лов во ова ловиште и можеа да се уверат во неговото богатство со дивеч.

 

 

Ловци во ловиштето “Ниџе“ - Битола


Редува фактот што и во оние делови од нашата држава, во кои до неодамна дивата свиња беше слабо застапена, оваа ловна сезона се уловија голем број на диви свињи. Ова посебно се однесува за ловиштата во источна Македонија, каде исто така многу ловци од лов се вратија со големи насмевки на лицата и диви свињи обесени на џиповите – колку да пукнат од мака душманите.

Срни се ловеа значително помалку од диви свињи, што е соодветно на нивната помала бројност. Иако во поголем дел од ловиштата можеше да се лови и овој вид на дивеч, изгледа зголемена е свеста на ловците за заштита на дивечот, па поради помалата бројност беше поштедувана од нив. Знам повеќе примери во кои иако ловци имале можност да уловат срна, поголемо задоволство им причинило нејзиното набљудување отколку уловот, па така се задоволиле само со нејзино фотографирање.

Сега може да се направат анализи за завршената ловна сезона и да се отпочнат подготовки за новата. Заврши манијата наречена лов на диви свињи па сега ловците може да се посветат одгледно-заштитните мерки за дивечот, за следната 2014 година да биде исто така бериќатна како минатата 2013 година. Во меѓувреме, својата ловџиска страст може да ја задоволат со лов на некои видови прелетен дивач, како што се дивите шатки и гуски или во некое од повеќето оградени простори за интензивно одгледување и застрел на дивеч во кои машките единки од крупниот дивеч се иземени од ловостојот.

 

 

 

Ловци од виничко

Ловци од ресенско

 

 

 

Ловци од кичевско

Ловци од валандовско

 

 

 

Ловци од скопско

Ловци од делчевско

 

 

 

Ловци од гостиварско

Ловци од поречието

 

 

 

Ловци од охридско

Ловци од прилепско

 

 

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

719074
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1640
658
3684
16186
719074

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:42:07
Web Analytics