Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Артемида - Античка божица на ловот

Posted by  Published in: Разно

Артемида (Грч. Артемис. Лат. Диана - ќерка на Зевс и титанката Лете, божица на ловот и животните, кралица на природата и божица на месецот) била сестра на богот на светлото и сонцето Аполон и според најстарите кажувања се родила на островот Делос. Нејзината мајка Лета нашла тука скривалиште од змејот Питон, кој ја прогонувал по целиот свет да ја убие по заповед на љубоморната зевсова жена Хера. Делос во тоа време било пловечко острово кое го носеле морските струји и го вртеле морските вртлози, но штом на него стапнала Лета, од морското дно се издигнале две карпи и му го заградиле патот, како и на Питон. Тука, во гората Кинт, Лета родила близнаци Артемида и Аполон. Според друга верзија, ги родила во шумата Ортигија во Ефес. Во неговата близина грците го подигнале храмот на Артемида, кој станал едно од “седумте светки чуда”. 

 Без оглед на тоа која верзија е точна, Артемида е очигледно, божица од малоазијско потекло. Култот на Артемида во најстаро време се проширил по целиот антички (грчки) свет, а покасно и на римскиот. Првобитно ја почитувале како божица на природата која владее со сите живи суштества. Со оглед на тоа што братот на Артемида бил бог на сонцето, таа станала божица на месецот, а како божица на природата станала и божица на нејзината плодност. Била заштитница на шумите, на ливадите и полињата, а исто така и на се што денес го нарекуваме производство на билни култури. Како божица на плодноста во својот делокруг го имала и породувањето. Така, чим се родила, на својата мајка Лети и помогнала при породувањето на нејзиниот брат Аполон. Артемида била и божица на лековитите извори. Можела на луѓето да им испрати лудило или смрт.


Храмот во Ефес посветен на Артемида - едно од “седумте светски чуда“


Таа е една од ретките божици кои никогаш не се омажила. Од самиот почеток па се до згаснувањето на својот култ останала девичанска божица. Од најстарите времиња и ја припишувале страста за ловот. Уметниците ја прикажувале со лак и стрела, во друштво на разни животни (лав, тигар, лебед или елен).

Оваа божица најмногу била обожувана во планинските и ридските области. Исто така била и заштитничка на Амазонките, жени-воини, независни од мажите, кои ја обожувале. Со оглед на тоа што во минатото ловот и војната биле во тесна врска, во некои краишта Артемида станала божица на војната. Во Спарта, наводно и принесувале и човечки жртви, а после пред нејзиниот кип ги бичувале спартанските младичи, што било подготовка за искушенијата кои ги очекувале во војната. Како божица на месецот понекогаш ја изедначувале со божицата Селена, а нејзиниот брат Аполон со богот Хелиос.

Главната Артемидина занимација бил ловот. Ловела сама или во друштво со пониски богови и нимфи. Кога би се заситила со лов, одела кај својот брат во Делфе и таму би танцувала со Харите или би пеела со музите.

 “Дијана од Версај“ - музеј Лувр

Таа била осветољубива божица која ги казнувала сите оние кои би покажале непочитување. Истовремено, ги штитела ловците и поштените луѓе. Од митовите знаеме и за неколку нејзини вплеткувања во судбините на луѓето, кои ни даваат претстава за жена пред се со тврдо срце одколку со милостиво. На Микенскиот крал Агаменон, на пример, не можела да му прости што и ја убил кошутата и поради тоа речиси му го оневозможила одењето под Троја. Се смирила дури тогаш кога кралот и ја принел како жртва својата ќерка Ифигенија. Сурово го казнила тибетанскиот ловец Актеон кога при една прилика, сосема случајно, ја видел гола додека се капела на некој извор. Го претворила во елен и им наредила на неговите кучиња да го растргнат. Кога Калидонискиот крал Енеј еднаш заборавил да и приесе жртва, испратила во неговата земја огромен вепар, кој им ја уништувал летината и убивал луѓе. За да  го убиеле морале да се здружат сите калидониски јунаци, на чело со енејевиот син Мелеагром. Се зборувало и дека Артемида од љубомора го убила славниот ловец Орион. Позната е нејзината освета на тебанската кралица Ниоби, која ја навредила нејзината мајка, поради што и ги убила сите седум нејзини ќерки. Имало и случаи да се смилува на извинување или принесување на жртва. Од нејзиниот гнев, на пример се спасил Херкул, кој ја уловил нејзината омилена кошута.

Интересно е да се напомене дека за време на тројанската војна била на страна на тројанците и учествувала во војната на боговите, каде ќе се спротистави на Хера.

Иако нејзината убавина не била достојна на убавината на достоинствената и мудра Атена, ниту убавина на страствената Афродита, нити убавина на возвишената божица каква се истакнувала Хера, Артемида за грците сепак била идеал на женска убавина.

 

Weather

Mostly cloudy

25°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 46%
Wind: N at 22.53 km/h
Friday
Partly cloudy
20°C / 28°C
Saturday
Sunny
14°C / 32°C
Sunday
Sunny
17°C / 33°C
Monday
Thunderstorms
17°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

760732
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
430
513
2323
10587
760732

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-19 15:22:12
Web Analytics