Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

ПОТВРДЕНО: И волкот може да биде најдобар пријател на човекот

Posted by  Published in: Разно

 

Спореведените научни експерименти го поткрепуваат ставот дека волците имаат претходно постоечки капацитет за учење од социјалните партнери, а луѓето го искапитализирале тој капацитет уште пред 18 илјади години


Научните тврдат дека и волкот може да биде најдобар пријател на човекот. Игрите со криенка спроведени со припитомени волци од страна на научници покажаа дека и волците може да ги прават истите трикови како и кучињата, со што се доаѓа до нови сознанија во долгогодишната дебата за припитомувањето на најдобриот пријател на човекот.

 Експериментите спроведени од Австрискиот научен центар за волци, објаснети во минатонеделниот број на списанието „Граници во психологија“, го поткрепува ставот дека волците имаат претходно постоечки капацитет за учење од социјалните партнери- а луѓето го искапитализирале тој капацитет уште пред 18 илјади години.

-Ако земете волци и адекватно ги социјализирате уште од најмлада возраст, и работите со нив секојдневно, тогаш да, можете да ги направите да бидат кооперативни и наколнети кон луѓето -  вели Фредерике Рејнџ, истражувач од Месерли која работи во истражувачкиот центар при Универзитетот за ветеринарна медицина од Виена.

Рејнџ и нејзината колешка од Институтот, Зофиа Вирани, дизајанирале серија на игри со криење на храна за да ги проценат социјалните вештини на 11 северноамерикански сиви волзи и 14 кучиња.

Сите животни биле на возраст од 5 до 7 месеци, родени во заробеништво, ранети со цуцла и живеат во глутница. За време на секоја игра, пилешко месо било сокриено на една од трите локации на ливадата во паркот. Понекогаш и на волците и на кучињата им било дозволено да гледаат каде ќе биде сокрено месото. Понекогаш луѓето само се преправале дека кријат месо. А друг пат пак волците гледале додека кучињата го барале месото.

Волците и кучињата два до четири пати побрзо го пронаоѓале пилешкото месо кога претходно ги гледале луѓето каде го сокриле. Поретко го барале месото кога луѓето само се преправале дека го кријат. Тоа покажало дека ги разбирале суптилните навестувања на луѓето.

Кучињата исто така ги разбирале другите сигнали од други кучиња. Но волците следеле друга шема: тие не покажувале интерес за следење на демонстрацијата на кучињата. Рејнџ и Вираниј мислат дека тоа е така затоа што пред се волците можеле да насетат дека кучињата не ги интересирало месото откако ќе го пронајдат. Тие тврдат дека овие податоци се спротивни на претходните ставови за специјалните способности на кучињата.

-Постојат неколку хипотези за припитомувањето, вклучително дека кучињата за разлика од волците имаат социјални вештини, или тврдењто дека кучињата можат да ги прифатат луѓето како социјални партнери, а волците не можат Приказната не така едноставна- тоа можеме со сигурност да го кажеме- велат Рејнџ и Вираниј.

 

(Извор: /nbcnews.com)

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 73%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865477
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
283
536
819
12828
865477

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:36:44
Web Analytics