Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Нелегално ловен дивеч пронајден во возило на ЈП “Македонски шуми“

Posted by  Published in: Разно

 

Полицијата и инспекторите за лов во возило Лада нива сопственост на ЈП “Македонски шуми“ и во просториите на шумската куќичка на Осогово, по претхоно добиените сознанија за извршен нелегален лов на дивеч под заштита на падините на Осоговието затекнале 80 килограми месо од елен и дива свиња.

 

Вчера доцна попладне кај местото викано Белска раскрсница, полицијата заедно со инспекторите за лов по претходна детална проверка во возилото марка Лада нива сопственост на ЈП “Македонски шуми“, управувано од кочанчанецот 48 - годишниот В.Ч. пронашле 45 килограми месо од елен спакуван во најлонски вреќи.

По проверката и приведување на возачот, надлежните се упатиле до шумската куќичка во местото викано Пасаџиково. Во куќата го затекнале ловочуварот, 58 - годишниот В.М. од Кочани. При проверка, надлежните откриле 35 килограми месо од дива свиња, спакувано во најлон вреќи. Ловочуварот и возачот на џипот се приведени, а месото запленето.

Дали се работи за добро разработен нелегален синџир на лов на дивеч и продажба на месото по незаконски пат и остварување на нелегален профит, за кое добро упатените велат дека месото од дивечот на црниот пазар има доста висока цена, засега надлежните истражни органи не откриваат, за како што велат, во интерес на истрагата.

Weather

Mostly clear

19°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 64%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806036
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
401
509
3840
14301
806036

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-23 23:35:47
Web Analytics