Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Од весници и интернет портали

 

Која е врската помеѓу климата и финансиската страна на животот? Излегува дека се – дивите свињи. Минатата година осигурителните компании во Германија на возачите чии автомобили настрадале при судир со диви животни им исплатиле рекордни суми од дури 583 милиони евра! Дивите животни периодично се удирани од автомобилите. Но бројот на овие случаи драстично се зголемил.

СВР Битола поднесе кривична пријава против грчките државјани П.Г.(54), Х.М.(48) и П.Г.(27), за сторени кривични дела „недозволено преминување на државната граница“ и „незаконит лов“.

Во петокот, на местото познато како „Ниска пресека“ во непосредна близина на македонско-грчката граница, од страна на ловочуварската служба на ловиштето „Ниџе“, беше фатена група од тројца ловокрадци, граѓани на Република Грција.

 Ловџии од ловното друштво "Скоруш" од селото Куклиш по препорака на Министерството за земјоделство тргнале да направат хајка за лисици, но наместо на лисица наишле на глутница волци. И покрај тоа што не ги очекувале, не биле изненадени, па реагирале брзо и успеале да застрелаат еден од нив, пишува Вечер.

- Тоа се случи рано наутро кога учениците заминаа за селото Свидовица. Ние бевме излезени на лов во организација на ловното друштво од Куклиш, бевме на хајка и го застрелавме волкот. Волкот е стар четири-пет години, се гледа дека е голем, вели ловџијата Зоран Темелков.

Триесетгодишниот Љупчо Симонов од Кратово направил несекојдневен подвиг кога се соочил очи во очи со прегладнет волк и со секира го убил крволочното животно. Настанот се случил пред неколку дена, на празникот Св.Архангел Михаил, кога Љупчо тргнал претпладне во селото Горно Кратово (месност Крива Јабука) за да ја намири стоката. Кога се приближил кон трлото, забележал дека животните се вознемирени. Набргу налетал на растргнат зајак и во тие мигови започнала драмата.

 Три сообраќајки, во кои автомобили удриле во животни, се случиле завчера на ав­то­па­тот Тетово - Гостивар. Според полицијата, во несреќите нема повредени лица, а причинета е само голема материјална штета. Првата сообраќајка се случила око­лу 3 часот и 30 минути.

На автопатот, во близина на наплатната рампа Тетово, пат­нич­ко возило "ауди" со гостиварски таблички, управувано од дваесет и две­го­диш­ни­от Е.Н. од Чајле, удрило и усмртило дива свиња. Штетата на возилото се про­це­ну­ва на околу 20 илјади денари. На истото место, околу 9 часот и 30 минути, пат­нич­ко возило "форд галакси" со гостиварски регистарски таблички, управувано од 50-го­диш­ни­от Б.Џ. од Беловиште, налетало на куче. Материјалната штета во оваа нес­ре­ќа се проценува на 5000 денари. Третиот судир се случил во близина на над­воз­ни­кот за Градец, вечерта околу 23 часот. Овој пат патничко возило "фолк­сва­ген пасат", управувано од 40-годишниот Л.А. од Шемшово, удрило во зајак. Ош­те­ту­ва­ње­то на возилото се проценува на над 20 илјади денари.

Веста за отруени ловечки кучиња и птици во реонот на Трибор во Ловиштето „Рожден“ првично ја откриваат ловци кои веднаш го информираат Министерството за животна средина, претседателот на Здружението за заштита на природата „Аквила“ од Кавадарци, Томе Лисичанец, кој изминативе неколку дена ја алармира кавадаречката јавност и организира акција да се направи увид на самото местово со присуство на инспектори од крим полицијата при МВР-Кавадарци.

Page 2 of 2

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698414
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
237
544
781
15958
698414

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:51:43
Web Analytics