Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Масовно труење на Козјак Планина

Posted by  Published in: Од весници и интернет портали

Веста за отруени ловечки кучиња и птици во реонот на Трибор во Ловиштето „Рожден“ првично ја откриваат ловци кои веднаш го информираат Министерството за животна средина, претседателот на Здружението за заштита на природата „Аквила“ од Кавадарци, Томе Лисичанец, кој изминативе неколку дена ја алармира кавадаречката јавност и организира акција да се направи увид на самото местово со присуство на инспектори од крим полицијата при МВР-Кавадарци.

 

Кон пријавата за масовно труење, се придружи и Шумското стопанство „Бор“ од Кавадарци по што на 9. октомври е направен увид на самото место.  Пронајдени се  мртвите тела на пет ловечки кучиња, еден Сур орел кој е заштитен и загрозен вид, остатоци од пет гаврани и еден јастреб.Покрај мртвите животни и птици пронајдени се и собрани мамци со отров ( уши, нозе и кожа од домашна свиња). Надлежните од Шумското стопанство „Бор“ пронашле и собрале поголема количина затруени мамци кои ги зеле за анализа и на тој начин спречиле многу помасовно труење.

-Најверојатно станува збор за многу јак отров од прва категорија бидејќи смртта кај  вкочанетите кучиња и птици настапила веднаш по каснувањето на мамецот што можеше да се забележи на увидот. Точно за кој отров станува збор можеме да кажеме од понеделник по завршувањето на анализите- вели Стојанчо Волканоски инспектор по криминалистичка техника.

-Нас многу не загрижува оваа појава токму на овој простор затоа што под селото Витолиште се наоѓа најголемата и последна колонија на белоглави мршојадци во Република Македонија кои што се европска и светска реткост и се меѓународно заштитени птици. Доколку овие птици дошле до затруените мамци или мршите од затруените животни можело да дојде до голем помор и еколошка катастрофа за македонскиот биодиверзитет бидејќи овие мршојадци се на врвот на пирамидата на исхрана- вели Томе Лисичанец.

Доколку ваквото труење  се случеше во периодот на гнездење штетата би била уште поголема бидејќи со секоја мртва птица ќе биде загрозен и нејзиниот потомок.

-Овој немил настан сакам да го искористам уште еднаш да укажам дека практикувањето на труење создава далекусежни последици на целиот животински свет при што во некои случаи угинуваат цели колонии на птици и во природата се создаваат многу тешки егзистенцијални проблеми кои ја нарушуваат природната рамнотежа на исхраната и меѓусебната зависност на сите живи суштества. Особено кога се користат вака силни отрови труењето е верижно односно повеќекратно бидејќи мршите ги јадат други животни или мршојадци а нивните мртви тела други животни и така натаму додека не се разблажи отровот- вели Лисичанец. Тој истакна дека по увидот истрагата треба да продолжи, да не се случи како многупати досега да нема кој да ги плати анализите и да не се открие за кој отров станува збор а  со тоа автоматски да се оневозможи истрагата да се пронајде сторителот.

 

  

 

 

Автор:Мирјана Мукаетова

Фотографија:Мирјана Мукаетова

Превземено од : http://www.novamakedonija.com.mk/

 

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 61%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842787
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
225
731
3293
10372
842787

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:48:37
Web Analytics