Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Илјадници радиоактивни диви свињи прават штети околу Фукушима и никој не знае како да ги сопре

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

Мутирани инсекти, расипани роботи за спасување, напуштени училишта, тоа е денешната слика на евакуираната зона Фукушима – местото на најголемата кастастофа во 21-от век, без никакви знаци дека животот наскоро би можел да се обнови, барем што се однесува до луѓето.

Но, ова се чини дека не важи за дивите свињи. Тие наводно живеат во евакуираната зона околу нуклеарната централа Фукушима Даичи која беше оштетена од цунамите во 2011 година и ги напаѓаат посевите на околните фарми, предизвикувајќи штети што ги чинат фармерите повеќе од 900.000 долари.

Во нормални услови, локалните ловџии би го одржувале бројот на диви свињи под контрола, со оглед на тоа дека свинското, вклучувајќи го и месото од дивите свињи е „најомиленото месо на нацијата“.

 Но, проблемот е што дивите свињи се контаминирани со радиоактивен цезиум 137 (со време на полураспаѓање од 30 години) преку јадењето растенија и мали животни од загадената зона, па ловџиите сега не сакаат ни да им се приближат.

Заради зголемената репродукција во напуштената зона, популацијата на диви свињи после катастрофата се зголемила за 300 проценти – од околу 3.000 на околу 13.000 и сега тие прават огромни штети на околните фарми.

Локалните власти мака мачат како да се справат со овој проблем. Ловџиите би можеле да го намалат бројот на свињите, но што да се прави со труповите, со оглед на тоа дека една дива свиња просечно тежи околу 90 килограми. Значи ако се убијат 13.000 свињи тоа би значело 1.179.340 кг потенцијално опасно месо кое би требало да се уништи.

Ловџиите досега ги фрлале убиените диви свињи во три гробници направени за таа намена во близината на градот Нихонматсу, но тие можат да соберат само околу 600 од овие животни и тие брзо се полнат.

Најлогично решение откако овие места ќе се наполнат би било останатите тела да се запалат, но палењето на радиоактивните тела мора да се врши во специјални објекти кои можат да ги филтрираат радиоактивните материјали за да се спречи нивно ширење во околината преку честичките од чадот. Според „The Washington Post“ таков објект постои во близина на градот Сома, но има капацитет за само три свињи дневно (или 1.092 годишно), но засега ова е најдоброто решение до кое успеале да дојдат локалните  власти.

Радиоактивните диви свињи не се единствената закана со која властите во Фукушима треба да се справуваат. Сѐ уште има многу контаминирана вода што протекува од нуклеарната централа и никој со сигурност не знае како да се ослободат од радиоактивниот тритиум што го вадат од неа.

Едно е сигурно, ова еедна од најголемите катастрофи со кои се соочува човештвото и ќе бидат потребни години пред овој кошмар да заврши и луѓето да можат да се обидат да живеат во таа област. Да се надеваме дека науката наскоро ќе понуди некои одговори.

 

 Извор: enauka.mk

 

Weather

Scattered showers

16°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 97%
Wind: W at 6.44 km/h
Tuesday
Scattered showers
20°C / 31°C
Wednesday
Partly cloudy
17°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
16°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
17°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

758472
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
63
587
3439
8327
758472

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-16 02:37:11
Web Analytics