Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Лани над 40.000 странски и домашни ловџии посетиле некое од 250 ловишта во земјава

Written by  Published in: Од весници и интернет портали

Ловството во земјава станува сериозен бизнис. За една година од концесии на државна сметка легнале околу 17 милиони денари, а ловиштата ги посетиле околу 40.000 ловци. Од 256 ловишта регистрирани во државава 250 имаат постојан концесионер. Подмладок од елени лопатари, потполошки и фазани има доволно во речиси сите ловишта. Најтешко се доаѓа до подмладок од срни и концесионерите побарале нивниот број постепено да се зголемува од година на година. Дека ловството покрај задоволство е и бизнис, доволно говори податокот дека се повеќе успешни фирми од други области земаат под концесија ловишта. Во Министерството за земјоделство велат дека од пред извесно време концесиите се доделуваат електронски.

 

Исплатлив бизнис

- Ловството во Македонија за кратко време доста се разви. На ловиштата има домашни, но и странски посетители. За ова говори и податокот дека за една година над 40.000 ловци ги посетиле ловиштата низ земјава. За десет години бројката е двојно зголемена. Ако во 2005 година сме имале само 20.000 ловци годишно. Лесно може да се види развојот - вели Војо Гоговски државен советник за шумарство и ловство во ресорното министерство. Според него, електронската аукција има многу позитивни ефекти.

- Концесијата ја добива оној што ќе даде најмногу пари. Се случува почетната цена да биде 300.000 денари, а да достигнедо три милиони денари. Лани имаше 11 ловишта за кои истекуваше договорот, за едно немаше понуда, а за две аукциите беа поништени бидејќи имаше непотполна документација. За годинава останува да се поделат уште петнаесетина на кои им истекува договорот - вели Гоговски.

Со новиот Закон за ловство, на концесионерите им се укинува можноста да не плаќаат концесија. Должни се долгот кон државата да го намират до крајот на јуни, а за следнага година мора да остават банкарска гаранција.

- Ако не го намират долгот навреме, им се активира гаранцијата. Автоматски им се прекинува и концесијата и ловиштето оди на електронска аукција и добива нов сопственик - велат во ресорното министерство.

 

И на дивите животни им треба храна

Најголем број ловишта има во Скопско, а ги има и во околината на Демир Хисар, Крушево, Неготино, Кавадарци, Берово, Свети Николе, Куманово, Струга, Кратово, Ресен, Кичево, Радовиш и Велес. Повеќето од ловиштата се за ситен дивеч, но има доволен број и за крупен. Времето на концесија за крупен дивеч е 20 години, а за ситен 10 години. Секој концесионер е должен да има развојна програма за ловиштето, односно треба да вложува во изградба на хранилки, поилки за дивечот, складишта за храна. Исто така ловиштата треба да се обележани. Секоја година работата на концесионерите ја контролира Државниот инспекторат за шумарство и ловство. При евентуално утврдување неправилност во работењето, се дава определен рок за нејзино отстранување. Ако тоа не се стори, се поведува постапка за одземањена концесијата.

 

ХРВАТСКА ОД ЛОВЕН ТУРИЗАМ ЗАРАБОТУВА 12 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО

Најдобро организирани ловишта од кои можеме да учиме во регионот се ловиштата на Хрватска, кои годишно од ловен туризам заработуваат 12 милиони евра. Таму најубавите ловишта со кои под посебен режим стопанисувала државата и во бивша СФРЈ и каде што ловеле само привилегираните личности, им се дадени на домашните организации и претпријатија што се бават со ловен туризам. Романците и Бугарите во ловиштата околу Дунав од ловен и риболовен туризам заработуваат половина милијарда евра годишно.

Екслерти велат дека Македонија, ако сака да го развива ловството како стопанска гранка, и според регулативата на ЕУ, мора да ги уреди ловиштата и да обезбеди услови за спортски и за стопански лов.


Превземено од: www.dnevnik.mk


Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818399
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
312
586
1421
9238
818399

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 08:27:48
Web Analytics